Упорни или попуштате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
ретко признавам зошто сум тврдоглава и преголем инает:kesa:
 
Ако навистина не сум во право попуштам. Ама пред тоа малку водам инает!:) Ама ако знам дека моето е исправно, а неговото не и сепак он ме убедува дека он е во право, не попуштам па макар тоа да е последно нешто на светов! А ако видам дека е некој будала, на кој му нема докажувачка, го оставам. Нека крши глава, и нека мисли дека е попаметен!
 
Дали кога во некој разговор со некого, личноста ве убедува дека не сте во право, упорно тврдите дека греши?
Муабетот ми е - дали кога ќе сфатите навистина дека сте згрешиле признавате или тврдоглаво го браните својот став иако се покажало дека не сте во право?
Значи дали од гордост не признавате дека сте мислеле погрешно или со наведната глава кажувате дека бил во право другиот? Или пак упорно се браните само доколку сте 100% сигурни во она кое го тврдите?
Како реагирате во такви ситуации?
Ајде да се поведеме од оснавата на темава...

Една фудбалска легенда (менаџер) пред некое време кажа:
Само идиотите не го менуваат мислењето.

И да во право е ама ова си го сфатив од поодамна кога убаво наебував, кога одев со главата во ѕидот иако ми кажуваа ѕид е тоа... застани, и што сакав да кажам... не сум упорен во однос на некои ставови за кои ќе ме разубедат дека се погрешни, инаку ако се зборува за упорноста т.е онаа упорност до крај да се истурка некоја работа е тука сум упорен и одам до самиот крај (самиот разумен крај).
 
Ептен ретко попуштам.Во екстремни случаи. Добро сеа,не сум ко Баба/Дедо/Стрико Васа упорна ( да не речам досадна),ама сум бајаги.
 
Многу попуштам за ситници кои мислам дека не би играле толкава улога ако испаднат по пат на особата која се расправам.
На друга страна, се борам упорно за нешто што навистина би ми значело во животов и не би го пропуштил туку така.
 
за систници не се замарам и попуштам
ама за некои важни ствари упорен сум доста и тоа
 
Упорен,голем инает сум :nesum:
 
Зависи како сум расположен, сакам да водам инает ама ја да бидам победник. :)
 
Охоооо до крај идем. И после ако сватим дека не сум у право пак си го терам моето :):):):) Некогаш успева да убедим некого да мисли погрешно нешто :pos:
 
Обично се докажувам само оној пат кога сум сигурен во себе и во своите размислувања, и кога знам дека сум во право. Инаку ако сфатам дека не сум во право, го прифаќам туѓото мислење. Тогаш не станува веќе збор за попуштање, туку за прифаќање на нешто за кое сме свесни дека ние го немаме правото мислење...
Но доколку знам дека сум во право, одам до крај и не се давам:tv:
 
терам инает, не попуштам.. ке се извинам ако сум згрешила ама ако бара уште да му се умилкувам, нема шанси...
 
Кога сум сфатил дека грешам,попуштам секако.А кога сум сигурен дека сум во право,одам до крај,најнормално :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom