US Open 2016 (29.08 - 11.09.2016)

Кoј ќе oсвoи?

  • Вкупно гласачи
    41
  • Гласањето е завршено на .

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не знам зошто се омаловажува толку Надал,и јас не го сакам ама реално чоекот едно време си беше играчиште и сите противници(освен Џокович) ги доведуваше до лудило и реално само Џокацот кога се крена кон крајот на 2010 му го најде лекот на Надал каде подоцна следеа епски натпревари меѓу двата .

Надал веројатно свесен си беше за колената, но препоставувам дека одеше да освои што повеќе титули додека е физички топ спремен бидејќи тешко дека ќе ја смени играта и начинот на постари години за само да се одржува и да биди декор во Тенисот
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Не бе Џони, јас не го омаловажувам Надал. Сигурно е еден од петте најдобри тенисери во историјата, и дефинитивно најдобриот на земја. Поентата е дека сега веќе не е никаков фактор во тенисот, а овде има ликови кои мислат дека сеуште може да го освои Вимблдон.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не бе Џони, јас не го омаловажувам Надал. Сигурно е еден од петте најдобри тенисери во историјата, и дефинитивно најдобриот на земја. Поентата е дека сега веќе не е никаков фактор во тенисот, а овде има ликови кои мислат дека сеуште може да го освои Вимблдон.
Па фанови се што да прават,си се надеваат иако и самите знаат дека Надал е преспорт и касни на секоја топка....преистрошен е Надал реално и делува како да има 36 години а не 30.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Не разбирам што аргумент ти е тој со повредите. Ако некој трча како будала, ако целиот тенис му е пред се физички, ако милион експерти го поредупредат дека кариерата кратко ќе му трае и колената ќе му отидат а тој не менува ништо во играта, тогаш е нормално и многу да изостанува ради повреди. Не може и јаре и паре.
Епа го омаловажуваат како не бил константен, а изгледа забораваат што он правеше до 2014 година, т.е. 2015.
Плус како што реков доста пати беше оневозможен да настапи на Слемови и да постигне уште подобри резултати од сегашниве, кои секако го прават втор најдобар тенисер во историјата после Федерер.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Мора да сфатиш дека Надал веќе не е фактор во тенисот кој носи којзнае каква компетитивност и стандард, пред него има повеќе играчи меѓу кои е и Монфилс циркузантот.
Не треси зелени, барем за последниов дел од реченицата.

Не бе Џони, јас не го омаловажувам Надал. Сигурно е еден од петте најдобри тенисери во историјата, и дефинитивно најдобриот на земја. Поентата е дека сега веќе не е никаков фактор во тенисот, а овде има ликови кои мислат дека сеуште може да го освои Вимблдон.
Не знам кој ти рекол дека Рафа ќе го освои Вимблдон или дека се надева на такво нешто. Јас, а сите вие знаете што има Надал постигнато и дека моментално е понапред во најважниот сегмет, можеби Новак ќе се искачи на врвот, ама можеби... :)
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Уште си малецок плачко за дебата ти, а зелени не би познал и да ти ги нацртат.
Што да ти одговарам на мислење од типот дека Монфис бил пред Надал. Ајде земи 1000 добри познавачи на тенис, анкетирај ги и соопшти ми ги реалните проценти. Поинаку не знам како би нашле заеднички јазик. Не знам ни што подразбираш под дебата, да ти речам, океј, во право си, Надал веќе не е фактор во тенисот и Монфис е пред него. :гомце:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Што да ти одговарам на мислење од типот дека Монфис бил пред Надал. Ајде земи 1000 добри познавачи на тенис, анкетирај ги и соопшти ми ги реалните проценти. Поинаку не знам како би нашле заеднички јазик. Не знам ни што подразбираш под дебата, да ти речам, океј, во право си, Надал веќе не е фактор во тенисот и Монфис е пред него. :гомце:
Надал не е повеќе фактор во тенисот. Не знам што тука не ти е јасно. Не е фаворит на ниту еден слем, на ниту еден масерс. Единствена шанса за него следната година да освои некоја титула ќе биде кратката Јужноамериканска турнеја на земја.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Надал не е повеќе фактор во тенисот. Не знам што тука не ти е јасно. Не е фаворит на ниту еден слем, на ниту еден масерс. Единствена шанса за него следната година да освои некоја титула ќе биде кратката Јужноамериканска турнеја на земја.
Не е фаворит на ниту еден слем - точно.
Не е фаворит на ниту еден мастерс - точно.
Ама дај бе смирете се, Монфис бил пред него, Пуи бил пред него. Не сме слепи ние фановите, знаеме дека не е тоа што беше, што фанови ќе бевме и која ќе беше поентата ако не се надевавме, ама ова јадење гомна и посебно провоцирање на одредени членови не било. Ѓоковиќ го лапна немиен од Квери, па ајде аматерот е пред него. На тоа ќе се сведи целиот муабет.
И уште нешто, констатиравме дека Надал не е фактор во тенисот, во тој случај кој е фактор освен Ѓоковиќ?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не е фаворит на ниту еден слем - точно.
Не е фаворит на ниту еден мастерс - точно.

И уште нешто, констатиравме дека Надал не е фактор во тенисот, во тој случај кој е фактор освен Ѓоковиќ?
Па оние кои освојуваат, очигледно. Мареј, Вавринка, Нишикори кој одигра еден куп полуфиналиња годинава...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Надал е топ 3 фаворити на Мастерсите на земја и на Ролан Гарос, сеуште, сакале вие тоа да го разберете или не. Годинава беше втор фаворит на РГ, втор фаворит во Рим, во Мадрид, за Монте Карло не сум сигурен. Ова зборам пред објавата на ждребовите.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Па оние кои освојуваат, очигледно. Мареј, Вавринка, Нишикори кој одигра еден куп полуфиналиња годинава...
Мареј може да се каже, заслужено се наоѓа на втората позиција на ATP и одигра доста солидна сезона, исто така и претходната му беше на ниво (освен мечевите против Новак). Јас колку што знам, а лично и одговорно тврдам дека знам, Вавринка има освоено само еден мастерс во својата кариера, да те потсетам губеше сет и брејк во Монте Карло 2014 против Федерер кој и самиот не знае како ја испушти победата од раце. За неговите настапи оваа година со исклучок на US Open 2016 има многу да се каже, срамни порази од Paire, Goffin, Kuznetsov, Kyrgios, Monaco, Verdasco, Dimitrov. Имаше уште некои, да не ти ги набројувам сите, уште кога ќе се додаде дека минатите 2 недели во Њујорк одигра мечеви со пораѓање, посебно тој против Evans кога имаше многу многу среќа дебилот да му отсервира дупла во тајбрејк на 5-4, подоцна направи и сомнителен ас од втор сервис на 8-8 во тајбрејк. Вавринка одигра и полуфинале на Ролан Гарос како бранител на насловот, ама те молам ѕирни му го патот до него, да не јадам гомна ама и јас би стигнал до полуфинале при такви противници.
Нишикори исто така ни во лудило не би го ставил пред Надал, зошто? Па да беше подобар и поконстантен и не знам ли ти што, ќе беше пред Надал на моменталната АТП ранг листа.
 
W

wicked_1

Гостин

Абе дете знаеш што значи "во моментов подобри"?

Никој не ти пишува дека тие тројцата се поголеми играчи од Надал па да збориш колку трофеи имаат, против кого ги освоиле
и каде биле на АТП листата :pos:.

На три добиени сетови има повеќе играчи пред Надал во моментов и тоа пробај разбери го некако, не биди плачко не мора да го мењаш Дарди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom