Него најдовме, таа цена (ддв вклучено) мене ми дојде поефтино а и Fortune ќари едно со моите. Во ред е, користете ја темава ако ви треба да купите флешови и слично.
Америчката компанија Kanguru издаде нов производ за љубителите на флеш дискови кои се незадоволни со малиот капацитет. Меѓутоа решението кошта повеќе од тоа да си купите комплетно нов компјутер. Kanguru Flash Drive Max може да биде ваш за само 2800 долари. За тие пари можете да набавите три LaCie Little Big Drive уреди со капацитет од 320 GB и ќе останете со кусур од 400 долари. Иако тие производи се далеку од Flash Drive Max ултра лесниот пренослив флеш со 18 грама тежина и димензии 9,2 x 2,5 x 1,5 cm. Уредот е направен од NAND Flash чипови со врвен квалитет и десетгодишна гаранција во алуминумско пакување за поголема заштита. Флешот најдобро ќе работи преку USB 2.0 приклучок, иако може да работи и на 1.1 приклучок. Ако флешот од 64 GB ви е прескап, Kanguru нуди верзии од 32 GB за 1500 долари и 16 GB за 800 долари.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.