UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Каков си ти шампион што не можеш на Акинфеев гол да му дадеш?
 
Малку и среќа немаше Реал вчера. Откако си отиде Роналдо останаа без водач. Се е ок, јаки фудбалери, мајстори на игра ама овој Реал засега без карактер. Добар или лош Кики му го даваше тој печат.
Јунајтед силен ама џабе, без жар без идеа. После толку години јалова и несигурна игра, тоа почна да му се одразува и на ДеХеја.
Сити к'сметлија, каков подарок при крај на мечот!
Рано е, ќе се сложат коцките и ќе си пројдат фаворитите. Единствено Јунајтед може да киксне, макар што не ми се верува, а и да биде трет, Мурџо ќе каже дека оди на ЛЕ!
 
Од толку мечеви синоќа ја баш најдов Манчестер и Валенсија да ги гледам. :rolleyes: Поарно Бандини да си пуштев...

Не верувам дека ќе испаднат во групата Јунајтед ама срамно е да не можеш да победиш ваква отепана Валенсија. Точно дека Рашфорд погоди пречка, ама и без тоа ништо не одиграа за да кажам дека немаа среќа. Вака најреално 0-0. Ако не го избркаат Мурџо, а не верувам ни тоа, Јувентус ќе ги згази.

Реал и Баерн веќе пишав дека не ги сметам за фаворити во ЛШ оваа сезона. На Реал му фали Роналдо, оваа сезона ептен ќе се осети тоа. Баерн ќе го изеде и оваа сезона тоа што си е во комфорт зона во Бундес лигата. А и не направија некој асален ремонт во тимот, ни па зедоа топ тренер.

Дечките од Ајакс сега за сега изненадија. Добра шанса имаат за осминафинале, да не се избламираат само со Бенфика.
 
Јунајтед силен
Оноа вчера ако беше силен Јунајтед, загрижува тоа до кај сте стигнале како фанови :D
Хајлајт на натпреварот беше кога при вклучување за второ полувреме коментаторот рече првото полувреме практично ко да не се ни играше, ништо не се случи :pos:
 
Оноа вчера ако беше силен Јунајтед, загрижува тоа до кај сте стигнале како фанови :D
Хајлајт на натпреварот беше кога при вклучување за второ полувреме коментаторот рече првото полувреме практично ко да не се ни играше, ништо не се случи :pos:
И самиот знаеш какво мислење имаат грото навивачи на Јунајтед за играта, ама нели мораш да го најдеш тој еден што ќе се издвои со вакви постови јер лајкови не доаѓаат сами по себе.
 
Намерно така :)
Не навистина ништо немаше да ме чуди од исходот на натпреварот, Валенсија се мизерни ама пак имаат 0 бодови во групата и очекувано беше да се борат па макар и нерешено да извадат, од друга страна пак Јунајтед се во хаос со Мурињо ама сепак ЛШ е ова и на Олд Трафорд не е лесно да се земат бодови, на крај испадна нерешениот резултат најреален :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Абе се тоа во ред ама нема член на форумов кој не може да пише таков пост, тоа ми беше муабетот :)

Каков најреален Х, двете екипи треба суспензија да добијат од УЕФА за мизеријата.
 
The last Barça player other than Messi to score an away goal in Europe was Gerard Piqué against Borussia Mönchengladbach in September 2016. Arda Turan also scored in that game. Since then, it's been all Messi.
 
Најјако беше синоќа за тие што гледаа Јунајтед-Валенсија на Арена1, минута пред да заврши натпреварот, рикна преносот ставија слика од Лион-Шахтјор :LOL:.
И самиот пренос не го издржа тој атомски фудбал што го играа двете екипи.
 
Најјако беше синоќа за тие што гледаа Јунајтед-Валенсија на Арена1, минута пред да заврши натпреварот, рикна преносот ставија слика од Лион-Шахтјор :LOL:.
И самиот пренос не го издржа тој атомски фудбал што го играа двете екипи.
Срамота ќе биде ако Јуве не освои максимум бодови во ваква група..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom