:pos2:Кај мене нема попуштање,мноооогу голем инат сум.Ама има и ретки случаеви кога гледам дека нема да се реши ако и двајцата се инатиме па морам да попуштам иако срце ме боли после тоа!!!!:kesa:
не за џабе сум вол во хороскоп. Нема попуштање, имам изграден став за секоја работа, која е битна, нормално.
А кога се работи за нешто што не ми и де многу во прилог, што не е мој интерес, може и да попуштам, не е проблем, другиот нека се радува на тоа.А инаку за мој интерес...еееее тогаш попуштање, мало морген.:helou:
Кога знам дека сум во право, терам инат невиден. Магарешкиот може вода да ми носи. Ама ако видам дека џабе ми е се`, ќе попуштам, па ќе ја/ги оставам личностите да згрешат, па да видат дека згрешиле. Многу ми е поубаво така (H).
А кога не сум во право или па не сум сигурна во нешто, и` оставам малку простор на личноста да ме разубеди со добри причини.
обично попуштам пошо нејќам да се расправам мн . ама ако ме фати инает некогаш (шо поретко се случва) упорен сум па и во случај да не сум во право никогаш не попуштам
за нешто кога знам дека сум у право и дека е така па да ми се обесат на увото нема да попуштам....додека кога знам дека сум крив или не сум у право ондак си попуштам
Никогаш не попуштам бидејки ако не сум во право нема што да убедувам некој друг за нешто а ако сум за нешто во право тогаш си стојам на ставот колку и тоа да не им одговара на другите.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.