Unsolved Mysteries

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
UnsolvedMysteries.jpg

Мора да се сеќавате на оваа емисија, порано ја емитуваа на Сител. Една од најдобрите американски ТВ серии што сум ги гледал, иако малце е морничава, а особено музиката. Емисијата почна да се емитува во 1987 година и беше многу популарна во САД во периодот 1987-1993 година. Инаку Нерешени Мистерии се емитуваше до 2003 година, кога умре водителот на емисијата, познатиот глумец Роберт Стек. Потоа емисијата паузираше 5 години и се пројави идејата да се дава повторно, така што на крајот на 2008 година, под капа на Spike TV, продолжува серијалот на Нерешени Мистерии, а водител е Денис Фарина. Но, засега сеуште ги даваат случаевите од претходните серијали.

www.unsolved.com

http://video.google.com/videoplay?d...HC-AbSzvmIBA&q=unsolved+mysteries+clips&emb=1
 
Ејј, омилената моја серија!:vozbud:
Како мал секогаш ја гледав.Ми беше страв од музиката, а толку ме тргаше да ја гледам:)
 
Ја обожавав и јас како мала, дај кажете некои епизоди ако ви текнува на мистериите
 
Имам гледано неколку емисии,многу несакав таков тип на емисии бидејки бев мал ама сега по цел ден гледам...
 
Една од моите најомилени емисии, со нетрпение сум чекала да почне да видам какви случаеви ќе има!:pipi:
 
Многу добра серија, една од неколкуте работи кој сум ги следел редовно на телевизија. Штета што веќе некое време не ја даваат на нашиве телевизии.
 
Исто и јас многу ја сакав. Very creepy. :)

Дајте линкови ако имате од нови или стари епизоди за симнување.
 
Се сеќавам ја имаше емисијава секој петок, околу 23:00, бев мала ама важно седев до толку касно за да ја гледам. Интересна ми беше многу, некои случаеви до ден денес ми се останати во глава. Имаше доста страшни и необјасниви случаи, како на пример некои духови што се појавувале, на пример таа фамилијата во која откако починала бабата почнале чудни работи во куќата да се случуваат. Ме потресуваа многу и случаите од типот на изгубен брат - сестра, изгубена љубов и слично, но тие често завршуваа со хепи ендинг :)

Но, најмногу ме нервираше кога на крајот од претставувањето на случајот ќе кажеа: Тhis case has been solved. Watch for an update in the future episodes. Moраше да ги гледаш и наредните епизоди ако сакаш да ја дознаеш разврската на случајот.
 
Како копиљ не пропуштав ни епизода. Водителот со мантилот како збори по мрачни места ми е одма како слика кога ке го слушнам насловот на емисијата. Имаше епизоди со духови кои ме воодешуваа но и епизоди за изгубени брача и сестре кои не ми беа интересни. Најмногу ја запаметив епизодата со духот на детето во една куќа кои си играло со топка со удирање по ѕидот како живо и после од кога умрело се слушало удари по истиот ѕид. Сепак интересно и сакам пак да ги гледам!!
 
Одлична емисија.Нешто како документарна верзија на Досиеа Икс.
 
Ја имам гледано порано, многу интересна...него сега каде се емитува ?
 
леле пораснавме со оваа емисија...најинтересното беше што у основно сами дури пробувавме да решиме некој случај:tapp:!!!закон емисија!!!сакам пак да ја даваат!!
 
Колку ја гледав брееее... Роберт Стак и тој негов глас - незаменливо!
 
Обожавав да ја гледам емисијава како мал. И покрај тоа што ми беше језива секоја епизода едвај чекав да започне да видам некоја нова мистерија.:tv:
 
Стално ги гледаав. До пред пола година имаше и репризи на Интел( локална телевизија) мислам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom