Не заборавајте дека Ирска ќе игра без Ошеј и тој од Стоук везњакот, казнети се.
Според мене Украина не се толку многу поквалитетни од Словенија. Добри се и јанезите не заебавајте, имаат јак напад, баш сите играчи им се у форма, Иличиќ-Бирса против Јермоленко-Конопњанка ќе биде интересно, иако мислам на крај Украина ќе помине.
Шведска-Данска е најизедначен пар, добри се Данците ама не се некоја класа над Шведска која уште се шлепа на Ибра, поквалитетен ростер имаат Данците ама не го прокажуваат тоа на терен. На крај мислам дека Ибра ќе нема проблеми со Кјаер-Агер.
Норвешка или Унгарија, јебемлига, и двете заслужуваат да играат пред се поради квалификационите групи, Норвешка се држеше горе пред Хрватска долго време и на крај искоцкаа 1-0 во Рим. Маџарска беа најдобро 2ро рангирана селекција и во последни 10 минути испаднаа на сметка на Турција.
Кој сака нека иде од тука, иако би сакал Унгарија.
Босна-Ирска, босанциве ништо не играат, скоро истите играчи ги имаат, играат доста време заедно, поискусни се а за една класа послаби од таа Босна на Чиро и Сушиќ.
Од друга страна Ирците ми се симпатична екипа уште од времето на Трапатони па и сега со Мартин Онил. Би сакал да поминат, ама сепак за Босна ќе навијам на утакмицава.