Лани Надал беше смешен на УС Опен, годинава на АО исто така беше смешен и тотално неспремен, ама сега беше во ок форма и не играше лошо. Изненадување ми е поразов и те како... Глеав и статистика, 50 и кусур винери Рафа, 40 грешки, исто и Пуј, по 156 поени двајцата. Реално мечот го решија 1-2 поени и малку подоброто играње на Пуј во клучните моменти. И покрај тоа што реков, дека Надал годинава на УСО имаше добра форма, сепак не е онаа правата, 100% да работи се. Изгледа не ме разбрал Фотос што сакам да кажам со повредата, јас не реков дека беше повреден вчера, него дека повредата/те влијаат на неговата самодоверба и лошиот форхенд. Рака на срце се подобро и подобро го удира форхендот, и самиот го изјавува тоа, останува да се надеваме дека нема да има фрки со зглобот на раката. Значи да резимираме, Надал вчера изгуби затоа што имаше подобар противник од него, не затоа што беше повреден.