Ова ако не е тролање тогаш уште едно нешто треба да смениш. Има и други добри спортови, не мора фудбал па фудбал.
Инаку не е муабетот ние дали се буниме, дали сме фанови на Јуве, на Реал, Барса или Арсенал. Поентата е дека МТВ како сериозен медиум што се прокламира не смее изборот на еден натпревар да го направи врз основа на таква субјективна причина, а тоа е играњето на македонски играч во Галатасарај. Тоа може секој дома да си го направи и да го гледа Пандев или Ибраими ако му е по ќеиф, телевизијата која е државна, што значи во сопственост на народот при ваков избор треба да се води од објективни мотиви, а сите такви укажуваат дека натпреварот Атлетико-Јувентус треба(ше) да биде пренесуван.
Глупаво е повеќе да се дискутира на темава, фала богу имаме интернет па може да си гледаме што сакаме. Јас пред се им пишав на МТВ на фејсбук поради дедо ми, човекот нема каде да го гледа Јуве сезонава и пред да видам дека ќе даваат Арсенал-Галатасарај јас му реков дека сигурно на МТВ ќе може да ги гледа Јуве за првпат. Исто многу ме изнервира самоволието кое го прикажаа кога ми одговорија кога рекоа дека "не морале да ми објаснуваат зошто го избрале тој натпревар, но ајде ќе ми се смилувале"
Не им е јасно изгледа дека тие постојат за гледачите, а во овој случај очигледно отидоа против мнозинството.