UEFA Champions League 2017/18

Статус
Затворена за нови мислења.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Да постигнеше гол Сити ќе имаше каква таква шанса, вака нема никава. Поголема има Севиља против Баерн.
Да, да, секако. :facepalm::facepalm::facepalm:
Имаат шанса Севиља да јадат 5 парчиња на Алијанц. За сите циганчења и глумења пред 2 дена.

Што е сосема спротивно од тоа што Сити можат да се повампират, но дали ќе се е сосема друго прашање...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.715
Тоа праиш брат, ти ја дискредитираш играта на Ливерпул, направи дека Пеп сам се победи утакмицава. Едноставно, не можеш така да гледаш, затоа што Ливерпул два пати го добива Сити, не е случајност, нит е затоа што Пеп sam sebe go ubijal.

Ако веќе го спомнуваш Јунајтед, можеш да кажеш и дека истиот беше издоминиран од Монтела во возвратен дуел, нешто што и тогаш се деси, се дискредитираше играта на Севиља и тоа што го напраи Монтела со што се нафрлија сите на Мурџо дека бил отиде, ваков таков.[DOUBLEPOST=1522883273][/DOUBLEPOST]П.С. Знаеш кои два тима му дадоа три или повеќе голови на Сити оваа сезона, во сите конкуренции?
Секој тим си има своја слаба страна, очигледно оваа на Сити е Ливерпул.

Но овој Сити, со најгенијалниот тренер и филозоф што некогаш се појавил нали, со толку пари и толку играчи, мора да има и лек за таа слабост. Зошто сепак вашите бекови и средниот ред освен Хендо, се милји оддалечени од тие на Сити. Не го потценувам успехот и резултатот на Ливерпул, воопшто, туку баш напротив со тоа што ти потенцирам дека квалитетот не ви е колку на Сити, му давам поголема тежина и на резултатот.

Tрет пат во пет сезони му се дешава на најгенијалниот ваков blowout во ЛШ, а лани Монако му направи камбек у вториот меч на тежина на тој каков што он ќе се обиде да направи сеа против Ливерпул.

Значи сепак има и до него нешто, не може бе за другите кога ќе отпаѓаат константно да биде дека фејлуваат, а за Пеп увек да има оправдања...

п.с. знам кои два, Ливерпул во ПЛ и Ливерпул во ЛШ :icon_lol:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Абе водиш инает ко за Канте, не знам дали се осеќаш. Ќутиш за Пеп цела сезона, пола обид од реченица немаш пишано и добив прв шамар, па се појави да го критикуваш како бил извикан тренер и што ти јас знам. Втора сезона му е во ПЛ, дојде и ја покори ко никој у задње време, па сеа за парите ќе се фаќаме. Пари и Мурињо потроши, пари и Клоп потроши, Конте 200 милиони потроши и сеа Пеп зошто добил прво шамарање У АПРИЛ, се појавивте со днопертизите. Не е во ред, поготово не сезонава.
 
R

red.devil

Гостин
Тоа праиш брат, ти ја дискредитираш играта на Ливерпул, направи дека Пеп сам се победи утакмицава. Едноставно, не можеш така да гледаш, затоа што Ливерпул два пати го добива Сити, не е случајност, нит е затоа што Пеп sam sebe go ubijal.

Ако веќе го спомнуваш Јунајтед, можеш да кажеш и дека истиот беше издоминиран од Монтела во возвратен дуел, нешто што и тогаш се деси, се дискредитираше играта на Севиља и тоа што го напраи Монтела со што се нафрлија сите на Мурџо дека бил отиде, ваков таков.[DOUBLEPOST=1522883273][/DOUBLEPOST]П.С. Знаеш кои два тима му дадоа три или повеќе голови на Сити оваа сезона, во сите конкуренции?
Не е и ЕлНињо далеку од вистината. Ливерпул изигра маестрална партија ама па од друга страна Сити беше блед во напад како никогаш повеќе. Океј, ова може да звучи како да ја дискредитирам одбраната на Ливерпул - што не ми е целта, но како што даде пример кој два тима дале три или повеќе голови против Сити, исто може да те прашам од кого прими петарда Ливерпул сезонава? И не само тоа, Ливерпул лагано прима по два-три голови скоро секое коло во лигата, па затоа остава простор да се запрашаш дали толку се подобрил Ливерпул дефанзивно на чело со киксерите Ловрен, Кариус и ТАА или другиве изиграле млитаво.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.909
Поени од реакции
41.133

Ливерпул прими петарда заради црвениот на Мане, а и целиот тим играше многу лошо тој период.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Колку може Пеп да смени сега?
Резултатот е 3:0 и играат дома, сигурно нема да им ја остава топката и да ги лови на контри.
Со таков пристап може лесно да попие гол, па да се чеша кај што не го јаде.
Единствена шанса им е гол до 15-20 минута, после да ги стават у шише и брзо да ја стигнат предноста. Ако првите 45мин. завршат 1:0 , тешко враќање.
Наградно питање: Кој ќе го мења Хендо кај Ливерпул? Не е толку до него, колку до наоѓање човек што ќе го блокира КДБ. Макар што може е и добро што ќе се мења неговиот чувар. Задача плус за Сити и Пеп, да предвидат кој и како?
Симптоматично, Сити со два различни пристапи, двапати го окрка од Ливерпул.
Што е лекот?
Оти вчера во двете полувремиња имаше сосема различен пристап на Ливерпул, па Сити не успеа да го погоди голот, не па гол да постигне.
Имаше овде замерки оти почнал без Стерлинг, видовме во второ колку он ја крена играта.Се полигави троа и толку.
Како и да е, ова ќе биде единствен натпревар во кој колку толку се можни прашалници.
 
R

red.devil

Гостин
Ливерпул прими петарда заради црвениот на Мане, а и целиот тим играше многу лошо тој период.
По фиромски изговор не можеше да најдеш.
Исто као сеа некој да кажи Ливерпул вчера победи зошто дадоа прв гол што беше офсајд а Сити имаа лош ден.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.909
Поени од реакции
41.133
По фиромски изговор не можеше да најдеш.
Исто као сеа некој да кажи Ливерпул вчера победи зошто дадоа прв гол што беше офсајд а Сити имаа лош ден.
Не е изговор, таква беше состојбата, тимот не ја имаше тогаш оваа самодоверба сега што ја има, неспоредливо е тогаш и сега. И Ван Дајк да не го заборавиме, голем апгрејд на одбраната.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.715
Абе водиш инает ко за Канте, не знам дали се осеќаш. Ќутиш за Пеп цела сезона, пола обид од реченица немаш пишано и добив прв шамар, па се појави да го критикуваш како бил извикан тренер и што ти јас знам. Втора сезона му е во ПЛ, дојде и ја покори ко никој у задње време, па сеа за парите ќе се фаќаме. Пари и Мурињо потроши, пари и Клоп потроши, Конте 200 милиони потроши и сеа Пеп зошто добил прво шамарање У АПРИЛ, се појавивте со днопертизите. Не е во ред, поготово не сезонава.
Далеку е ова од Канте.

Пишав вчера а можеш да видиш и во темите за ПЛ и оваа што сум пишал кога газеа и кога се шеташе низ ПЛ. Дека конечно ќелавицата игра асален фудбал без да пробува да измисли топла вода, дека се опамети и дека го исполнува максималниот потенцијал на тимот, а и плус од тоа, со повампирувањето на играчи ко Стерлинг, Данили и Делф. Но пишав дека и сеуште може да го префатат неговите и да се изглупира во клучен момент.

И лани пишав дека Сити го имаше најакиот индивидуален тим и со тие играчи ко Забалета и слични, ама Пеп измислуваше топла вода. И тогаш почна фуриозно се сеќаваме сите, ама после почна да измислува нови формации и чуда и се посра. Годинава неколку пати проба да комплицира во лигата, се вадеше, на шампионскиот менталитет кој го добија сезонава.

Ама еве, во ЛШ повторно му се дешава истото. Ама ај, ќе ја деградираме ЛШ, пошто не му иде во планот на најдобриот филозоф. Преку кур од whitewashing-от за него ебате, за Курињо, Клопхехе и Контехехе милион пати поголеми смејурии и хејтања има кога ќе кикснат.

Овој не киксна до сеа, ама еве беше исчукан пак. Но и покрај ќотекот има и тоа какви услови за да постигне огромен подвиг и да се врати од овој резултат и да ме заќути. За да го направи тоа не треба ништо посебно во делот на спремањето на својот тим освен што треба да игра нормална формација, каква што играше цела сезона.

А не ко таа вчера, види ги тие „топлинските“ мапи, сите напикани во средина, со отсечен Сане и некорисен Жезуз.

Тука има дел и Клоп со својата одлична тактика, ама ако е толку јак Пеп колку што се смета дека е јак, ќе биде премногу трета утакмица по ред да биде издуван од ист противник и трета сезона во пет да биде издувуван од ЛШ со дебакли...
 
Нињо, генијалноста и лудоста имаат тенка граница. Многу лесно е после војна да сме генерали и да збориме дека се изглупирале и слично. Неговите експерименти и лудости сезонава ја издоминираа лигата. Сега еден кикс и ајде пак се глупирал. Извини вака, ама ај биди менаџер ти и не се глупирај, нареди ги сите WWWWWWWWWW..... со „нормална“ формација па да му покажиш и нему а и на нас практично како се прави тоа а не критики после еден кикс во цела година.
Лесно е од позади тастатура после завршен натпревар да исправаме криви дрини. :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не е и ЕлНињо далеку од вистината. Ливерпул изигра маестрална партија ама па од друга страна Сити беше блед во напад како никогаш повеќе. Океј, ова може да звучи како да ја дискредитирам одбраната на Ливерпул - што не ми е целта, но како што даде пример кој два тима дале три или повеќе голови против Сити, исто може да те прашам од кого прими петарда Ливерпул сезонава? И не само тоа, Ливерпул лагано прима по два-три голови скоро секое коло во лигата, па затоа остава простор да се запрашаш дали толку се подобрил Ливерпул дефанзивно на чело со киксерите Ловрен, Кариус и ТАА или другиве изиграле млитаво.
Да не звучам сеа и јас ко идиот и да биде „па се фаќаш за еден збор“ ама со доаѓање на ВВД, одбраната се зацврсти. Имаме примено 13 гола на 16 натпревари, меѓу кои ни се и три утакмици од ЛШ, што и не е така лошо. Може подобро, да ама не е за фрлање, ако земеме во предвид каков очај бевме пред да го зеееме ВВД.

Секогаш, при секоја победа на оној тим кој што не е фаворит а реално Ливерпул не е у двобојот со Сити можеме да кажеме дека андердогот добил пошто фаворитот имал слаба партија.[DOUBLEPOST=1522959720][/DOUBLEPOST]
Далеку е ова од Канте.

Пишав вчера а можеш да видиш и во темите за ПЛ и оваа што сум пишал кога газеа и кога се шеташе низ ПЛ. Дека конечно ќелавицата игра асален фудбал без да пробува да измисли топла вода, дека се опамети и дека го исполнува максималниот потенцијал на тимот, а и плус од тоа, со повампирувањето на играчи ко Стерлинг, Данили и Делф. Но пишав дека и сеуште може да го префатат неговите и да се изглупира во клучен момент.

И лани пишав дека Сити го имаше најакиот индивидуален тим и со тие играчи ко Забалета и слични, ама Пеп измислуваше топла вода. И тогаш почна фуриозно се сеќаваме сите, ама после почна да измислува нови формации и чуда и се посра. Годинава неколку пати проба да комплицира во лигата, се вадеше, на шампионскиот менталитет кој го добија сезонава.

Ама еве, во ЛШ повторно му се дешава истото. Ама ај, ќе ја деградираме ЛШ, пошто не му иде во планот на најдобриот филозоф. Преку кур од whitewashing-от за него ебате, за Курињо, Клопхехе и Контехехе милион пати поголеми смејурии и хејтања има кога ќе кикснат.

Овој не киксна до сеа, ама еве беше исчукан пак. Но и покрај ќотекот има и тоа какви услови за да постигне огромен подвиг и да се врати од овој резултат и да ме заќути. За да го направи тоа не треба ништо посебно во делот на спремањето на својот тим освен што треба да игра нормална формација, каква што играше цела сезона.

А не ко таа вчера, види ги тие „топлинските“ мапи, сите напикани во средина, со отсечен Сане и некорисен Жезуз.

Тука има дел и Клоп со својата одлична тактика, ама ако е толку јак Пеп колку што се смета дека е јак, ќе биде премногу трета утакмица по ред да биде издуван од ист противник и трета сезона во пет да биде издувуван од ЛШ со дебакли...
Јас те сфаќам, само што ти кажав неколку пати, не е во ред да се ќути цела сезона или да се пишува „вовово супер е, конечно му дојде памет“ и да изјебе една утакмица, па да никнувате ко кокичиња.

Нема врска, батали!
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.715
Јас те сфаќам, само што ти кажав неколку пати, не е во ред да се ќути цела сезона или да се пишува „вовово супер е, конечно му дојде памет“ и да изјебе една утакмица, па да никнувате ко кокичиња.
!
Па немаше за што да биде критикуван, за што да го критикувам, за носењето монтка под елек ко Зидан?

Сеа ја заеба и затоа.

Нињо, генијалноста и лудоста имаат тенка граница. Многу лесно е после војна да сме генерали и да збориме дека се изглупирале и слично. Неговите експерименти и лудости сезонава ја издоминираа лигата. Сега еден кикс и ајде пак се глупирал. Извини вака, ама ај биди менаџер ти и не се глупирај, нареди ги сите WWWWWWWWWW..... со „нормална“ формација па да му покажиш и нему а и на нас практично како се прави тоа а не критики после еден кикс во цела година.
Лесно е од позади тастатура после завршен натпревар да исправаме криви дрини. :)
Па добро сеа, ние сме сите аматерски експерти, Џони беше судија, Џонра беше играч, ама ги избркавме...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom