- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
На крајот на чешкото или на почетокот на шведското претседателство со Европската Унија, Македонија може да очекува препорака за укинување на визите. За ова денеска информираше кабинетот на претседателот на Собранието Вељановски. Тврдењето, како што велат од таму, се темели на сознанија што ги имал спикерот на Парламентот од средби со странски дипломати во земјава. Временски, тоа би значело дека постапката би почнала кон крајот на јуни или почетокот на јули.
Освен укинувањето на визите, како што велат од кабинетот на претседателот на Собранието, Македонија може да се надева и на препорака за датум за почеток на преговори со унијата во годинашниов извештај на Европската Комисија. Наместо, како досега во октомври, извештајот ќе бил објавен еден месец порано – во октомври, тврди кабинетот на Вељановски. Дипломатите во разговорите со Вељановски како услов за визите и датумот за почеток на преговори ги посочиле мартовските избори кои порачале да поминат без ниедна дамка.
Од Европската Комисија во Брисел велат дека извештајот ќе биде објавен во ноември.
- Условите за Македонија за добивање датум за преговори остануваат исти – исполнување на политичките критериуми и клучните приоритети. Оли Рен ја охрабрува земјата да се фокусира на напредок во овие клучни точки - вели за Канал 5 портпаролката на еврокомесарот за проширување, Кристина Наѓ.
Од советот на Европската Унија велат дека за датумот за почеток на преговори со унијата е рано да се прогнозира - „додека не поминат изборите нема да се говори за содржината на извештајот „ – велат од советот на Европската Унија. Оттаму, сепак, потсетуваат дека евентуалната одлука за датум за преговори треба да помине на советот на министри на Европската Унија - се носи со консензус. Останува да се најде решение за спорот со името - велат од советот на унијата.
Од Советот на Европската Унија велат дека процесот за укинување на визите е во тек - се испраќаат експертски мисии да ги оценат реформските постигнувања на земјите и, засега, не сакаат никого да издвојуваат.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=45827&mid=1500&tabId=1&tabindex=0