US Open 2012 [27 август - 9 септември]

Шампион/ка на US Open 2012


  • Вкупно гласачи
    54
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
39.357
Поени од реакции
113.683
Само едно ќе кажам за мечот Делпо-Ноле... Поенот за освојување на вториот сет :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Аууу жими се у 5 и нешто сабајле станав и се шетав низ стан со рацете на глава. Поенот што највеќе го сакам во тенисот го напраи Ноле и тоа на сет топка, секоја чест мајсторе. Сега во полуфинале има да го запали Ферер, чисти 3-0 за Новак.
За Јанко шта речи, добиен меч изгуби. Сакав да иде во 1/2 финале, но со Ферер нема зафрканции, човекот се бори до последен поен. Али драго ми е и за Давид, исклучително го почитувам човеков, таков борец не знам дали ќе видиме во следните години.
Мислам дека Азаренка ќе ја победи Шарапова, два пати се извади Марија мислам дека трета шанса нема да има. Вика игра добар турнир. Според мене финале Вика-Серена.
П.с. Игор стај си аватарче од Ноле, конечно и јас да погодам некој резултат. :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.913
Поени од реакции
16.176
Значи замислете, Новак речиси цела ланска сезона ја одигра на ниво на овој меч против Дел Потро.:cuc:
Едноставно никаква замерка немам за играта, Дел Потро изигра онолку колку што му допушти Новак и ништо повеќе.
Во 1/2 финалето се надевам дека ќе е лесно, па во финалето нека бидне со Мареј, оти ако се сретне со оној Бердих кој го совлада Федерер, и не му се пишува баш добро.:icon_mrgr:

А финалето жени, јас би сакал Сара Ерани - Азаренка да ги глеам во него, чисто онака контра сите предвидувања.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
^ Јас баш мислам полесно ќе му е со Бердих, али нека го помини Ферер прво, се е отворено до крај. Можно е и Бердих - Ферер. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.357
Поени од реакции
113.683
Тешко дека некој ќе успее да го победи Ноле во вакво издание како со Делпо. Прав ѕид, неможеше да го пробие Делпо.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Не гледате жени бе ? :icon_lol:

Шарапова - Азаренка, одличен меч.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 23:30 ---
Азаренка во финалето. Победи со 3-6, 6-2, 6-4.

Заслужена победа. Првиот сет Марија беше подобра, но после тоа Азаренка комплетно го сврте мечот. Играше поагресивно, напаѓаше и на крајот тоа и се исплати.

За 15тина минута би требало да почне второто полуфинале, Серена - Ерани. Серена феноменална е, речиси сите натпревари ги доби убедливо, Ерани претежно игра со слајсови и чека грешки на противникот и навистина ќе и треба многу среќа за да успее да направи нешто против Серена.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
6:1 6:2 за Серена. Убаво вика коментаторов на Еуроспорт, ова што им го прави на противничките е сурово.

Нека се моли Азаренка за во финалето Серена да има лош ден, инаку и неа лошо и се пишува.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Кога ја почна кога ја заврши
 
L

Löwe

Гостин
Јас кога мелев трици уште пред да почни кога и давав 80% на Серена дека ќе освои вие будала ме правевте. Се крстевте во На Ли и во Маричето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
За жал или среќа како и да гледате, физички е супериорна ко прво пред другите тенисерки а како второ има големо тениско знаење.
Штета што имаше толку проблеми во кариерата, мислам дека бројката на гренд слеми ќе и беше каде каде поголема.
 
L

Löwe

Гостин
Серена да игра со сите од надвор топ 8 од АТП ќе тепа јас мислам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom