Уставен суд ја поништи одлуката за поделба на Клинички центар

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Никогаш нема да се радувам ако нешто оди на лошо во нашата држава, но сега се радувам затоа што транформацијата на клинички е една од полошите реформи на оваа Влада. Буџетот на клиниките располагале како никогаш досега со фин. средства?!! Ова би ти го опростил зашто знам дека е заради неинформираност. Нејсе...

...Ваков или сличен систем на реорганизација на клинички е поставен некаде на почетокот на осамостујувањето на Македонија и не профункционирал добро, зашто сега се форсира нешто , што веќе еднаш не успеало, зашто да не се најде некој сосема нов систем , односно да украдеме некој систем од трета земја, во превод од тие што знаат повеќе од нас?

.. И да, ако мислиш дека јас се радувам на неуспеси на Владата како што викаш, зашто тогаш ти не се радуваш на функционирањето на уставниот суд?
:pos2: Ова беше... моментот на поштовање!

Никаде не замерив за одлуката на судот, туку на вашата патетика.

Нели до вчера Судов бил под палката на Груевски, нели непотизам, нели си ставал судии и сл.??

Сега ептеенн принципиелни бе и се држите до “правилата“ т.е. законите.
Дај спушти се на земја бе човек.
Колку години имаш искрено чим кажуваш прикаски “од осамостојувањето“? 17? 18?

А искрено камо да функционирал овој суд како што навистина треба.
Почнувајќи од легализацијата на криминалното приватизирање 94-98.

Озбилно ај, прикаски за мали деца.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
:pos2: Ова беше... моментот на поштовање!

Никаде не замерив за одлуката на судот, туку на вашата патетика.

Нели до вчера Судов бил под палката на Груевски, нели непотизам, нели си ставал судии и сл.??
Аххх, оној што се обидел да помисли дека судот бил под палка на Груевски тој гадно се лаже или си прави филмови во глава.

Судот како една од најболните точки на нашиов систем за жал сеуште е контролиран и управуван само од Б.Ц. и никој друг тоа треба да ни биде јасно и тоа секој го знае.
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13

На овој БЦ мислиш?
:vozbud:
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Аххх, оној што се обидел да помисли дека судот бил под палка на Груевски тој гадно се лаже или си прави филмови во глава.

Судот како една од најболните точки на нашиов систем за жал сеуште е контролиран и управуван само од Б.Ц. и никој друг тоа треба да ни биде јасно и тоа секој го знае.
Де бе ај....Б.Ц. :)
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
:pos2: Ова беше... моментот на поштовање!

Никаде не замерив за одлуката на судот, туку на вашата патетика.

Нели до вчера Судов бил под палката на Груевски, нели непотизам, нели си ставал судии и сл.??

Сега ептеенн принципиелни бе и се држите до “правилата“ т.е. законите.
Дај спушти се на земја бе човек.
Колку години имаш искрено чим кажуваш прикаски “од осамостојувањето“? 17? 18?

А искрено камо да функционирал овој суд како што навистина треба.
Почнувајќи од легализацијата на криминалното приватизирање 94-98.

Озбилно ај, прикаски за мали деца.
болд 1. Кој тоа рекол? Од моја уста, или преку моиве прсти тоа не излегло.

болд 2. Годините можеш да ги видиш на профилот, за да не мачиш да отвараш, 21.

Ја моето си го кажав и за одлуката и за реформата што требаше да биде спроведена...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
болд 1. Кој тоа рекол? Од моја уста, или преку моиве прсти тоа не излегло.

болд 2. Годините можеш да ги видиш на профилот, за да не мачиш да отвараш, 21.

Ја моето си го кажав и за одлуката и за реформата што требаше да биде спроведена...
Верглано е постојано,дали е од тебе речено или нема значење, сигурен сум дека би го поддржал тоа мислење доколку друг го изнел.
Се што е негативно кажано за Груевски е слеп приоритет.

Не ти се напишани годините на профилот.
 
N

n/a

Гостин
Уште еден гаф на Владата, упс, ...на дечињата кои си играат држава!
:aplauz:
Најконкретен,најиздржан коментар у скоро нула потрошено време.
:mist:
директно во метата.
п.с Чекам оставка,отчет и казна за Селмани.
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Верглано е постојано,дали е од тебе речено или нема значење, сигурен сум дека би го поддржал тоа мислење доколку друг го изнел.
Се што е негативно кажано за Груевски е слеп приоритет.

Не ти се напишани годините на профилот.
Не биди сигурен. Колку и да мислиш дека влечам накај лево, секогаш се обидувам да бидам реален и добрите потези да ги поздравувам и да им се радувам. Ама некогаш кога ме еб*т во здрав мозок(читај реклами на владата) и пробуваат да ми наметнат нивни став, е тогаш неможам да издржам а да не критикувам.

Стварно не ми биле пишани годините, а цело време мислев дека ми се напишани, енивеј, thx на забелешката.

:aplauz:
Најконкретен,најиздржан коментар у скоро нула потрошено време.
:mist:
директно во метата.
п.с Чекам оставка,отчет и казна за Селмани.
Отчет нели има во преродбата за период 2006-2008:pos2:

Оставка? Па добро коа ќе видиш дека цела Влада е фактички во оставка, автоматски значи и министерот, за кој не се знае дали неговата партија пак ќе биде во власта. Е сеа ако биде, нормално е да очекуваме после еден ваков кикс да не биде повторно назначен за министер, ама дека е нормално да се очекува, токму затоа и нема да се деси! :pos2:
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
.Отчет нели има во преродбата за период 2006-2008:pos2:

Оставка? Па добро коа ќе видиш дека цела Влада е фактички во оставка, автоматски значи и министерот, за кој не се знае дали неговата партија пак ќе биде во власта. Е сеа ако биде, нормално е да очекуваме после еден ваков кикс да не биде повторно назначен за министер, ама дека е нормално да се очекува, токму затоа и нема да се деси! :pos2:

Јас само сум сигурен дека министерот има и ќе има доблест да се соочи со одговорност и да ја прифати истата, а не како ескминистерот Владо Димов (читај Курвата) кој ја ограби Македонија и сега мирно и спокојно си живее во Грција со моментална акутелна потерница против него.

Се виде дека таквите луѓе им го упропастија рејтингот на СДСМ, и народот поради тоа ги казни на избориве. А напротив Селмани е човек кој и покрај тоа што не е актуелната најголема партија на власт ужива гоолема доверба помеѓу народот.
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Јас само сум сигурен дека министерот има и ќе има доблест да се соочи со одговорност и да ја прифати истата

Ако се случи ова имаш од мене скара, пиво , што сакаш!
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ако се случи ова имаш од мене скара, пиво , што сакаш!
Не е проблем, ама да се разбереме дека оставката не е единствениот начин за соочување и прифаќање на одговорноста.
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Не е проблем, ама да се разбереме дека оставката не е единствениот начин за соочување и прифаќање на одговорноста.
А кој е другиот, или другите начини?

Сепак овој е најдемократскиот...ама баш дека е таков и нема да се случи, барем не во нашата држава!
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
А кој е другиот, или другите начини?

Сепак овој е најдемократскиот...ама баш дека е таков и нема да се случи, барем не во нашата држава!
Самиот чин на јавно прифаќање на одговорноста, нешто што е многу ретко но е карактеристика на доблесните политичари.
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Ustavniot sud si raboti kako sto treba,a dali odlukata e donesena vo vistinski moment ili ne toa treba Grujo da si mu ja misli, nemozat site institucii da se kocat samo zatoa sto toj saka da si igra Izbori. Ako Vladata bila pismena ke naucela deka Klinicki e formiran od Sobranieto i deka samo toa moze da odlucuva za negovata sudbina. Za greska vo scekori ne e kriv sudijata kriv e igracot.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Сепак тоа е процедура. Прво треба да се конституира Парламентот, а сеуште не е завршено гласањето. Второ, да се формира Влада која ќе донесе предлог закон по кој Парламентот ќе расправа и ќе одлучува. За тоа треба време. Од друга страна пак одлуката на Уставниот суд мора да се спроведе, а таа стапува на сила по седум дена. Кога ќе направиш сума-сумарум, калабалак брат.:toe: Замисли си во тој период пак да недостигаат цитостатици за деца со малигни заболувања и слични срања. Кој директор ќе објави и потпише тендер ?

Запрени сите тендери на клиниките

Владата и вчера без решение за клиниките, па вработените станаа волонтери, а пациентите се во паника за лекови
Јасмина Јовановска

Владата веќе два дена ги остави клиниките да работат со незаконски директори, а поради немање преодно решение за поништената трансформaција на Клиничкиот центар жртви станаа и вработените и пациентите. Здравствените работници станаа волонтери, а болните се во паника дали започнатата терапија ќе ја завршат, бидејќи секојдневно резервите лекови се трошат, нови не се нарачуваат, а според неофицијални извори - на клиниките има залихи најмногу за 15 дена. Сите тендери се запрени, како за поправка на расипаните апарати, така и за набавка на лекови, бидејќи по поништување на поделбата на Клиничкиот центар од страна на Уставниот суд, како што објаснуваат правните експерти, директорите на клиниките немаат право на потпис. Нивните ингеренции повторно ги презема клиничката управа, односно последниот директорот и Управниот одбор на Клиничкиот центар, пред да се подели.

Д-р Борче Георгиевски беше последниот директор на Клиничкиот центар, но и тој не се нафаќа да се врати на старата позиција, додека за тоа не биде известен од Владата. Со оглед дека тој беше в.д. директор, вели дека можеби Владата нема повторно него да го постави за директор и затоа не може да презема чекори на своја рака. И додека Георгиевски се двоуми, директорот на Заеднички служби, преку кои се вршат најголемиот дел од набавките, Нусрет Дема, вели дека нема да дозволи да има застој на клиниките, ниту пак да ги остави пациентите без терапија. Тој ќе се однесува како директор на Заеднички служби додека Владата не му даде нови инструкции. Иако е незаконски директор, тој ќе ги потпишува барања за нови набавки, макар за тоа и кривично да одговара. „Што да правиме, зарем болните да ги однесеме пред Уставен суд“, вели Дема.

Директорите, иако тврдат дека нема да дозволат да дојде до криза во набавките, сепак, според добро упатени извори, велат дека недостигот веќе се чувствува, но на директорите им е забрането да зборуваат. Состојбата со снабденоста на клиниките, како што дознаваме, ќе стане алармантна посебно на крајот од месецов кога ќе се потрошат резервите и ќе треба да се вршат нови требувања, а ќе нема кој да потпише.

„Можеби некои од клиниките ќе набавуваат на реверс, но тоа е краткотрајно и за мали количества, бидејќи не веруваме дека некој ќе дава лекови ако нема гаранција кој ќе ги плати“, објаснуваат дел од здравствените работници на клиниките, кои додаваат дека мора да се најде преоден модел за да не дојде до криза и не се надмине овој вакуум.

Владата и вчера беше без преодно решение за клиниките како да функционираат по поништувањето на трансформацијата. Според портпаролот Ивица Боцевски, Владата решението треба да го изготви на наредната седница. Добро упатени извори велат дека се тактизира со преодното решение зашто Владата не се откажува од поделбата на Клиничкиот центар и брза одлуката да ја протне на новото Собрание кое денеска се очекува да се конституира. Правниците велат дека тоа не оди тукутака, бидејќи се потребни предлог и законски измени. Дотогаш клиниките и натаму ќе бидат блокирани и раководени од незаконски директори, кои поради непочитување на одлуката на Уставниот суд може да заработат и казна затвор од пет години. „Директорите ќе одговараат материјално, додека од Владата ќе се бара политичка одговорност зошто не донела решение за надминување на вакуумот“, објаснува професор Ана Павловска- Данева од Правниот факултет.

На пасивноста на Владата реагираше и СДСМ, кој бара итно да се врати Клиничкиот центар зашто трансформацијата, каква нема никаде во Европа, значи растурање на здравствениот систем, на што укажале уште пред две години.

Е на ова мислев....:toe:
Само да не се доведеме пак во ситуација пациентите со канцерогени заболувања да останат без цитостатици, хемофиличарите да плачат во очај немајќи лекови кои исто така мораат редовно да ги земаат...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom