Утринско расположение

Посебно сум расположен кога ми е надрвен насабајле
 
Кога станувам за у школо од сабајле сум ептен нервозен,али тоа трае едно 5-10 минути дур не се освестам,а после сум супер расположен.

А, за викенд, тоа е веќе посебна приказна. Станувам кога сакам(освен кога немам утакмица) и сум секогаш расположен.
 
До пред извесен период станував одма само што ќе ми заѕвонеше алармон но сега ми ѕвони и алармот и моите ме стануваат со молење...:nesum:
 
Веднаш станувам ако имам некои обврски и првата реченица што ја кажувам е ,, леле кога ќе се вратам дома има да се изнаспијам'':icon_bigg иначе што се однесува до раположението па ОК сум расположена или пак зависи од тоа што ме очекува:icon_bigg
 
Ако имам кафе и цигари ќе биде убав ден, ако немам, ги жалам луѓето што се во моја близина.:шмизла:
 
Секогаш кога ќе станам расположен и после кога ќе ми текне на проблемите и ми пропаѓа се.:toe:
 
тешко се будам јас (sleepy person :pos2:) ако има кафе се е ок
 
Со оглед на тоа што секогаш(скоро секогаш) сум насмеана и расположена, таква сум си и кога ќе станам...добро од кога ќе се расонам:) Ама и се дешава да бидам и нервозна кога знам дека има некој тест, испрашување и посебно кога не сум наспана. Поточно во такви моменти само ќутам, ама ако ми спизди некој нешто го наебал на велико.:kesa:
 
Скоро секогаш кога станувам сум во добро расположение :) Станувам, свиркам пеам, али после пак ме фаќа спанка и ми треба уште пола саат (таман дур стигнам до факс:)) за да се расонам целосно и во тие моменти сум премногу ќутлив :pipi:
 
Лошо утро би имал само ако сум пиел од вечерта т.с сум претерал салам или ако времето е тмурно , темно или ако сум нешто од вечерта скаран со љубовта . Иначе секое утро сум насмеан зашто ме буди еден прекрасен глас и ми кажува дека ме сака :smir:
 
Хмм епа вака ... расположението во првите секунди од утрото зависит од то кој ден е и кој ме будит ... иначе секое утро го започнувам со многу позитивна енергија и музика :smir:
 
Во секој од тебе синко, живеат бел и црн волк. Белиот е оптимизмот, надежта, вербата, храброста, мирот, радоста, искреноста, љубезноста...
Црниот - злобата, зависта, песимизмот, каењето, тагата, самосожалувањето...
- Кој од нив ќе победи дедо?
Оној што ќе го храниш!

Е така, секое утро имаме избор за нашиот светоглед. Од едната страна на наткасната се розовите, од другата црните очила. Оние што сакаат нешто да сменат во денот кој им претстои, наутро ги ставаат оптимистичките очила. Оние што само сакаат да се „шмугнат“ низ денот, конформистички како и половина свет, не се ниту важни.

Секое утро се будам без мака и со желба да го зграпчам денот и сите позитивни детали од него :).
 
Стандард ми е да направам два - три пати снуз зошто сум го ставила да ѕвони пола саат пред стандардниот аларм и се будам полека. Кога ќе станам обавезно одам до вц и кога ќе излезам сум будна и спремна за се`. Има денови кога не местам аларм и си се будам сама е тогаш ми е најубаво... опуштено и релаксирано . Во случај да ми се развика мајка ми уште кога ќе ги отвори очите ,ееееее тогаш целиот ден претрпува последици.
 
Obicno sum raspolozena,treba so glavobolka da stanam pa da ne sum kako so treba
 
сеа коа не сум во школо си се будам многу убаво и сум мн расположен ама после доаѓа пеколот така да расположението опаѓа се до вечерата па после повторно се зголемува :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom