UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Не дека и јас го потценувам Модриќ ама мислам дека сепак не требаше да ја добие оваа награда. Беше најдобар на СП, таа награда е 100% заслужена. Ама за најдобар во 2018? Не би рекол и не очекував.

Порано имаше каков-таков критериум кога се даваа овие награди. Или се даваше на стварно најдобриот без разлика на трофеите (како Ривалдо во 1999) или се даваше на некој од клуб или репрезентација што постигнала најмногу (Канаваро во 2006 поради СП, и тоа пред Роналдињо кој беше во топ форма).

Модриќ сигурно не е објективно најдобар на свет. Ако наградата оди по тој критериум, пак Меси е прв фаворит, па Роналдо. Па и Мбапе, Салах, Гризман и др. би биле пред Модриќ.

Ако па се дава според трофеите, требаше да оди кај некој од Франција. Нема повреден трофеј од СП. Ако се оди по тој критериум Гризман е логичен избор. Плус освои и ЛЕ со Атлетико. Не знам зошто непреведно е игнориран.

Свесен си дека не се согласуваш со тоа што Модриќ освои,а колку толку се согласуваш со тоа што Канаваро освои?
Башка што правиме муабет веќе за две различни награди.
 
^ Не го спомнав Роналдо, се убацив у муабетов ради тие ретардирани коментари што повеќе членови тука од Барса ги тераат, "индивидуално најдобриот играч" , што игра у најколективниот тим ? Не иде едно со друго... иначе за Роналдо прав си, само што он колку толку со Португал со тим реално каде-каде послаб "индивидуално" :icon_mrgr: изанализиран од Аргентина со Игуаин, Агуеро, Ди Марија, Дибала... и остали , успеа да овои Европско првенство у време на шо викаш ти машината Германија шо им зема на Аргентина финале 2 год пред тоа... и плус викам стај на страна светско , шо е со Копа Америка ? Барем тоа како "индивидуално најдобар у свет" играч требаше една барем да ја истера сам , па макар со соиграчи собрани од Бока и Ривер, нели ?

Тоа ми засмета шо се прават тука некои со сила нешо, ама ги разбирам до негде убав е филмот у кој си живеат комфорно дека се следбеници и обожаватели на богоТ Меси :D ќе.дојде друг што ќе се уклопи у оваа машинерија на Барса после Меси, што ќе игра тимот за него ( Нејмар за некоја година подрани :)) ќе му ги симне бројките колку-толку ( освен ако игра и тој 20 год за Барса) па ќе го забораите брзо богов

За три години три финалиња изигра Аргентина со Меси. Од Германија у продужеци изгуби, другите две на пенали, а пеналите знаеш дека се лотарија. Некогаш не е потребно да имаш само добри индивидуалци во тимот, потребно е многу повеќе од тоа, хемија во тимот, добар тренер, итн...
Роналдо ете освои Европско без 1 минута пројдено на терен у финалето, и тоа против тим каков што има Франција, кои воедно беа и домаќини на тоа Европско. Така да тоа доволно говори дека може се да се деси во едно финале.

Кога збориш за Меси во Барса, имам впечаток како да си ги рипнал последните 4 негови сезони. Зашто веќе некое време тимот не игра за него, туку он е тимот, он е тој што ги носи на грб, и не само со голови туку со многу други работи што ги прави на терен. Да не беше Меси последниве неколку сезони, прашање е Лш место дали ќе фатеше тимот, а не титули у Ла Лига да освојуваше при врв тимови на Реал и на Атлетико Мадрид.

Има тука доста момци што навиваат мнооогу пред Меси и да се појави воопшто во Ла Масија, а не во првиот тим на Барса, така да исто ќе биде и по него, само што доволно сме свесни дека долги години ќе поминат дур повторно се појави таков фудбалер во дресот на Барса.
 
@Sawyer88
Како требало да земи Гризман или некој што освоил титули,а во 2010та беше во ред да овои Меси и покрај тоа што Снајдер освои се што можеше да се освои со Интер и играше финале на СП?
 
@Sawyer88
Како требало да земи Гризман или некој што освоил титули,а во 2010та беше во ред да овои Меси и покрај тоа што Снајдер освои се што можеше да се освои со Интер и играше финале на СП?
Исто и Роналдо зеде пред Рибери што освои се. Ова е индивидуална награда, за тимски титули си има колку сакаш. Но, најчесто ја добива тој што освоил титули со тимот и така се губи значењето.
 
@Sawyer88
Како требало да земи Гризман или некој што освоил титули,а во 2010та беше во ред да овои Меси и покрај тоа што Снајдер освои се што можеше да се освои со Интер и играше финале на СП?

Пишав веќе погоре дека во 2010 не требаше да земе Меси. А сигурно дека не требаше да земе ни Снајдер. Чави или Иниеста мораше да биде изборот таа година.[DOUBLEPOST=1537982884][/DOUBLEPOST]
Свесен си дека не се согласуваш со тоа што Модриќ освои,а колку толку се согласуваш со тоа што Канаваро освои?
Башка што правиме муабет веќе за две различни награди.

Не се две различни награди. Канаваро ги зеде двете таа година, и таа на ФИФА и Златната топка.

Работата не е за Канаваро, работата е за критериумите. Таа година е добра за пример зашто покрај еден Роналдињо кој беше во топ форма наградата ја освои Канаваро. СП имаше најголема тежина очигледно и беа решени да ја дадат наградата на некој од Италија. За мене Пирло или Буфон секако ќе беа подобар избор. Ако гледаме по тие критериуми, нема причина зошто Гризман или некој од главните играчи на Франција да не биде најдобар.
 
Пишав веќе погоре дека во 2010 не требаше да земе Меси. А сигурно дека не требаше да земе ни Снајдер. Чави или Иниеста мораше да биде изборот таа година.[DOUBLEPOST=1537982884][/DOUBLEPOST]

Не се две различни награди. Канаваро ги зеде двете таа година, и таа на ФИФА и Златната топка.

Работата не е за Канаваро, работата е за критериумите. Таа година е добра за пример зашто покрај еден Роналдињо кој беше во топ форма наградата ја освои Канаваро. СП имаше најголема тежина очигледно и беа решени да ја дадат наградата на некој од Италија. За мене Пирло или Буфон секако ќе беа подобар избор. Ако гледаме по тие критериуми, нема причина зошто Гризман или некој од главните играчи на Франција да не биде најдобар.

Класично вртење на муабетот од претходниот пост.
 
>СП има најголема тежина;
>Најдобар играч на СП беше Модриќ;
>Наградата требаше да ја земе Гризман, кој патем не се издвои ништо повеќе од другите играчи на Франција.
Логично :kafence:
 
Класично вртење на муабетот од претходниот пост.

Зошто? Каде го завртев муабетот?

>СП има најголема тежина;
>Најдобар играч на СП беше Модриќ;
>Наградата требаше да ја земе Гризман, кој патем не се издвои ништо повеќе од другите играчи на Франција.
Логично :kafence:

Освоено СП има најголема тежина.
 
Добро изигра Гризман со Карабак не знам зашто не го избраа пред Лука, а и Коке супер сезона изигра, се изнатрча и тој требаше место Канте во 11-ката да го стават.

Овде врни, таму врни ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Официјално од УЕФА, дополнителна казна за Роналдо ќе нема, ќе паузира само со Јанг Бојс и ќе биде спремен за Јунајтед.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom