Не си во право за ова, да знаеш. Роналдо ја направи најпаметната работа во неговата кариера. Напуни 34 години и почна да му тежи газот, остај ги муабетите дека имал физикус како 20 годишен и дека можел да игра на исто ниво до 40 години, празни муабети се тоа. Во Ла Лига имаше период кога не можеше да помине обичен играч, Зидан го увиде тоа и дури и го одмараше во клучниот дел од сезоната. Затоа последните 2-3 сезони имаш Роналдо со две лица, на почеток на сезона кога ги игра сите утакмици и има 0 голови во групна фаза, и во клучниот дел на сезона кога Зидан го ротира и има 11 гола во елиминациона фаза. Со оглед на тоа што Зидан прв го напушти бродот што тоне, единствено нешто за Роналдо беше да си иде од Реал. Зашто без разлика дали он ќе останеше или не, Реал истово ќе го снајдеше што го снаоѓа сезонава. Неминовна беше кризава, стигнаа до точка кај што единствено можеше надоле да се иде, и кога ќе потонеа ОН ќе беше ставен на мета сигурно. Така да од секаков можен поглед, и од финансиски и од фудбалски, Роналдо го направи најпаметниот потег во неговата кариера.
Почна и него да го стига реалноста дека веќе не може да се натпреварува со најголемите, поготово во Реал Мадрид и успехот кој го направи со нив. Не ги потценувам Јувентус, али очекувањата не се исти кога играш во Реал Мадрид и во Јувентус. Затоа човекот си отиде во клуб, кој што е во топ 5 клубови во Европа секоја сезона, во клуб кај што секоја година ќе освои минимум две титули, клуб кој му даде еден ТОН пари, што преку плата, што преку спонзорски договори, клуб во кој што фановите го почитуваат како играч, и најважно клуб што ќе му овозможи НА ХАРТИЈА да се натпреварува сеуште со најдобрите.