Уредување на домот. Вие или архитекти?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Кога станува збор за уредувањето на вашиот дом сакате тој да го уредите вие лично и по ваш вкус или пак би викнале (или веќе сте викнале) архитекти кои тоа го направиле професионално?

Од една страна значи секој си има свој вкус и свои идеи во главата кога си го уредува својот дом, нормално заедно со семејството или парнерот и си го одбираат ентериерот. Но секогаш постои и двоумење и понекогаш се појавува потреба од професионалец.

А од друга страна архитектите си ја знаат одлично својата работа и можат да уредат еден дом перфектно. Но тука пред се преовладува вкусот на архитектот, секако може комплетно сам архитектот да го уреди домот но може и заедно со сугестии од лицето кое ќе живее потоа таму. Но многу станови/куќи уредени од архитекти се навистина модерни и интересни и сите сме импресионирани, но некако бар јас приметувам дека недостасува во домот една душа. Таквите домови повеќе личат на канцеларии. Се е некако премодерно и да не речам празно, делуваат ладно и не се чуствува онаа домашна пријатност. Бар јас го приметувам тоа во многу домови уредени од архитекти.

Вие кога би го уредувале домот би го правеле тоа комплетно сами по свој терк и вкус или би викнале архитекти :)
 
Сам по свој вкус,мене како им се свиѓа,јас ќе си живеам таму,по мерак сакам да ми биде.:smir:
 
Е баш ми се свиѓа темава.
Ја дефинитивно би виканал професионалец. Може многу да помогне. Гледам Ајде Дома што прават... и значи, да има човек доволно пари, дома може да му биде рај.

А од друга страна архитектите си ја знаат одлично својата работа и можат да уредат еден дом перфектно. Но тука пред се преовладува вкусот на архитектот, секако може комплетно сам архитектот да го уреди домот но може и заедно со сугестии од лицето кое ќе живее потоа таму. Но многу станови/куќи уредени од архитекти се навистина модерни и интересни и сите сме импресионирани, но некако бар јас приметувам дека недостасува во домот една душа. Таквите домови повеќе личат на канцеларии. Се е некако премодерно и да не речам празно, делуваат ладно и не се чуствува онаа домашна пријатност. Бар јас го приметувам тоа во многу домови уредени од архитекти.

Знам на што мислиш, ама тоа е зошто газдите не дале инструкции за архитектот. Ако не му кажеш што ссакш и како сакаш да биде. што очекуваш, ќе биде по негов вкус.
Ако сакаш онака, cosy да ти биде дома, тоа и ќе му го кажеш. Ќе има повеќе елементи од дрво, некако тоа ми дава убава, „домашна“ атмосфера.
 
Како првин тие што ја уредуваат внатрешноста на домот (ентериерот) не се архитектите туку дизајнерите на ентериер или проектантите на мебел и ентериер. Не случајно го знам зашто тоа го студирам јас. Сеуште е рано да говорам јас како би работел но секако ако имам проект би работел колку што ми е дозволено од клиентите во врска со слободата на дизајнирање. Ако имаат план некако или насока би ја следел секако. Но ако имам слободни раце за работи би направил нешто што се вклопило со околината, со луѓето кои живеат во домот, стилот би го определил според целосната градба на куќата и можностите кои ги дава просторот за уредување. Секако за да го направам тоа би требало да бидам запознаен со повеќето стилови на уредување на домот со кои би можел да одговорам на проектот зададен од клиентите. Значи добро е да ти го уредат другите домот но ако сакате да бидете вклучени во тоа најдобро е да се дадат насоки но завршниот збор да е на проектантот зашто тој најдобро би се разбирал дали би се вклопило во просторот.
 
Јас има идеја...
ама у пракса (според тоа што е можно и со нивни корисни и убави измени) го спроведува архитетка. (или архитект). :)
 
Би барал совет од архитект за тоа што е најпогодно каде да стои, и што да стои, дека сепак тој се разбира повеке од мене.Мегутоа последниот збор би го имал јас,па аритектот нека инсистира колку сака.:pipi:
 
Јас фала богу,јас ќе живеам таму не архитектот.
 
Последниот збор го има оној кој што и дава задача на архитектот...
зборам од искуство бидејки со тоа се занимавам : )
Архитектот си црта скици и прави планови само како ке изледа објектот! А другото не го замара, ако сакаши целата кука празна да ја оставиш!:pos2:
 
Јас фала богу,јас ќе живеам таму не архитектот.
:tapp::tapp::tapp:
Со оваа професија тешко се егзистира во Македонија, затоа едвај крај со крај се врзува месецот, и домовите се уредуваат согодини, од секоја плата се купува по некој елемент. Освен некој што му е загарантирано работното место па може да си дозволи кредит.
 
Значи долго време и сеуште се думам дали да го студирам ова, оти ненормално ја сакам оваа професија (дизајнер на ентериер) и ме бидва. :pipi:
А Ако си го уредувам домот најверојатно не би викнал никој поради фактот дека знам самиот да си го уредам а да му дам на некој друг да ми го уреди никогаш нема да ми го направи по кефот. Пошто сум перфекционист и секогаш знам шо треба да седи и каде.
 
:tapp::tapp::tapp:
Со оваа професија тешко се егзистира во Македонија, затоа едвај крај со крај се врзува месецот, и домовите се уредуваат согодини, од секоја плата се купува по некој елемент. Освен некој што му е загарантирано работното место па може да си дозволи кредит.

Али тој што му се може плаќа сочно. Доволно се 2 поголеми проекти (станови) во месецот и ти си супер обезбеден месецот. Тој што нема пари нема да ангажира, кој има ке. Тоа е тоа.
 
Архитект,дефинитивно.
Си ја знаат својата работа и ретко кога прават утки.
Самата јас би можела повеке да згрешам,отколку архитектот.
Не дека не знам како да си го уредам домот-знам,ама тие секогаш имаат идеја плус а тоа вреди кај мене.
 
уредување на простор за живеење е лична работа како и готвење. јас признавам вкусно е да се јаде во ресторан ама ај одговорете си самите на себе , би јаделе ли цел живот во ресторан?
 
Па и од двете по малце
Јас си имам свои идеи и замисли за тоа како треба да изгледа просторот во кој живеам но знам дека имам и пропусти (еден куп) за кои ми треба консултација со некој што го познава тоа подобро од мене па да ми даде некое советче ....
 
Дефинитивно би побарала совети од некои архитекти, ама не сакам друг да ми го уредува местото кај што јас треба да живеам и тоа по негов вкус. Колку и да сака да го погоди мојот стил, знам дека нема тоа да биде мојата замисла. Затоа преферирам да си испробувам со моите дизајнерски способности...:helou::smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom