UEFA Europa League

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Чуден ми е распоредов на финалињава овие пар години.

Погрешен ми делува.

Чудно е како ФИФА за све пробува да максимизира профит и маркетинг, но не и тука.

Среда ЛЕ финале? Туку така? Пред КЛ? Без хајп, додека траат лигите? Аталанта сега играше па сега пак и викендов пак?
Не знам, делува некако...ради-реда.

Едноставно прелогично ми е или ЛЕ да се игра истата недела со ЛШ или да направат можеби сите финалиња да се играат во иста недела.
Нели би било ептен маркетибилно и квалитетно да направат:

Вторник - Младинска ЛШ финале
Среда - Конференциска лига финале
Четврток Женска ЛШ финале (или обратно со погоре да си ги сменат местата)
Петок - Лига Европа финале
Сабота - ЛШ финале

Едноставно сите мечеви ќе делуваат сами по себе поинтересни и маркетибилни во пакет, све ова како води кон главното нешто - ЛШ финалето
Вака тотално и подзаборавив дека е вечер финалето...

Очекувам интересна утакмица, мислам некако сите прелесно ја отпишуваат Аталанта, не би се ни изненадил да успеат да слават или барем да водат голем дел од утакмицата (што не е изненадување за мечевите на Леверкузен годинава :D )
Се надевам ќе иома голови базирано на тоа како играа цела сезона екипиве.

Ако морам да типувам..све нешто ме тера на нерешено после 90 минути
 
И јас мислам дека можат Аталанта да им ги заматат водите на Леверкузен, би требало неизвесно финале да гледаме со многу голови.
 
Не требаше со набсилен состав да излезе Чаби? Ковар, Адли, не ги очекував
 
Двете екипи го заслужуваат трофејов, без многу финансиски средства, со паметно работење и добар менаџмент, се прошетаа до финалево.
 
Значи Леверкузен, штом Аталанта поведоа, ќе тепа.
 
Лукман со овие 2 гола, си ја качи цената за едно 30-40 милиони+ од тоа што вреди...
 
Во Леверкузен има брзи и мобилни фудбалери, во Бундес често играат против пресинг тимови, но цело полувреме не можат да се справат со мен маркингот на Аталанта.


Иако е финале, Гасперини остана доследен на неговиот, ризичен стил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom