UEFA Евро 2016 (квалификации)

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
@dragonsky

Не би се согласил со тебе во целост. Да, секогаш во завршницата најсилните ќе бидат таму со по некое изненадување, но тоа не го намалува чувството на успех на малите репрезентации, баш мислам дека тие би биле презадоволни да учествуваат макар и само во групната фаза.

Земи си пример, ние да дојдеме до ЕП во фудбал, знаеш ли која еуфорија ќе биде, чувство дека си дел од нешто големо, чувство за успех и натпреварувачки дух.

Па што се деси со државата онаа една недела за едно четврто место во кошарка, спорт кој реално е 10 пати помалце популарен од фудбалот, едноставно е, и малите и слаби репрезентации (па и клубови) се дел од спортот и за нив е успех само да учествуваат (односн ода постанат во лига, за клубовите), евентуално уште поголем успех е да извојуваат некаква историски победа и да елиминираат некој фаворит.
Добро во право си дека ќе има еуфорија ама сепак мислам дека во Македонија барем ако по некоја случајност отидеме на ЕП ќе има добар број на луѓе што ќе го намалат успехот поради тоа што повеќе екипи идат на ЕП.

Ама сепак мислам дека на долг рок ова ќе испадне како неуспешен експеримент. Сега барем прва година е ова нормално ќе се ложат помаливе земји ама после мислам дека нема да биде тоа тоа..

После 2 кола Естонија и Литванија се борат во една група за пласман на ЕП...(да добро рано е ама пример давам :D )

Мислам дека ни јакиве екипи нема да се замараат толку, и на Европското ќе има помалце возбудливи мечеви кога во групна фаза ќе се погодат Франција,Албанија,Норвешка и Естонија на пример :)

Ма да ја малце глупости зборам после 2 кола зборам за 2028 ама ајде тоа и се очекува од мене :D[DOUBLEPOST=1412975275][/DOUBLEPOST]Midfielder Agim Ibraimi will definitely miss FYR Macedonia's Group C qualifier against Ukraine on Sunday with a tendon injury in his right leg.
 
Последно уредено:
Турција не се то шо беа
Со претходната генерација прејаки беа, сега нова постава, нова генерација, и лошо почнаја 2 утакмици 2 порази
 
Драгонскиот сака да кажи дека вредноста на Европското првенство се намалува со овие репрезентации ..Европското првенство треба да биди нешто како Лига на Шампиони во фудбал и да се со иста вредност ..тоа значи лига на најдобрите а не Лига на Европа каде секаква боранија учествува...глупости се тоа да му се даде шанса на помалите земји ..мислам зошто?...ако сметаат дел од нив дека се подобри од самото учество нека се пробаат на зелениот терен а не да се молат Платини да зголеми место за нив..зарем тие во Уефа сметаат дека вака ќе има повеќе гледаност?..глупости
 
Треба да си иде старото од кормилото на Шпанија, уште не ми се верува дека не си даде отказ после светското..[DOUBLEPOST=1412962005][/DOUBLEPOST]
Дали истово ќе го викаш и ако еве ги победиме Украинците во недела ? Или мислиш дека би се вратила надежта за пласман на Европското ?

Зошто мене ми изгледа дека работава како што е тргната и да отидеме на ЕП наместо да се радуваме за историскиот успех, општото мислење ќе биде "Ете на среќа искористивме што има повеќе екипи таму ќе не растурат"
Се сложувам за Дел Боске , им треба некој нов тренер на Шпанија некој со нови идеи , некој што ке направи некои промени и ке го извлече максимот од играчите, не дека Дел Боске не го може тоа ама се гледа дека е презаситен и дека му требат некои нови предизвици , ама типот е легенда во Шпанија затоа и не ме чуди што му ја одбиле оставката како што кажа членот понагоре.

А за репрезентацијата нема што да правиме муабет повеке мислам , не верувам дека има некој кој го приметил тој потег и да не му стане криво , не е финтата дали ке победиме, изгубиме, дали ке се пласираме на европското или не, ова беше аматерски потег од страна на Абдурахими којшто ако се повтори уште еднаш пример не верувам дека некој би сакал да го гледа во репрезентацијата па макар и на Шпанија да и даде хет трик ....
 
Vo "Elbasan Arena" Albanija odigra neresno protiv Danska . Za celi 80' Albanija OK , promasi i sansi za zgolemuvanje na 2:0 , posle padnase koncentracijata , dancite izramnija najprvo za na krajot 90+3 da promasat cist gol .

Sepak dva pozitvni rezultati , pobeda i 3 boda protiv Portugalija i bod protiv Danska . Ne e loso , a vo Vtornik e duelot protiv Srbija vo Beograd!


BzscId1CEAAyZdd.jpg:large
BzsKhq8IYAAk2sh.jpg:large




1601051_10204649998586813_8046017987150082292_n.jpg
 
Браво за Албанциве (y)

Ама уште стојам на муабетов од вчера..ја гледам групата Ф..

Кога квалификациите би завршиле денес на ЕП ќе играат СЕВЕРНА ИРСКА И ФИНСКА....И Првенство со Северна Ирска и Финска треба да биде престижно ? А бе ајде..а да не збориме и за другиве групи..

Уствари најлошото во ова е што сите екипи играат се подобро и се се поблиску до ЕП само нашиве изгледаат како да немаат шанса за ЕП.. (барем според коментариве низ форумов :D )
 
Не сум ги прател порано Албанија ама овие 2 утакмици што ги гледав ми наликуват на Грција кога освои 2004 европско. Си имат замислена тактика и не одстапуват од неа, + брзи контри....имаа мн шанси за 2-0 во кои немаа срека мислам дека Данците треба да се срекни што извадија бод.
 
Не сум ги прател порано Албанија ама овие 2 утакмици што ги гледав ми наликуват на Грција кога освои 2004 европско. Си имат замислена тактика и не одстапуват од неа, + брзи контри....имаа мн шанси за 2-0 во кои немаа срека мислам дека Данците треба да се срекни што извадија бод.

Порано не беше така, сега откако почна овој квалификациски циклус играат со оваа тактика.
Де Биази има замисла, а реално со мала репрезентација одбраната треба да ти биде најсилна. Да видиме како ќе се развиваат работите понатаму.
 
победата против Португалија на крај може да испадне клучна. Браво (y)
 
Албанија имаше огромна среќа у ждрепката. И се падна најкилавата Португалија во последниве десетина години, многу килава Данска и две „енигми“ - Србија и Ерменија. Овие вториве мислам дека не се кадарни за повеќе од последното место. Србите ме разочаруваат, имаат играчи кои играат во јаки клубови ама испаѓа дека голем дел од нив се преценети. На Албанија и давам големи шанси и за првото место, баражот (трето место) им е осигуран.

Но настрана ждрепката, се глеа работата на Италјанецов, се глеа дека работи со концепт и не е вукојебинска работа ко кај нас.

Кога не спомнав нас и нам исто така мислам дека ни се падна килава и израмнета група, можеби поизрамнета и од онаа со Исланд, Норвешка и Шкотска пред два циклуса. Шпанија е каша попара и ќе изгуби уште бодови на гости, Украина и Словачка се топло-ладно селекции, Белорусија е со слаб квалитет а Луксембург е Луксембург.

Нормално, фината е што моментално ова за Луксембург може да се употреби за Македонија и тоа дека сме најутепаната репрезентација во групата и најутепана генерација откако јас пратам фудбал.

Испаѓа дека беше поарно да останеме на она статус-кво и она четврто вечно место кое го освојувавме. Ова паѓање на дното може(ше) да резултира со коренити промени и план за напредок во наредните циклуси. Но за жал кај нас нема никакви промени, ни па ќе има допрва...
 
Порано не беше така, сега откако почна овој квалификациски циклус играат со оваа тактика.
Де Биази има замисла, а реално со мала репрезентација одбраната треба да ти биде најсилна. Да видиме како ќе се развиваат работите понатаму.
Додека сме кај Албанија, што бидна со проектот за нов национален стадион во Тирана?
DM-Campaign-2-911x440.jpg
 
Додека сме кај Албанија, што бидна со проектот за нов национален стадион во Тирана?
DM-Campaign-2-911x440.jpg

Па ќе се гради, само сега не ми текнува кога почнуваат со рушење на "Ќемал Стафа", затоа го реновираа стадионот во Елбасан, а денеска Еди Рама кажа дека и стадионот во Скадар ќе се реновира.
 
Чудно одат квалификациите до сега, сите големи сили поразени
Покрај најозбилните фаворити, ме чуди и Турција, изгубија 3-0 од Исланд, и 1-2 од Чешка, а да ги гледаме составите на тимовите има ОГРОМНА разлика, истио пример со Полска против Германија или Албанија против Португалија, помаливе земји поуспешни досега :cuc:
 
^ Исланд со Ѓулфи до Франција!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom