Добро во право си дека ќе има еуфорија ама сепак мислам дека во Македонија барем ако по некоја случајност отидеме на ЕП ќе има добар број на луѓе што ќе го намалат успехот поради тоа што повеќе екипи идат на ЕП.@dragonsky
Не би се согласил со тебе во целост. Да, секогаш во завршницата најсилните ќе бидат таму со по некое изненадување, но тоа не го намалува чувството на успех на малите репрезентации, баш мислам дека тие би биле презадоволни да учествуваат макар и само во групната фаза.
Земи си пример, ние да дојдеме до ЕП во фудбал, знаеш ли која еуфорија ќе биде, чувство дека си дел од нешто големо, чувство за успех и натпреварувачки дух.
Па што се деси со државата онаа една недела за едно четврто место во кошарка, спорт кој реално е 10 пати помалце популарен од фудбалот, едноставно е, и малите и слаби репрезентации (па и клубови) се дел од спортот и за нив е успех само да учествуваат (односн ода постанат во лига, за клубовите), евентуално уште поголем успех е да извојуваат некаква историски победа и да елиминираат некој фаворит.
Се сложувам за Дел Боске , им треба некој нов тренер на Шпанија некој со нови идеи , некој што ке направи некои промени и ке го извлече максимот од играчите, не дека Дел Боске не го може тоа ама се гледа дека е презаситен и дека му требат некои нови предизвици , ама типот е легенда во Шпанија затоа и не ме чуди што му ја одбиле оставката како што кажа членот понагоре.Треба да си иде старото од кормилото на Шпанија, уште не ми се верува дека не си даде отказ после светското..[DOUBLEPOST=1412962005][/DOUBLEPOST]
Дали истово ќе го викаш и ако еве ги победиме Украинците во недела ? Или мислиш дека би се вратила надежта за пласман на Европското ?
Зошто мене ми изгледа дека работава како што е тргната и да отидеме на ЕП наместо да се радуваме за историскиот успех, општото мислење ќе биде "Ете на среќа искористивме што има повеќе екипи таму ќе не растурат"
Порано не беше така, сега откако почна овој квалификациски циклус играат со оваа тактика.Не сум ги прател порано Албанија ама овие 2 утакмици што ги гледав ми наликуват на Грција кога освои 2004 европско. Си имат замислена тактика и не одстапуват од неа, + брзи контри....имаа мн шанси за 2-0 во кои немаа срека мислам дека Данците треба да се срекни што извадија бод.
Додека сме кај Албанија, што бидна со проектот за нов национален стадион во Тирана?Порано не беше така, сега откако почна овој квалификациски циклус играат со оваа тактика.
Де Биази има замисла, а реално со мала репрезентација одбраната треба да ти биде најсилна. Да видиме како ќе се развиваат работите понатаму.
Па ќе се гради, само сега не ми текнува кога почнуваат со рушење на "Ќемал Стафа", затоа го реновираа стадионот во Елбасан, а денеска Еди Рама кажа дека и стадионот во Скадар ќе се реновира.Додека сме кај Албанија, што бидна со проектот за нов национален стадион во Тирана?