Марли, види ја сликата на Некој, јас не можев да ја најдам за да ја ставам. Чист фаул е она врз Вирџил за првиот гол, мислам кога веќе се плаче, нека се става на вага се.
)))) срамота е некој да те оддува 5-1 а да спомнеш било каква одлука и да, истово мислење би го имала и Јунајтед да беше на местото од Сити во двомечот.
Сане, КДБ, Силва, бледи беа, неконкретни, не дека не беа опасност ама разлика небо земја од првата полусезона. Добро забележа некој дека КДБ откако потпиша нов договор е послаб него што беше мада и заморот може да го прави своето. Друго, Пеп ја згреши во првата текма и тука треба да си ја бара грешката, каде со Лапорт лево и Сане пред него, зјап од тука до Марс се отвори и нормално Салах едвај чека такво нешто.