Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Eeeeee одличен пример за економски раст од 0% ни се Францизитите или Грците имаат 14 плата и најкратко работно време и секој 2 ден се на штрајк.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
каква куповна мок бе 160евра пари ли се со ке купи со тие пари не може само сметките да ги плати башка не може некој да зема по 1000е плата е друг да не мозе крај со крај да врзе. Да не забрави дека токму тие кои земаат најниски плати тие ја двизат економијата бидејки тие финалните матријални добра кои и имат најголема цена ,оние кои вршат услуги како администрацијата лежат на грбот на матријалното произвотство а зимаат најголеми плати е тука е решението да се намали платата на услужниот сектор оној под дрзавна капа а да се одреди мин. на производниот сектор и не на 160 него на 190евра и тогаш ценовната инфлација нема да се јавиВо земја каде секој трет работоспосебн е невработен, каде имаш широк спектар и избор на потенцијални работници, не знам дали можеш тукутака да утврдиш најниска плата од 160 евра. Економски неодржливо е, барем во моменталнава ситуација. Кој работодавец би се согласил да дава најниска плата од 160 евра на еден човек кога за истата може да најде двајца работници?
Друго би било прашањето ако имаме едноцифрена стапка на невработеност.
Плус, ова утврдување на најниска плата носи и ризик од инфлација на цените, со покачување на платите се зголемува куповната моќ, расте побарувачката, се покачува цената на понудата. Едноставно, нели?
Уште неседнати на заедничка маса за да преговараат за минималната плата, социјалните партнери се разидоа во ставовите. Владата и Сојузот на синдикати на Македонија една недела пред изборите усно се договорија дека во државава наскоро ќе се утврди минимална плата од 160 евра. Толку пари би биле доволни за да му обезбедат пристојна живејачка на едно семејство. Но, работодавците, како што е со години, нејќат да чујат. Всушност, сите досегашни иницијативи на Синдикатот за утврдување на минималецот не можеше да се спроведе затоа што работодавците секогаш остро се спротивставуваа на таквата идеја. И сега излегоа во јавноста со став дека нема шанси минималецот да биде повисок од 7.000 денари, или колку што изнесуваат три просечни суми на социјална помош за двочлено семејство. Така соопштија од Организацијата на работодавци при Стопанската комора. Притоа најавија дека ќе бараат од социјалните партнери детални анализи за да се дефинира дали минималната плата треба да биде загарантирана, без разлика на ангажираноста на работниците во различни дејности.
На слично мислење се и од Здружението на работодавци. Според претседателот Димитар Стојановски, истовремено и директор на битолска „Трикотажа Пелистер“, со колективен договор на ниво на дејност минималецот во текстилот изнесува 5.500 денари и тоа се применува во практика. Тој вели дека работодавците немаат против воведување најниска плата во државата, но таа не смее да биде унифицирана за сите дејности.
„Наше мислење е дека минималецот не треба и не може да биде еднаков за сите. Не е исто кога тој се исплаќа во текстилот и во банкарството, на пример. На профитабилните дејности не им е проблем да ја исплаќаат минималната плата, за разлика од нискодоходовните. Ако се сака воведување минималец на ниво на држава, власта ќе треба на некој начин и со одредени мерки да им помогне на фирмите со пониски профити за да можат да го издржат тој финансиски товар. Треба да им се создаде амбиент за подобро работење на нискоинтензивните гранки “, вели Стојановски. Тој потенцира дека ова прашање мора да се стави на дневен ред на Економско-социјалниот совет и таму да се донесе заедничка одлука. Можно ли е Владата и Синдикатот наспроти ставот на работодавците, да одлучат самите за минимална плата?
„Секако. Владата и Синдикатот можат да донесат одлука без наша согласност, а тоа би морало да биде со законско решение. Ако се случи такво нешто, тоа е спротивно на конвенциите на Меѓународната организација на трудот и на Европската унија. На тој начин би се узурпирала спогодбата меѓу социјалните партнери со која сите се обврзани за економски прашања да расправаат и да одлучуваат на седница на Економско-социјален совет. Одлуката за минималецот мора да се донесе низ социјален дијалог“, нагласува Стојановски.
Синдикатот, пак, цени дека минималецот од 160 евра е утврден врз основа на повеќе параметри и дека неговата висина е слична како во соседните држави. ССМ смета дека некои трудоинтензивни гранки што нема да можат веднаш да ги приспособат ќе имаат шанса со определена динамика во рок неколку години да ја воведат минималната плата.
Додека социјалните партнери со години се натегаат околу ова прашање, во одредени дејности минималецот е решен на ниво на колективни договори. За жал, засега само во неколку дејности го има тоа. Тоа се текстилната, здравството, градежништвото, образованието и банкарството. Во градежништвото е утврден минималец од 5.200 денари, а Синдикатот за градежништво преговара за негово зголемување за 25 проценти.
Инаку, највисока минимална плата во ЕУ има Луксембург, 1.642 евра, а најниска во Бугарија, 123 евра. Во Србија таа е 157 евра, додека во Албанија - 210 евра. Од новите членки на ЕУ, најголема минимална плата од 589 евра има Словенија, а во Хрватска таа е законски одредена на 385 евра.
Никој не те тера да работиш и онака има 30% невработеност. Нови фирми `ич` не ни требаат.Стварно ова ви е ептен капиталистички и всушност зборувате само дека треба претприемачите да се прехранат а работниците нека работат понекогаш и без земање на 10 месеци плата.Ама важно е дека треба да преживеат богаташите.
Буржоаската реплика гласи „Никој со сила работникот не го тера да работи за 6000 денари“.
Е сега некој ќе рече Ако се воведе минимална плата на Газдата ќе му пропаднат плановите за да го прошири бизнисот (Пример ако има 100 вработени да го прошири погонот за уште 100 вработени).
Или пак да отвори некоја нова фирма.
Но работникот воопшто не треба да го занима тоа дали ќе му пропадни планот или не. Ако сака уште 6 Фабрики нека отвори ама нека му го даде на работникот она што му следува...
Точно е тоа дека со воведување на минимална плата ќе му пропаднат плановите на газдата за нов бизнис, ама како што работодавците велат никој со сила не тераме да работи така јас викам:
„Никој со сила на Газдата не го тера да отвори нова фирма“.
За да отвори некој газда нов погон, потребно е да вработи нови луѓе кои сепак се одреден трошок, ама новиот погон ќе му обезбеди и нов прилив на пари, а кај нас газдите сакаат со истите трошоци, т.е луѓе да го зголемуваат обемот на работа а со тоа и профит и многу, или скоро ич да не го зголемат нивото на трошок, т.е еден човек да работи за тројца а да би зимал плата за 0.5, за нормално газдата да оствари профит, што е можно повеќе, па ако треба и данок да не плати бидејќи и тоа е трошок.Никој не те тера да работиш и онака има 30% невработеност. Нови фирми `ич` не ни требаат.
Тоа е тоа што помали трошоци а поголем приход еднаво поголем профит. Тоа е и смислата. А дали ќе може квалитетно да го произведува тоа ќе го каже пазарот.За да отвори некој газда нов погон, потребно е да вработи нови луѓе кои сепак се одреден трошок, ама новиот погон ќе му обезбеди и нов прилив на пари, а кај нас газдите сакаат со истите трошоци, т.е луѓе да го зголемуваат обемот на работа а со тоа и профит и многу, или скоро ич да не го зголемат нивото на трошок, т.е еден човек да работи за тројца а да би зимал плата за 0.5, за нормално газдата да оствари профит, што е можно повеќе, па ако треба и данок да не плати бидејќи и тоа е трошок.
Не е тоа работата, работата е ако газдата не е спремен за да зголеми обемот на работа а со тоа и бројот на вработените за да не го прекрши законот кој вели дека работникот има 40 часовна работна недела тогаш никој не го тера да го зголеми, што добива работниот од тоа дека газдата ќе оствари поголем профит ништо, само повеќе работаТоа е тоа што помали трошоци а поголем приход еднаво поголем профит. Тоа е и смислата. А дали ќе може квалитетно да го произведува тоа ќе го каже пазарот.
Има инспекции нека си вршат работа. Инаку добива и работникот од тоа бидејќи тој е и консумент на производи. Поефтини и поквалитетни производи секогаш се добре дојдени.Не е тоа работата, работата е ако газдата не е спремен за да зголеми обемот на работа а со тоа и бројот на вработените за да не го прекрши законот кој вели дека работникот има 40 часовна работна недела тогаш никој не го тера да го зголеми, што добива работниот од тоа дека газдата ќе оствари поголем профит ништо, само повеќе работа
Да ама во законот има една глуп член кој вели дека доколку работата тоа го бара, потребно е да се останува прекувремено, а прашање е кога нема работа, секогаш има, ако газдата нема работа ќе им даде отказ на сите работници. Така да инспекциите се ставени во јамка. Да работникот рмба да може после сета плата што ја заработил, да најде време во денот да ја потроши кај газдата. приказни за мали деца раскажуваш.Има инспекции нека си вршат работа. Инаку добива и работникот од тоа бидејќи тој е и консумент на производи. Поефтини и поквалитетни производи секогаш се добре дојдени.
Тоа зависи од Газдата, само работата е што тие земаат плата на сметка на овие кои работат повеќе, мене не ми пречи ако во фирмата газдата има роднини и си земаат плата и плус не се замараат со работа, а со тоа ни тебе не те замараат т.е си ја работиш твојата работа како што треба. Пречи ако тие саати кој остануваат од нив некој друг ги одработува за ич пари, а и крај краева Газдата треба да заработи пари а не да вработува луѓе кои не работат, ама ние кај нас тоа грешка си го сваќаме и за тоа ретко да видиш некоја успешна фирма т.е фирма во која луѓето се тепаат за да одат да работатА дали заслужуваат Роднините на Газдата 15000-16000 плата и повеќе којшто работат 3-4 часа по принцип „Нишај врата земај плата“ и плус имаат основно образование или евентуално три години средно???