Многу лејм издание на Ултра беше ова, просто за неверување. Сетовите на ДЈите (посебно тие што излегуваа на мејн стејџот) беа како да ги слушам џукелите од Закинтос, кои цело лето ги вртеа најпопуларните 10 поп-денс песни, измиксани само во хаус/елетро стил. Ама не се они криви до толку, какви купувачи - таков пазар. Заостанатите и благо ретардирани амери знаат ли за нешто посалам. Да им се мочам на тој ДРОПОТ, ми се згади зборот што го читав за само 3 дена. Свршуваат на празни и тупи звуци .. Али нема веза, битно дроп е и рејвот тука мора да тече.
Споредувајќи им ги настапите од лани, добар дел од ДЈите потфрлија и извадија послаби сетови годинава. Споредете ги само Хардвел и Алесо 2013та, со оние од вчера т.е. некни. Или настапот на Армин во саботата
Боже мили!
Годинава најдобри на главната сцена ми беа Стив Анџело
, Сандер ван Дорн, Гета .. Па и еден Скрилекс - кој иако го сметам за тежок хипстер и тој дабстепот не можам органски да му го сварам, барем си го задржа стилот, си го фураше она што го знае и не си ја продаде кожата како другите. Верувам дека и Ерик Придз има извадено квалитетен сет, ама тек треба да му го преслушам.
Прашање за милион долари: Колку пати извртеа само ''Reload'' и ''Young and beautiful'' од Лана??