Уставен суд ја поништи одлуката за поделба на Клинички центар

  • Креатор на темата Креатор на темата Калипсо
  • Време на започнување Време на започнување
Уште еден непобитен доказ за дилетантизмот на 100 чекори, и нивните ракав решенија.

Досега не се секавам на некоја Влада толку пати решенијата да им биле вратени од Уставен суд па дури ни на Владата на Љубчо.

Ова говори само за аматеризмот (читај бизнис интересите) на старо новата влада на Никола .Ф. Груевски кого очигледно уво го боли за граганите. Да му е жив и здрав рејтингот, а народот е издржлив ке преживее!!!

И нормално објаснување на ДПМНЕ и нејзините членови е инволвираноста на стари комуњари во судот. И да е така ќе беше добро ДПМНЕ да излезе со своите платени политички кампањи и да му објаснат на народот дека нивното решение не во спротивност со уставот.

Ама за тоа ќе почекаме, а меѓувремено гледајте да не се разболите, па дури тоа и гледајте да не ни настинка, деновиве и таа може да биде фатална!!!!!:kesa:
 
Ustavniot sud si raboti kako sto treba,a dali odlukata e donesena vo vistinski moment ili ne toa treba Grujo da si mu ja misli, nemozat site institucii da se kocat samo zatoa sto toj saka da si igra Izbori. Ako Vladata bila pismena ke naucela deka Klinicki e formiran od Sobranieto i deka samo toa moze da odlucuva za negovata sudbina. Za greska vo scekori ne e kriv sudijata kriv e igracot.


И судијата е крив доколку ја досуди грешката во чекори одкако натпреварот ќе заврши.:toe:

Уште еден непобитен доказ за дилетантизмот на 100 чекори, и нивните ракав решенија.
Досега не се секавам на некоја Влада толку пати решенијата да им биле вратени од Уставен суд па дури ни на Владата на Љубчо.
Ова говори само за аматеризмот (читај бизнис интересите) на старо новата влада на Никола .Ф. Груевски кого очигледно уво го боли за граганите. Да му е жив и здрав рејтингот, а народот е издржлив ке преживее!!!
И нормално објаснување на ДПМНЕ и нејзините членови е инволвираноста на стари комуњари во судот. И да е така ќе беше добро ДПМНЕ да излезе со своите платени политички кампањи и да му објаснат на народот дека нивното решение не во спротивност со уставот.
Ама за тоа ќе почекаме, а меѓувремено гледајте да не се разболите, па дури тоа и гледајте да не ни настинка, деновиве и таа може да биде фатална!!!!!:kesa:

Всушност комуњарите се криви и за високиот рејтинг на премиерот и владата која носи одлуки за кој нема никаква здрава логика.Токму комуњарите беа тие кој со своето однесување ни подметнаа ваков премиер и ваква влада која скока како “прле пред магаре“.
 
Јас мислам дека ќе се случи следното:
Во практика нема ништо да се смени. На хартија ќе се бришат новите правни субјекти, вработувањата ќе престанат а луѓето еден период ќе останат како волонтери...
Собранието ќе донесе Одлуката, па поново ќе се регистрираат новите правни субјекти, конкурси на кои ќе се вработат истите луѓе и - готово!
Во меѓувреме, во пракса, се ќе функционира како и досега.

Напоменувам, ова е моја претпоставка, онака, на прв поглед.

Канал 5 напиша:
Парламентот ја усвои трансформацијата на Клиничкиот центар
По итна постапка со измени во законот за здравствена заштита трансформацијата на Клиничкиот центар денеска беше усвоена од владејачкото мнозинство во Собранието. Ова значи дека Собранието како основач на Клиничкиот центар ја потврди одлуката на Владата поништена од Уставниот суд центарот да биде поделен на 32 правни субјекти.

Опозицијата остро се спротивстави на брзата постапка на измените на законот за здравствена заштита во Собранието – зошто владата упорно го турка трансформираниот Клинички кога реформата во праксата се покажува како неуспешна. Од неа страдаат и пациентите и лекарите обвини опозицијата.

Пред две недели Уставниот суд ја поништи одлуката на Владата за трансформација на Клиничкиот центар со образложение дека таа не може да трансформира здравствени установи ако не е нејзин основач.

Исто и јас мислев како струмикс и така излезе.
 
Ах поништување на една одлука донесена на Владина седница не е ништо спектакуларно.

Прво, можно е клиничкиот центар повторно да се врати во првичната ситуација што не би било ништо комплицирано.

Второ, уставниот суд има забелешки не зошто одлуката е донесена, туку зошто е донесена од орган кој не е надлежен за тоа. Така да сега фино лепо по консититуирање на парламентот може истата одлука да биде донесено на тоа ниво и повторно клиничкиот центар да си остана да функционира исто.

И не е битно дали е поништена одлуката или не-не треба да се радуваме на тоа. Треба да најдеме начин на кој клиничкиот центар ќе функционира најдобро.

Ќе се цитарам самиот, секој оној кој малку логично размислува можеше да предвиде ваква разврска на овој проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom