UEFA Champions League - Season 2021/22

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?

  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .
Член од
3 мај 2022
Мислења
24
Поени од реакции
61
Уште не ми се верува дека Реал Мадрид е во финале... што се случи бе? :pos:

душата им ја испија еј. Со цефче. Колективен емоционален мелтдаун. Можно е заради ова да ја изгубат и титулата во премиер лига. Каков црни Пеп, во бунар е цел тим со психата.
 
Последно уредено:
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Нема поглупо од тоа "Сити нема навивачи", ало, пола стадион на Јунајтед го полнат луѓе од Лондон и Ливерпул.
Друже, оди бе цртај стрипови не се пикај во работи каде што не ти е место да тресиш глупости. Најдобронамерно го велам ова, ништо лично.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.889
Поени од реакции
67.521
Уште не ми се верува дека Реал Мадрид е во финале... што се случи бе? :pos:

душата им ја испија еј. Со цефче. Колективен емоционален мелтдаун. Можно е заради ова да ја изгубат и титулата во премиер лига. Каков црни Пеп, во бунар е цел тим со психата.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.174
Поени од реакции
2.796
Поглупава статија немам прочитано.

https://sportmedia.mk/2022/05/05/дали-пеп-навистина-е-толку-добар-трене/

ДАЛИ ПЕП НАВИСТИНА Е ТОЛКУ ДОБАР ТРЕНЕР ИЛИ Е САМО ОБИЧЕН ЛУЗЕР?
Пишува: Зоран Ѓоршоски

Ова е веќе смешно, да не кажеме трагично. После оној епски меч синоќа на “Сантијаго Бернабеу“, на кој Реал на спектакуларен начин го победи Манчестер Сити и се пласира во финалето во ЛШ, Пеп Гвардиола служи за потсмев во медиумите. Дури и оние на Островот, па и во неговата Каталонија го нарекуваат Пеп – ЛУЗЕРОТ.

Цели единаесет години тој Пеп не може да го освои „ушлето“ во ЛШ. Иако во Баерн и во Сити потроши МИЛИЈАРДИ И МИЛИЈАРДИ, тој и натму се гордее само со двата пехари со Барса од 2009 и 2011. Да, во таа Барса во која играа Меси и компанија, кога Барса беше убедливо најдобра во светот. Кога некој друг ги постави темелите на таа Барса. Некој што се вика Франк Рајкард.

Други ќе кажат дека тоа било по заслуга на Пеп, дека Пеп е најдобриот тренер во светот, некои велат и во историјата зошто тој го сменил фудбалот…

Како да не?

Пеп е само еден обичен ЛУЗЕР!

Како може поинаку да се протолкува она што тој синоќа го направи на “Бернабеу“, освен дека тој и само тој е виновникот за елиминацијата на Сити.

Секоја чест за најголемиот клуб во светот, за КРАЛОТ, за се она што го претставува Реал Мадрид, но Пеп имаше се во свои раце и на крај се упропасти.

Има ли некој да му каже на Пеп дека се додека упорно форсира игра со “лажна деветка“ во Сити, тој ќе губи и натаму како што и синоќа загуби, на мечеви кои се нарекуваат епски.

Ете му го Грилиш за кого плати 100 и повеќе милиони фунти, ете му го Стерлинг или било кој…

Својата нервоза ја пренесе на играчите, на моменти се губеше, не знаеше што сака.

Уште треба да учи…и тоа од Дон Карло.

Тоа е таа школа на успешни и перфектни тренери како што е Карло Анчелоти.Сталожен, мирен, во даден момент прави потег што носи победа.

Искрено Пеп со таа екипа на Реал како тренер нема да ја мине ни групната фаза во ЛШ, а Дон Карло стигна до финалето.

Некој ќе рече па тој Пеп е цар во Премиер – лигата…секоја сезона е шампион, освен пред една година кога Ливерпул му ја “украде“, дека беше цар и во Бундес – лигата со Баерн Минхен.

Одговорот е во другите клубови. Во Јунајтед го нема Фергусон, во Арсенал го нема Венгер, Ливерпул сега се дига со Клоп, а Челзи како Челзи…

И затоа нема конкуренција, посебно не кога ќе истуриш милијарди и милијарди.

Пеп е добар тренер, тука нема дилеми, но далеку од тоа е дека нај, нај, нај…дека е фудбалски револуционер, дека е едноставно перфектен.

Погледнете само на каков начин губи во ЛШ во изминатите 10-11 години и се ќе ви стане јасно.

Аматерски…

Сега ајде по уште една титула во Премиер – лигата…

А во летниот преоден рок уште некоја милијарда за нови играчи…

А во Париз на “Сент Дени“, на 28 мај, Дон Карло и Јирген ќе решаваат кој ќе биде новиот европски фудблски ХЕГЕМОН.

Е, тоа се ТРЕНЕРИШТА…
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.953
Поени од реакции
23.809

Вакви линкови и текстови не вредат ни да се споделат.
Спортмедија, заедно со спортски.мк за мене се едни од најужасните спортски портали во МК. Овој "управителов" на спортмедија со текстов делува ко спортската верзија на Саше Политико.

Колку само реклами има, о боже! :facepalm:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Досега единствен македонски спортски медиум што го немам блокирано е gol.mk
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.118
Поени од реакции
4.119
Од Зоран Ѓоршоски помизерен уредник нема, стилот на пишување на текстови му е да повратиш.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.968
Поени од реакции
8.192
Секој човек што ќе си постави било какво прашање за квалитетите на Пеп или Клоп треба да си постави прашање за својот разум.
 
Член од
3 мај 2022
Мислења
24
Поени од реакции
61
Секој човек што ќе си постави било какво прашање за квалитетите на Пеп или Клоп треба да си постави прашање за својот разум.
Ќе видиш разум сеа кога ќе те попари Бензема во финале. :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.712
Да бидеме реални Ливерпул секако ќе беше печен да изгуби и да беше Сити во финале, пошто е најслаба екипа од трите моментално, не би ме чудило и лигата да ја изгубат од тоа што видов малку против Брајтон и Тотенхем.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
399
Поени од реакции
310
Да бидеме реални Ливерпул секако ќе беше печен да изгуби и да беше Сити во финале, пошто е најслаба екипа од трите моментално, не би ме чудило и лигата да ја изгубат од тоа што видов малку против Брајтон и Тотенхем.
Не би рекол дека се наслаби не знам од каде ти е таа констатација можи и да се речи во изминатиов период да беше екипа во најдобра форма од 3 .
И како тоа да ја изгубат титулата во ПЛ оваа сезона кога никогаш не беа пред Сити впрочем до извесен период и имаа солидна предност пред Ливерпул сама добрата форма ги врате во игра претпоследниве кола.
А што се однесува до финалето му давам мала предност на Ливерпул 55-45 пред се очекувам блага доминација од нивна страна а сега не дека Реал нема шанса да победи ама според мене благ фаворит ми е Ливерпул.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom