UEFA Nations League 2020-2021

Иначе ја ова прв пат го глеам сега...ама изгледа ги смениле правилата за следното издание не лигата на нации..

Ќе има и плеј-аут во Лига Ц и ќе има помалку екипи во Лига Д

Што значи сега со сменетиот концепт, Македонија е петта (пошто бевме зад Грузија минатата година...штета) екипа во во Лигата Ц! :D

Еве ги сите екипи во лигата Ц:

Прегледај го приврзокот 219438

Реално...со сите од овие може да се носиме за влез во Лига Б :D

Иначе, да се дополнам - Ќе има 4 групи со четири екипи, што значи уште од сега ги знаеме шеширите:

Прв шешир:

Грција
Албанија
Црна Гора
Грузија

Втор шешир:
Македонија
Косово
Белорусија
Кипар

Трет шешир:
Естонија
Словенија
Литванија
Луксембург

Четврт шешир:

Ерменија
Азербејџан
Казахстан
Молдавија

Реално, најдобра екипа од прв шешир е Грузија, ако можеме грците да ги избегнеме топ.

Од трет шешир сите освен Словенија се тамам.

Во четвртиот..би било добро Ерменија да ја избегнеме, а нели, фала богу најбољи би ни легнала Молдавија

...ама фала богу, ова е дури догодина така да..има време
 
Грција сега е најслаба (колку очајно играа против Италија, како Молдавија против Андора) и треба да ни падне малку за мотивација и жестокост. А не би рекол дека Грузија е најповолна екипа. Имаат добра и тврда одбрана. Не е чудо што стално им крадат по бод или 3 на екипи како Ирска, Шкотска (во една прилика и на Италија), Хрватска.. Црна Гора е поповолна ако гледаме така, мислам ни лежат и плус блиску е.
Молдавија моментално е крш, ама и тие знаат да бидат тврд тим во одбрана. Не сме имале победа против нив, и мислам дека Азербејџан (ни лежат) и Казахстан се подобри опции. Ама може Молдавија, ете за сефте победа против нив.
 
Солидни се Азебејџан и Казахстан ипак, цело време некако пробуваат нешто да направат ама.. Ете, само на клупско ниво им оди ипак
 
Солидни се Азебејџан и Казахстан ипак, цело време некако пробуваат нешто да направат ама.. Ете, само на клупско ниво им оди ипак
Пробуваат, ама не ги бива. Ќе видиме денес како ни оди со младите од Казахстан. :) Клубски ги бива и Кипар. Ете АПОЕЛ Никозија и Аполон Лимасол се постојано во ЛШ или ЛЕ/УЕФА групи. Тука се и АЕЛ Ларнака и Омонија кои чат пат знаат до 3-то, 4-то коло да дојдат. Ама затоа како репрезентација - НЕ! Баш ја гледам таа група Х со Белгија и Русија и си викам дали се тие толку јаки (а сметам дека се, и Русија пријатно изненадува) или овие се толку слаби. И гледам и Кипар, Казахстан така малку утепани ми се, а и Шкотска заедно со нив (Сан Марино уште повеќе). Кипар нас би ни одговарал како противник.
 
Јас би сакал Црна Гора, Литванија и Молдавија
 
Навистина неможам да ги разберам сите тренери на Шпанија па и Дел Боске после златната генерација....на онаков огромен играчки капацитет каде што имаат цел базен од избор и опции од играчи пак многу работи се погрешни.....онака му го гледам составот и секогаш најмалку 5 играчи можам да најдам шо не смеат да играат за една од најсилните репрезентации прва постава...како намерно да се прават слаби...и 2014 и 2018 на светските исто...Дел Боске да можеше и Пујол на 50 години ќе го земеше.

Сега ќе разберам дека тие си ги знаат играчите кој колку можи и кој колку е спремен...ама вака од памет да земам да бирам тим пак поарен ќе биди од овие смешници што ги изваде Енрике...Навас на 60 години му играше,Родриго од пропаднатата Валенсија..Љоренте во животна форма не го игра...нема оправдања едноставно.
 
Бускетс дури мрда ќе го играат, Љоренте не ни доби повик за репрезентација :popce:
 
Оти Љоренте ако игра магично сите останати ќе се подобрат. Плус правиме муабет за играч со една добра сезона зад себе.

Големи дупки имаат на одредени позиции. Имаат само средина и бекови.
Стоперите се престари, а нивната замена не е ни просечна. Крилата просеци и дете како Ансу Фати за кого уште е рано да се наслониш и напаѓач кој ќе игра во Лидс. Голманите сумљиви.

Мене ми делува оваа Шпанија како Холандија. И во двата случаја играчите што требаше да ја сменат таа златна генерација не напреднаа и останаа просеци.
 
Епа ај ако не нека не ги земаат никој пошто се сите со една сезона изиграна,нека играат Бускетс, и Чави нека го вратат.
Љоренте не е една сезона играч,во Алавес беше играчиште, во Реал не знам, не се изнаигра баш ама можеа барем да го земат.
Напаѓачите на Шпанија се сите во мизерна форма затоа Родриго доби шанса.
Одбраната мислам дека им е океј.
 
Какви шупелки се овие Србиве, квалитетен состав ама никогаш ништо нема да направат. Какви шанси се изнапромашија на крајот
 
Какви 2 гола примија само... третиот посебно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom