Упорни или попуштате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Ако знам сигурно дека сум за нешто 100% во право тогаш водам инает и не попуштам...а ако не сум у право водам инает некое време ама после попуштам :)
 
обично попуштам пошо неам никогаш намера да се расправам поготово ако се глупости во прашање. ама па ако ме фати инает некогаш и да не сум во право не попуштам , али поретко се дешава ова
 
Ја сум голема инаетцика...па зависи од ситуацијата ама цесто знам да бидам упорна и да не попуштам
 
Топ не ме пробива.Има и случај кога немам факти на моја страна.

Види ја сум повише „ Нема аљи ќе има хеј“.
 
Ако сум сигурен, да, а ако не сум сигурен не се ни мешам :) Е сеа има моменти коа сакам да изнервирам некој, па и да сум сигурен дека грешам, не се откажувам....
 
Во се сум упорен. До смрт би се борел за она зад кое стојам. Но во случај да грешам, подавам рака. Тоа е многу човечка постапка. Барем така мислам. Инаку честа е едно нешто за кое вреди да се умре. Да се биде чесен е тешка работа.
Колку за информација да кажам е мое, одбегнувам да се карам со жени. Сите знаеме зошто!
 
важам за прилично упорна особа, кога ќе замислам нешто дури не го остварам нема мрдање
но дали ќе бидам упорна или ќе попуштам зависи пред се за ситуацијата за која се работи
ако се работи за мене за нешто што треба да направам секогаш сум упорна како што кажав претходно,
а ако се работи за некоја ситница, на пример ако сестра ми запне да ја носи мојата чанта иако и јас сум планирала да ја носам, ќе и попуштам и не трошам енергија да се борам за такви ситни нешта
 
Зависи за што и како ке ми текне.
:salut:
 
Упорен сум се додека не попуштам...

... во најголем дел се обидувам да бидам упорен.
 
Се си има граница.За некои работи нормално неможам со глава во ѕид да удирам,ама ако знам дека вреди и дека можам да успеам и дека така треба да биде е тогаш тешко дека некој може да ме спречи.Не попуштам па што сака нека биде,ако знам дека сум во право никогаш не го менувам својот став или пак да се помирам со ставот на некој друг.
 
Па некогаш сум упорна, но не ретко и попуштам, неможам да издржам кавги и да се инатам - It's not me :toe:
 
Упорен секогаш, непоправлив инаетлија, ама се случува понекогаш да попуштам кога некој ептен ми се качува на глава и ми оди на нерви...
 
Упорен кога сум во право. Знам да попуштам и кога сум во право, кога од дргата страна наидам на човек кој не знае дека не е во право или речено „човек кој не знае и не знае дека не знае бегај од него“. А знам и да прифатам мислење до колку се докаже дека јас не сум во право.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom