UEFA Champions League - Season 2024/25

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
Еве најнови проекции за да може полесно да се прати дали клубовите за кои навиваме можат да бидат во топ8/24, или ПСЖ и Реал за кои многу се зборува, дали ќе бидат во топ 24, односно да поминат понатаму, а за Сити дали ќе биде во топ 8.

За топ24 ќе требаат 10 бодови, за топ8 има солидни шанси со 16, но важна улога за долната граница ќе игра и гол разлика.

Не знам баш во кој правец е пореално да се движи, дали има поголеми шанси да се намалува или зголемува бројот на потребни бодови, но колку што пратев во последните две-три кола, после секое коло беше потребно да се освојат повеќе бодови за сигурен пласман во топ8/24.



Или на најактуелните примери.


ПСЖ ќе треба да победи на две од Салзбург, Сити и Штутгарт. Салзбург му е "сигурна", па ако не тепаат против Сити, одлучувачка ќе им биде гостувањето во Штутгарт. Иако се во тешка ситуација, далеку од безизлезна.

Реал е во многу подобра, треба да освои 4 бодови против Аталанта, Салзбург и Брест.


Сити игра против Јувентус, ПСЖ и Бриж, а му требаат 8 бодови, всушност, нема право ни на Х, доколку не дојде до некои големи промени, за да биде во топ 8. Гостува во Париз и Торино, па ќе треба убаво да се изнамачи за топ 8. Тежок пат имаат пред нив.


ЦЗ ќе мора да освои барем бод против Милан, за да остане во игра и да се надева на победи против ПСВ и Јанг Бојс.


На ДЗ му треба победа против Селтик за да помине понатаму.







П.С. Плус ова за @Stefan-kobe , спомна нешто за Интер и како поминува испод радар.

 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.364
Игра некоја улога на кое место ќе завршиш од првите 8? Ако прво и осмо место водат кон истото тогаш да им ебам сВе.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.936
П.С. Плус ова за @Stefan-kobe , спомна нешто за Интер и како поминува испод радар.
Мислев пред се на форумов. Ама сличен впечаток имам и за јавноста, зашо поише се збори дека Реал и ПСЖ може да го јадат отколку за моменталниот врв во ЛШ.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.698
Игра некоја улога на кое место ќе завршиш од првите 8? Ако прво и осмо место водат кон истото тогаш да им ебам сВе.
И ја сакам да прашам дали влијае кое место си за ждребот понатака??? Пример Баерн завршува 9ти а Реал 24ти ќе имаат шанса да се паднат меѓусебе во 16 финале или пак ќе ги делат по коеф. на слаби и јаки???
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.235
Mislam deka nema, toa mu doaga isto ko vo prethodnite godini da si zavrsil prv vo grupa, najgolemiot benefit e sekako sto direktno si vo 1/8 finale i imas 2 utakmici pomalku, i prvata ja igras kako gostin, ne deka ova denes e nekoja prednost da bideme realni so ogled deka umre praviloto za gol vo gosti. Taka da ne e bitno koe mesto si so toa sto poveke pari dobivas so poveke pobedi radi bonusi i slicno.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
170
Поени од реакции
286
Има врска, во плеј оф фаза тие од 9-16 место играат со некој од 17-24 место. После тоа тие од 1-8 место играат со победници од некој од 9-24, не може од 1-8 одма да се паднат меѓу себе.

Има и улога кое место си завршил во групна фаза за ждребот понатаму (од sky не навлагаат како), и ко што разбирам од напред ќе биде определена рута до финале:

The pairings of the knockout phase will also be partly determined by the league phase rankings, with a draw which lays out the route for teams to reach the final.
Дали има уште правила за ждребот не знам, ја од тука прочитав ова:

https://www.skysports.com/amp/football/news/11945/13211862/champions-league-2024-25-new-format-dates-teams-and-match-schedule-for-expanded-tournament
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.610
Моќен Ливерпул, ги надиграа во секој аспект на фудбалската игра. И пак Реал со нивната среќа, центар немаа пројдено и од нигде никаде пенал кој за среќа на Ливерпул го утна преценетото гомно Мбапе.
Да го дадеше пеналот еМбапе, ќе им ја свртеа и до крај ќе им дадеа 4. Видено милион пати последните 3-4 години.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
Да го дадеше пеналот еМбапе, ќе им ја свртеа и до крај ќе им дадеа 4. Видено милион пати последните 3-4 години.
Ја немаат таа аура оваа сезона, плус тие билдаат форма во нокаут фаза.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.936
Кур ќе скршат сезонава, ем презаситени играчи имаат, ем некоја мутава смена на генерации имаат моментално. До душа и повредите им ебаа мајче реално гледано, имаат доста битни играчи што им се отсутни на долг рок.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
И Камавинга се повреди синоќа, пола тим му е повреден
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.610
Ќе правиме муабет, скоро секоја сезона истата песна ја пеат. Плус нинџа желката мора да влезе во форма до крај на сезона.
Проблемот моментално е повеќе психолошки, не се навикнати на ваква позиција овие играчи, да ги мочаат вака во ЛШ (освен еМбапе секако, него со ПСЖ ги мочаше кој стигне). Гледај им ги фаците, како сите бродови да им се потонати. Порано ќе губеа 2-0 75та минута, ги гледаш се смешкаат, Анчелоти крева веѓа во 80та и прават пресврт до крај. :D
Или па можеби им се потроши таа магија, дај Боже!
 
Член од
12 март 2024
Мислења
170
Поени од реакции
286
Еве ждреб за понатаму според тоа како стојат работите на табела во моментов. Нормално до крај на групна фаза ќе се менува со промени на табела.

D0FA8CBB-CE66-4F99-9157-8B535E76C72E.jpeg
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.364
Еве ждреб за понатаму според тоа како стојат работите на табела во моментов. Нормално до крај на групна фаза ќе се менува со промени на табела.

Прегледај го приврзокот 436672
Сакаш да кажеш ако заврши вака како што е Ливерпул и Интер ќе се паднат меѓу себе? Или па Ливерпул и Интер ќе ги чекаат победниците од Атлетико, Милан, Сити и ПСВ?

Се надевам е второто, зошто ако е првиот нека одат да се убијат.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
170
Поени од реакции
286
Сакаш да кажеш ако заврши вака како што е Ливерпул и Интер ќе се паднат меѓу себе? Или па Ливерпул и Интер ќе ги чекаат победниците од Атлетико, Милан, Сити и ПСВ?

Се надевам е второто, зошто ако е првиот нека одат да се убијат.
Никој од топ8 не игра меѓу себе у следна фаза. Туку второто, прв и втор чекаат победник од 15/16 и 17/18.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom