Утринско расположение

I'm not a morning person...unless it involves me being awakened by a lovely girl giving me full cowgirl procedure!!

Но, после втората абортуша (јако, дупло еспресо или топло нес бе змлеко и шеќер), од немукает и морање, станувам, одам да бркам работа.
 
Не ме нервира звоното на алармот и расположението ми е исто како и во текот на целиот ден-весело.
 
зависи за што е планиран денот ако ми е за нешто интересно ми е топ, ама ако е безврска денот тогаш едвај станувам од кревет
 
Koga moram da stanam ne zboram kutam i edvaj mi se otvoreni ocite i mi se poduvani hahah, od koga ke se sredam vo wc se e podobro :pipi:
 
Кога треба да станам за на факултет, го навивам саатот уште во 6ч. за да се расонам до 8ч, да испијам кафе и ми се плаче што мора да станувам јас, а сестра ми така слатко продолжува да спие на топло, надвор уште темно, ја така се влечам по соба... малку нервозна ама после кафето се доаѓа во нормала :)
 
Тапа ми е прва смена. Лесно се будам од алармот (може зашо гласно звони :)) ама убиство ми е кога треба да го тргнам јорганот, од што ми е топличко. И едно 10 минути сум како намќор додека не се расонам. А втора смена е друга приказна. Не праам напори да станам, наспиена сум и баш ми е пријатно, ќе си седам под кебе гледајќи ТВ.
 
Лошо без исклучоци, што год да треба да правам во денот, првите пола саат после будење не сум за пред јавност, муабет не ми се прави, а ако отворам уста обавезно паѓа пичкарање некое.

Тек кога ќе легне кафето со пар цигари и кога ќе прекинам да зевам сум нормален
 
Убоо. Вчера лабав помин, малку алкохол, за вечера печена тиква, и неговите пижами на мене, спиење со него до 13 попладне, будење и смешкање ко во тупава романтична комедија, јадење гибаница од мајка му спремена, гледање филм до касно пладне, и еве ме дома сега, спокојно си зобам кикирики и одлично ми е.
Денешното тоа е.
А генералното зависи од денот што ме чека.
Но, во принцип сум ведар ранобудец, не кенкам и не сум немтур, пијам кафе за да прогледам и многу сакам кога ќе се разбудам одморена.
 
Се зависи во колку часот сум си легнала претходната вечер дали поранко или доцна ..инаку станувањето рано не ми претставува голем проблем понекогаш на прва смена станувам и еден час пред училиште иако би можела од тој 1 час да преспијам 2/3 и секогаш кога станам си пуштам на VIVA и си немам мака.
Бај `д `веј лил адвајс никогаш не ставајте ја омилената песна со која ќе ви звони алармот зошто ќе ви стане најомразена.
 
Скоро никад не ѕвони....или се успивам, или станувам некој 3 до 4 минути пред да ѕвони, ретко си ја слушам мелодијата.

Најчесто расположен, иако не станувам веднаш. Ми требаат некои 20 минути лежење и зјапање у таванот, може и малце утринска гимнастика (читај: будење на војникот под шаторското крило) колку да тргне денот, не идеме до крај.

Викаат денот по утрото се познава... my ass!
 
Бај `д `веј лил адвајс никогаш не ставајте ја омилената песна со која ќе ви звони алармот зошто ќе ви стане најомразена.

Тоа е толку вистинито.

Но, после три месеци речиси редовно будење во 7 и 30 прераснува во навика.Моето утринско расположение најчесто зависи од тоа колку наспано се чуствувам, што нема никаква врска со тоа колку часа сум спиела.Исто така важен фактор е температурата во собата.Оваа зима имаше неколку денови кога не сакав да се мрднам од под постела.Самата помисла на времето кое е потребно да се најдам од креветот до купатилото е катастрофална а не сакам ни да зборувам за помислата на ладна вода која е само на неколку степени од тоа да стане мраз.Уништувачка е.И секако фактор е тоа што имам планирано за тој ден.Ако имам непожелни обврски тогаш ке излезам од постела со цимолење.И последниот фактор кој е независен од сите останати и се нарекува ,,Како ќе ми се сони,,.Има денови во кои објективно речиси се е против мене и мојата желба да уживам и да си удоволувам но сепак расположеннието ми е зачудувачки добро и весело.Ах колку ги сакам тие денови....
 
Да беше убаво сабајле коа стануваш сите ке станувавме се порано и порано за да ни биде поубаво.

Вака е грдо. Убаво си спиеш и сеа треба да станеш. Тие први минути се ужас. Одкога ке помине време се менува расположението, во поглед на обврските тој ден. Ако е убаво ке бидеш расположен, а ако се напорни и непосакувано обврски секако ке биде нерасположен.

Иначе на рингтон ми е дифолт музиката од мобилниот. Песна за будење не бива да ставиш твоја омилена песна. Ке ја мразиш. Слушаш каде било и ти иде она чувство коа треба сабајле да станеш.
 
Убаво е рано кога стануваш. Мене ми е убаво. Многу сакам кога ќе се издигам уште во 8 и ќе испијам лезетски, циметно кафе без да брзам ко нетокму низ сите соби и да ја м'кнам шолјата со мене зашто не сакам да ја оставам недопиена.
Озбилно. Убави се раните утра, посебно ако станам наспана и свежа, спремна да летнам низ денот откако ќе се искофеинизирам.
Какво сака нека е утрото, кафето мора да биде дупло, црно, горко со мирис на цимет.
Скокотка сетила.
Последниов месец, ма и повеќе, обично легнувам рано сабајле и станувам по неколку саати. Изреметен, студентски живот.
Рани утра и лезет, утрински кафиња ми станаа луксуз.
Штета.
 
Епа другар да ти кажам кога станам на сабајле сум весел ама без аларми или такви работи кога сум наспан тогаш сум весел и расположен потоа со другари на по едно кафенце и така!!!!:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom