Ultra Music Festival - Europe

Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Прво да искуцам два збора околу фестивалот. Ултра е еден од најголемите отворени музички фестивали, кој се одржува секоја година и е прав рај за фановите на електронската музика. Се' започна од Мајами 1999 година. Оттогаш, па се' до денес фестивалот оригинално уште си се одржува во 'матичната' држава. Но поради популаризацијата, маркетингот и комерцијализацијата, фестот стана дводневен настан во 2007, а од 2011 го проширија и на три дена. Лани рекордни 165.000 лица го посетија Ултра Мајами. Од неодамна, поради огромен интерес, Ултра стана меѓународен фестивал кој до лани се одржуваше во Ибица, Буенос Аирес, Сао Паоло, Сантијаго и Сеул.

Е сега и главната причина поради која и ја отварам темава, Ултра годинава го проширија календарот за уште една европска земја. Ултра во жешкиот јули месец пристига на Балканот, поточно во Хрватска ! Сплит и островот Хвар ќе бидат кодомаќини на Ултра викендот. Излезе и лајнапот, а не знам дали е конечен. Можно е да има дополнувања како ќе наближува датумот.





Еве и видео најава !
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Фестивал, лето, хвар, пички....па како да не ти се работи после :icon_mrgr:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Многу лоши датуми одбрале.. Баш кога е Егзит фестивалот. :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Ова е најблиску што се оддржува до нас, а е блиску до квалитетот на фамозните Tommorowland и UMF во Мајами.

Колку пари е картата?
Regular 60 евра за двата дена, VIP 100 евра за една ден. Имаше Regular и за 40 евра али се продадоа.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Нема шанси да не идам. НЕМА ТЕОРИЈА ДА НЕ ИДАМ.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Гледајте бре какви филмови прават ццццц ! Покрај главните вечери на 12ти и 13ти, од Ултра ќе огранизираат и Boat parties во Сплит, за кои влезниците сигурно ќе бидат страшно ограничени. Почнуваат со продажба од по 20 Евра, а од четврток по 25.


 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Отвориле пул за погодување : Кој следен ДЈ ќе им се придружи на Аоки и Морајло во Хвар ? Ако погодите точно, добивате два билети !:vozbud:

Треба само да ја лајкнете сликата и да им го пратите вашиот предлог на info@ultraeurope.com

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=426296164126107&set=a.379399022149155.92238.345378322217892&type=1&relevant_count=1
 
S

StormRage

Гостин
јеп ама во ултра во мајами одат Black Sun Empire овде праќаат... афроџек... ме јебеш... добар фестивал, али тапа музика...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
Слушнав дека некоја агенција нудела карта,сместување и превоз до сплит и назад .. колку е точна информацијава ?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Слушнав дека некоја агенција нудела карта,сместување и превоз до сплит и назад .. колку е точна информацијава ?
ОМГ, залепи линк одма ако е ова точно !! :гик:

Бтв, Сандер ван Дорн и Арти најнови имиња на лајнапот ... :cuc::cuc:
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
АЛООООООООООООООООООО
дајте скопјани распрашајте се по агенциите там сигурно има некои што организираат се НЕ БИВА ДА НЕ СЕ ИДЕ :D
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
ОМГ, залепи линк одма ако е ова точно !! :гик:

Бтв, Сандер ван Дорн и Арти најнови имиња на лајнапот ... :cuc::cuc:
Јас сум од Куманово друже,така слушнав муабет па да се распрашам..ако има да се иде да полниме автобуси :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Нема ни 1% шанси да отидам на ова ама за тоа овој викенд (и наредниот) вака ќе се журкаме од Мајами.
Не знам кој настапи ќе одат на Live Stream доколку знае некој нека пише овде !

--- надополнето: 15 март 2013 во 21:31 ---
Слушнав дека некоја агенција нудела карта,сместување и превоз до сплит и назад .. колку е точна информацијава ?
Ова ке биде како за АSOT што нудеа и после ја тргнаа понудата поради мал интерес и останав јас со к**** во рака ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom