Утврдување на минимална плата од 160 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Точно така.

Некој ќе рече дека парите на газдата се негови и може колку што сака да им дава нив. Но тоа не е така. Тие не се негови пари, туку тие пари се од тоа што скратува од НЕРОДНИНИТЕ. (Од тоа што им дава мали пари нив и од тоа што не им плаќа пензиско и здравствено осигурување).

Еве таков е и мојот пример каде што јас 8 часа рмбам за 8000 денари,а мојата колешка која е сестра на газдата со 4 часовно работно време зема 15000. И тоа по принцип нишај врата земај плата.

Ако фатам да набројувам слични вакви примери ќе треба да го искористам максималниот број на карактери за еден пост.
 
За неплаќање осигурување си има трудова инспекција.Иако во идеален случај работникот треба сам да си бира каде и какво осигурвање сам ќе си плати а не државата да одлучува. А тоа што сопственикот одлучил на некој да му плаќа повеќе е само негова одлука. И тој ќе ги сноси последиците, деморализирани работници, директни материјани трошоци (нереална плата).
 
Која трудова Инспекција бе???
Знаеш ли каква е шемата за контрола на Неосигураните Работници/??

Еден ден пред да дојдат Трудовите Инспектори пред тоа унапред ќе му се јават на газдата...
И тој ден Газдата на неосигураните Работници ќе им рече вие денеска да не идате на работа...

Или пак евентуално ако го фатат Трудовите Инспектори газдата каде што има неосигурани работници ќе ги подмити со тоа што ќе ги однеси во некоја кафана на свинско и јагнешко печење и никому ништо...
 
А `бе` `бе`. Криви ја инспекцијата а не твојот газда.
 
Дечки колку и да разговараме за Минимална плата јас мислам дека на крајот Капитализмот кај нас ќе си дојде на нормала и ќе биде далеку подобар од ДРЖАвНАта КАЛАКУРНИЦА а еве и зошто,

-сами ќе си плаќате здравствено по избор,
-сами ќе си го одредувате работно време ,
-ќе имате скратено работно време да речеме 6 - 8 саати
-синдикатот ќе биде организиран
-газдите ќе научат да работат
и
Најважно платите ќе бидат далеку поголеми од Државните.

Само Владата мора да го реши проблемот со партиската администрација и гласачко тело.Ја изгубија битката се виде дека со уцени нема резултат.

Ако сакаме да влеземе во ЕУ тоа ќе мора да го направиме .

Знаеме дека некој од вас се моч/лат за државна работа ама ЕГО трипот ќе ги заебе,

Како беше она гранката сами си ја сечеме ,знаеме дека сите сакате да не одите работа а на сметка да ви стигаат пари да може да си ги носите вашите деца во Грчка и Шпанија и да правите муабети за телефони и коли ама и кај вас ќе заигра мечката .

Тогаш ќе го видам Вашиот индивидуализам како ќе се справите.

Или да видам дека некој Државник направил некое добро дело помогнал во БИЗНИСОТ завршил некоја работа се отворила фабрика ,барем да направил дете итн...........

Капитализам - Скржава Администрација 10-0.:drk:
 
Против утврдување на минимална плата без разлика на кое ниво е таа ставена! Воведувањето на минимална плата ќе ја зголеми невработеноста еве на пример да кажеме дека минималната плата ќе биде 160 евра а има лица кој се спремни да работат да кажеме и за 100 евра е сега бидејќи законот налага минимална плета од 160 овие лица би биле присилно неврботени. Или да погледенеме на другата страна сопстевиците на фирмите ќе нпраават опуштања затоа што не би можеле да го поднесат дополнителниот товар кој им го наметнува државата. Колку што знам ретки се земјите со утврдена минимална плата зошто ли ни треба?
 
Колку што знам ретки се земјите со утврдена минимална плата зошто ли ни треба?

Не знаеш доволно.
Ретките се земјите без утврдена минимална плата:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_minimum_wages_by_country#cite_note-CRHRP-2009-3
Причината е едноставна: Да се заштитат правата и достоинството на работниците, т.е. да не се дозволи тие да се претворат во робови како што е ситуацијата кај нас. Илјадници луѓе работат за 6-8 илјади месечно. Тие пари се доволно за да си обезбедиш превоз и храна за да можеш еден месец да му работиш на работодавачот. Односно ако се одбијат трошоците работниците работат за без пари кај "газдите".

Минималната плата означува - минималниот дел од вредноста на било кој производ кој треба да отиде кај работникот, а притоа тој да не се постави во несоодветна (робовска) и недостоинствена положба. Едноставно - да не се дозволи работникот да биде измамен.

Разликата од ситуацијата денес и пред 2000 години е што работниците-робови можат сами да си го изберат робовладетелот-работодавач. Тогаш било обратно и работодавачите можеле да си ги избираат робовите.
 
Цената на трудот е пазарно определнена т.е. однос меѓу понудатат и побарувачката. И неможе да е минимална и максимална. Самиот пазар кажува колку е таа. Ако се стави минимим. Тогаш се затвараат одредени работни места кој се под тој минимиум и се зголемува невработеноста. Второ со вештачки зголемена цена на трудот се уништува конкурентоноста на одредени производи. Се намалува извозот и зголемува трговскиот дефицит.Може дури и да се предизвика блага инфлација. Кој е неформален данок за сите и го уништува животниот станрад на народот. Минималната плата ги погодува најсиромашните и најобесправени слојови лишуваќи ги од работно искустов и едукација на работното место-јоб треининг(н (најголем дел се слабо или никакво овразование) а, ова создава поголеми социјални проблеми за најранливите слоеви на општеството на кој наводно треба да им помогне.
Трудот е само една ставка во цената на производот и тој како и материјанитоте трошоци мора да биде најефтин можен за да се добие најконкурентен производ. Ако сакаме МК да мирдне економски не ни треба минимална плата тоа ќе го задуши и онака малиот економски раст.
 
Ако тоа е така зошто тогаш вработените во Државната администрација не земаат помала плата од 9000ден + придонеси значи има некој минимум кој мора да биде ИСПОЧИТУВАН за да кажеме ПЛАТА.

ако е така тогаш сите ќе даваат по 500 ден за мастики.
А за економија ПОБАРУВАЧКА е мала споредено со ПОНУДАТА и нема БИЗНИС .МАЛА ДРЖАВА сме стефус - рефус.

Имаме голем ГОЛЕМ проблем
 
Се додека има луѓе што прифаќаат да работат за 5-6 илјади ќе има и газди што го злоупотребуваат тоа. Едноставно треба да се одбива работење за таа сума и готово. Ако газдата не може да обезбеди 10 илјади плата за вработен тогаш не заслужува да биде газда
 
Треба да се работи на понудата. Понудата се зголемува кога се отвараат нови можности и пазар за капиталот да се оплодува. Намали даноцо давачки , скини регулатива и имаш поголема понуда на работни места.
 
Се додека има луѓе што прифаќаат да работат за 5-6 илјади ќе има и газди што го злоупотребуваат тоа. Едноставно треба да се одбива работење за таа сума и готово. Ако газдата не може да обезбеди 10 илјади плата за вработен тогаш не заслужува да биде газда

Должност на државата е да ги штити своите граѓани да бидат експлоатирани (замисли приказна: Ако лицето Х посака да биде убиено од лицето У, дали после убиството државата има должност да го третира У како извршител на злочин??).

Инаку подобро е да немаме работни места или производствени погони каде се произведуваат производи чија цена и пласман не може да обезбеди достојна заработувачка за вработениот. Државата е должна да поттикнува отворање работни места кои обезбедуваат повисоки примања и да не се остави во ситуација индустриските гранки кои вработуваат најголем дел од работоспособното население да бидат оние кои се карактеристични за третиот свет.
Јасно е дека само обичните работници, а не канцерозната администрацијата може да ја крене економијата на нозе, но тие не би успеале да го сторат тоа дури паралелно со растот на производство и извоз, единственото што се зголемува се платите на административците и директорите. Соодносот на платата некогаш е 10:1 во полза на готованите.
 
Не сум целосно запознаен во целост со законот за работни односи зошто живеам во Австралија.
Ке ви пренесам овдешните закони
Овде има минимална плата базирана на неделно 40 сати работно време со што е одредена мин сатница.
Која важи за полно работно време со решение за работен однос со рабодавателот.
при кој те следуваат 20 дена годишен одмор и 10 дена приватно платено боледувајне плус платени празници,а после навршени 15 год на сервис те следува 60 дена одмор за континуирано вработувајне.
Овде работодавачот плака бруто сатница од таја сатница после се плаќа персонален данок кон државата во кој е срачунат здраствено и социално.Плус на тоа работодавачот мора да плаќа плус %9 од бруто плата во номиниран приватен пензиски фонд од вработениот. Исто има закон за одпремнина ако те испушти од работа како технолошки вишок или поради намалувајне на работници. После една година сервис те следува мин 2 плати по год сервис со мах 20 плати.Овие се минимум услови за работен договор а сидикатот можи да се избори и за подобри ако се договори со работдавчите.
Но има исто мин сатница за сезоско или нанеодредено време вработувајне.Работавачот мора да плака минимална сатница плус %25 зголемувајне плус %9 проценти во пензиски фонд ама не обврзан да те плаќа за денови што не работиш и може да те испусшти од работа во секое време не треба да ти плаќа отпреминина или одмор и државни празници.

Во Макдеонија треба да се воведи минимална сатница а не плата затоа што има работни места што не не се под полно работно време.
 
Го најдов овај линк на кој сите европски земји со минимална плата
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_sovereign_states_in_Europe_by_minimum_wage
Не ме сваќајте погрешно сакам сите да си земате што поголеми плати да се крени животниот стандард но во предвид треба да се земи и стопанството да не стане не конкуретно со земјите оклу нас податоците се малку стари од 2010
со оглед ако податоците се коректни минимална плата по мое најмаце треба да 140 евра бруто плата.
unexp_graphshot11_llt.jpg

http://www.unitedexplanations.org/2011/01/25/minimum-wages-in-europe/
 
Браво за постот,ама Македонија е како предградие да речеме Њујорк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom