Упорни или попуштате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Попуштање???Никако секогаш си стојам на своето,па и да сфатам дека не сум била во право си продолжувам по свое:helou:
 
Попуштам...
доколку навлезам во ситуација кога треба да се тера инает или да се попушти, секогаш попуштам затоа што знам дека не вреди....
 
:pos2:Кај мене нема попуштање,мноооогу голем инат сум.Ама има и ретки случаеви кога гледам дека нема да се реши ако и двајцата се инатиме па морам да попуштам иако срце ме боли после тоа!!!!:kesa:
 
не за џабе сум вол во хороскоп. Нема попуштање, имам изграден став за секоја работа, која е битна, нормално.
А кога се работи за нешто што не ми и де многу во прилог, што не е мој интерес, може и да попуштам, не е проблем, другиот нека се радува на тоа.А инаку за мој интерес...еееее тогаш попуштање, мало морген.:helou:
 
Доколку не сум во право,признавам.
Ама ако сум во право и сум сигурна во тоа,упорна сум до крај,да не речам инает невиден :pipi:
 
Кога знам дека сум во право, терам инат невиден. Магарешкиот може вода да ми носи. Ама ако видам дека џабе ми е се`, ќе попуштам, па ќе ја/ги оставам личностите да згрешат, па да видат дека згрешиле. Многу ми е поубаво така (H).
А кога не сум во право или па не сум сигурна во нешто, и` оставам малку простор на личноста да ме разубеди со добри причини.
 
обично попуштам пошо нејќам да се расправам мн . ама ако ме фати инает некогаш (шо поретко се случва) упорен сум па и во случај да не сум во право никогаш не попуштам
 
за нешто кога знам дека сум у право и дека е така па да ми се обесат на увото нема да попуштам....додека кога знам дека сум крив или не сум у право ондак си попуштам
 
Никогаш не попуштам бидејки ако не сум во право нема што да убедувам некој друг за нешто а ако сум за нешто во право тогаш си стојам на ставот колку и тоа да не им одговара на другите.
 
Кога знам дека за нешто сум во право никогаш не попуштам - одам до крај, па што сака нека биде. Али кога не сум си ќутам...
 
Се обидувам во поголем дел од ситуациите да бидам упорен и да си се држам до својот став, но јбг, некогаш мора и да се попушти.
 
зависи од ситауација. Ама кога знамд ека сум во право се инатам до крај. не можам да трпам кога некој сака да ме негира во тоа што сум во право..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom