US Open 2012 [27 август - 9 септември]

Шампион/ка на US Open 2012


  • Вкупно гласачи
    54
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.929
Поени од реакции
16.223
По барање на некои од членовите кои се активни во потфорумот „тенис“ ќе ја отворам темата малце порано од предвиденото. Па се надевам на коректна дискусија во неа, како креатор на темата оставам простор за да може малце и да си се нашалите во неа, да не биде напнато како низ минатите теми и да се препукувате безврска и да се започнуваат некои стари дискусии кои веќе сме ги дискутирале.
Па да започниме..

132 издание на УС Опен 2012 ќе започне веќе нареден понеделник, поточно од 27 август и ќе трае се до 9 септември за кога се закажани финалните дуели, прво во женска, а потоа и во машка конкуренција.
Овој гренд слем е последен во сезоната, па после него многу ќе ни се појасни работите за неколку прашања.
Турнирот се одржува од 1881 година, почетната замисла била мечевите да се играат на тревна подлога, и така било се до 1974 година каде се започнало со натпреварување на оваа тврда подлога.

Натпреварите се одржуваат на познатите терени Флешинг Медоус, централниот терен познат по името Артур Аше е со капацитет од 22 000 седишта, после следува теренот Луис Армстронг, капацитет 10 000 седишта, а трет по големина терен е Грендстенд кој собира 6000 гледачи.

Титулата од ланската сезона ја брани Новак Ѓоковиќ во машка (беше подобар во финалето од Рафаел Надал со 3-1 во сетови, 62/64/67/61) и Саманта Стосур (во финалето беше подобра од Серена Вилијамс со 2-0 во сетови, 62/63) во женска конкуренција, тие двајца ќе имаат тешка задача на овогодинешното издание на УСО, Новак пред се ќе стравува од првиот на АТП листата Роџер Федерер, кој пред неколку дена беше подобар од него на турнирот во Синсинати и тоа доста убедливо, меѓу фаворитите се смета и златниот од игрите во Лондон, британецот Енди Мареј, да напоменам дека на овој гренд слем нема да учествува третиот на АТП листата, шпанецот Рафаел Надал, се повлече од турнирот поради повреда . После овие тројца како фаворити од сенка се Дел Потро, Цонга, Давид Ферер..

На женскиот дел од турнирот Саманта Стосур и не се споменува како една од фаворитките за висок пласман т.е пласман во финалето и освојување на истото, како главна фаворитка е Серена Вилијамс, златната од игрите во Лондон, и шампионка од последниот гренд слем во Вимблдон. Во борба за титулата би требало да се вклучи и сестра и Венус Вилијамс која полека, но сигурно ја надминува болеста, а и лошата форма која ја следеше во последно време, не смее да се заборави и на првата тенисерка во моментот, Викторија Азаренка, русинката Марија Шарапова, па и Петра Квитова од Чешка.

Први 10 носители на турнирот (машка конкуренција):
1. Роџер Федерер
2. Новак Ѓоковиќ
3. Енди Мареј
4. Давид Ферер
5. Џо Вилфред Цонга
6. Томаш Бердих
7. Хуан Мартин Дел Потро
8. Јанко Типсаревиќ
9. Џон Иснер
10. Хуан Монако
Први 10 носителки на турнирот (женска конкуренција):
1. Викторија Азаренка
2. Агњешка Радванска
3. Марија Шарапова
4. Серена Вилијамс
5. Петра Квитова
6. Анжелик Кербер
7. Саманта Стосур
8. Каролин Возниацки
9. Ли На
10. Сара Ерани

Тенисери повикани од организаторот (вајлд карти):
1. Џејмс Блејк
2. Роби Џинепри
3. Лејтон Хјуит
4. Стив Џонсон
5. Денис Кудла
6. Денис Новиков
7. Гилем Руфин
8. Џек Сок

Тенисерки повикани од организаторот (вајлд карти):
1. Маролин Бурде
2. Џулија Коен
3. Кејси Делаква
4. Викторија Дувал
5. Никол Гибс
6. Бетани Матек - Сандс
7. Кристина Младеновиќ
8. Мелани Один


Награден фонд на турнирот
Шампион/ка: 1,900,000 долари
Финалист/ка : 950,000 долари
Фондот е ист и во машка и во женска конкуренција.

Бодување на турнирот
Шампион/ка: 2000 поени
Финалист/ка: 1200/1400 поени
1/2 финалист/ка: 720/920 поени



Официјална страна на турнирот.

Ждребот за турнирот ќе се одржи во четврток, а потоа сите двојки од двете конкуренции може да ги погледнете тука и тука.

Директни преноси од турнирот ќе емитува Еуроспорт и на двата канала. Почеток на преносите е од понеделник од 17 часот.
Поставена е и анкета за тоа кој ќе го освои турнирот.


Се надевам дека воведот е океј.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тестинг. Да ме има во темава ради известувања.

Очекувам На Ли и Мареј да стигнат до финале. За понатаму стеј тјунд...:D
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Фаворит за освојување ќе биди Федерер, посебно со последната победа над Ноле, а и делува во сјајна форма на подлогава, е сеа малку е побавна на USO отколку во Синсинати, но пак блага предност му давам на Федерер. Надвор од Федерер/Џокович, не гледам опасност од останатите топ 10 играчи. Повеќе очекувам да блесне некој анонимус, отколку да освои Цонга или Ферер, пример. За Мареј, стојам на тоа што го имам порано кажано, не е играч за гренд слем, ќе видиме дали ќе ме разубеди.

А, да, очекувам многу од Дел Потро и Раонич. Ме импресионираа годинава. Вториов има голема шанса да игра во завршниот турнир во Лондон, ако се покажи на USO, лани не ни учествуваше. Ако игра 1/4 финале би дошол 8/9/10 место, со додатен добар резултат на мастерсите, се е можно...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Зашто те чуди тоа? Одлично се покажа на Вимблдон човекот. Знае да игра и на овие подлоги.;)
Ќе видиш после турнирот зошто :D

Иначе Ферер ми е во топ 10 листа на омилени тенисери, ама да го стават како 4 носител е лудост, знам дека моменталниот ранк има големо влијание, ама Ферер ќе биде смачкан на USO.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.929
Поени од реакции
16.223
Според моменталниот ранк се прај и тоа кој ќе биде носител и на кое место.
А улога игра и тоа што некои тенисери го откажаа учеството на истиот, додуша ако не беше четврти, ќе беше петти. Ама на УС Опен тешко дека ќе пркне повеќе од 1/4 финале, мада и тоа му е многу.
Лошата форма на Бердих и тие над него се заслужни за тоа четврто место на Ферер.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ќе видиш после турнирот зошто :D

Иначе Ферер ми е во топ 10 листа на омилени тенисери, ама да го стават како 4 носител е лудост, знам дека моменталниот ранк има големо влијание, ама Ферер ќе биде смачкан на USO.
Кол ми ан оптимист, ама мислам дека нема да мине лошо на турниров. Лудо е тоа шпанче, а и обожавам да го гледам како игра. Толку е упорен па тоа е чудо едно. Јас во секој случај му посакувам да ја оправда позицијата на носител.

Инаку кој сметаш дека треба да стои место него? Претпоставувам Дел По?:)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Делпо, Раонич или Иснер, ќе го уништат на Ферер, ако се паднат во иста група.


Инаку кој сметаш дека треба да стои место него? Претпоставувам Дел По?:)

Да.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Шо се чудите за Ферер, 5ти е рангиран, Надал го нема, и тоа е. Не се мешаат многу со рангот, единствен случај што видов е во 2010 година на Вимблдон, кога Надал беше прворангиран, но Федерер беше прв носител, пошто сметаа дека е најдобар во моментот, и покрај тоа што беше рангиран втор. А сите знаеме кој го освои турнирот. :facepalm:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
И родик во 2005, беше пред Хјуит, иако Хјуит, беше подобро рангиран.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.443
Поени од реакции
5.569
Очекувам Изнер и Дел потро далеку да стигнат,а кај жените мислам дека Кербер може да стигне барем до финале :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
I Knew It :D

Туку што мислите како ќе мине сета работа кај жениве? Ли На според ова што го гледав на Синсинати, може да стигне до финале. Марија долго време нема играно тенис ( од Олимпијада ми се чини), а Азаренка има повреда на ногата.

Ако, стане на лоша нога Серена (тоа значи сервисот да не и работи), може да се случи изненадување некое.
--- надополнето: 21 август 2012 во 22:50 ---
Очекувам Изнер и Дел потро далеку да стигнат,а кај жените мислам дека Кербер може да стигне барем до финале :)
Кербер многу бргу се крши психолошки. Има се друго девојката, ама почне ли малку да губи и отиде возот. Ко Балканец е, ако е негативен резултатот си вика ај и така губам што ќе се мачам.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Незнам, не пратам WTA многу, ама имам некое чуство дека Серена не осваја.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Јас ич не пратам WTA, се чудам како ви е интересно. :unsure: Без геј шеги, мољам. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom