UEFA Champions League 2014-15

Кој ќе освои ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.244
Поени од реакции
16.698
Ја го немам гледано Јувентус од кога последен пат играа меѓу себе лани есента, така да не можам да кажам какви промени се случиле во играта, иако се сеќавам тврди утакмици беа и двата натпревари. Она што го видов од првата утакмица против Монако е лошиот финиш, и Видал и Тевез и Мората утињаа чисти шанси. Тука Атлетико ги има Гризман и Торес. За овој вториов не ми е воопшто јасно зошто не доби стартна позиција, на првиот меч кога влезе во 70 и некоја три чисти шанси имаше против Реал, тука се и утакмиците од купот кога уште у прва минута ни го збибери во двете полувремиња, а Гризман не знам од кои причини го извади уште во 60 та минута. Така да тоа што Атлетико не личеше на себе овој пат против Реал се должи на некои нерационални одлуки на Симеоне и можеби физичкиот замор на тимот, пошто јас немам видено екипа да игра толку силен пресинг цели 90 минути против Реал ко што тоа го прави Атлетико, со страст играат против нас. Тука значи слободно можам да кажам се класа над вас. Втора ствар е што Атлетико е можеби единствениот тим на планетава кој што игра совршена одбрана без грешка, па дури и голов што го примија не беше по грешка туку ко резултат на индивидуалните способности на Роналдо и Хамес и присебноста на Чичарито. Ко факт можеш да ја земеш прошла сезона кога играа 6 утакмици со Барса од кои 5 завршија нерешено и една со нивна победа, вклучувајќи ја тука и утакмицата која одлучуваше за титула и која се играше на Камп Ноу.
Значи не викам дека Атлетико се подобар тим и дека вие немате шанси против Реал, напротив се може да се деси, а многу зависи и од тоа како Реал ќе изигра, туку ги истакнувам сегментите од играта кои ги имаат усовршено до перфекција. Еве ти изјава на Анчелоти http://futbol.as.com/futbol/2015/04/24/champions/1429880377_633561.html
кај што кажува треба да играме против Јувентус идентично ко против Атлетико, значи можно е да искочи со 4 - 4 - 2 и да игра Реал стрпливо и да чека на ваша грешка. Бар сезонава мислам дека тоа го научија после бројните порази и нерешени со Атлети.
Епа само тоа што Анџелоти изјавува дека треба да играте како Атлетико го кажува она што го трубам ни се послаби ни се појаки од нас. Верувај пола од ова што го кажа е причина поради тоа што не си го гледал Јувентус сезонава. Али добро си кажа и самиот ти се можи да се деси многу зависи и Реал како ќе изигра и Јуве. Се на се ќе биде интересно. :)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Ја го немам гледано Јувентус од кога последен пат играа меѓу себе лани есента, така да не можам да кажам какви промени се случиле во играта, иако се сеќавам тврди утакмици беа и двата натпревари. Она што го видов од првата утакмица против Монако е лошиот финиш, и Видал и Тевез и Мората утињаа чисти шанси. Тука Атлетико ги има Гризман и Торес. За овој вториов не ми е воопшто јасно зошто не доби стартна позиција, на првиот меч кога влезе во 70 и некоја три чисти шанси имаше против Реал, тука се и утакмиците од купот кога уште у прва минута ни го збибери во двете полувремиња, а Гризман не знам од кои причини го извади уште во 60 та минута. Така да тоа што Атлетико не личеше на себе овој пат против Реал се должи на некои нерационални одлуки на Симеоне и можеби физичкиот замор на тимот, пошто јас немам видено екипа да игра толку силен пресинг цели 90 минути против Реал ко што тоа го прави Атлетико, со страст играат против нас. Тука значи слободно можам да кажам се класа над вас. Втора ствар е што Атлетико е можеби единствениот тим на планетава кој што игра совршена одбрана без грешка, па дури и голов што го примија не беше по грешка туку ко резултат на индивидуалните способности на Роналдо и Хамес и присебноста на Чичарито. Ко факт можеш да ја земеш прошла сезона кога играа 6 утакмици со Барса од кои 5 завршија нерешено и една со нивна победа, вклучувајќи ја тука и утакмицата која одлучуваше за титула и која се играше на Камп Ноу.
Значи не викам дека Атлетико се подобар тим и дека вие немате шанси против Реал, напротив се може да се деси, а многу зависи и од тоа како Реал ќе изигра, туку ги истакнувам сегментите од играта кои ги имаат усовршено до перфекција. Еве ти изјава на Анчелоти http://futbol.as.com/futbol/2015/04/24/champions/1429880377_633561.html
кај што кажува треба да играме против Јувентус идентично ко против Атлетико, значи можно е да искочи со 4 - 4 - 2 и да игра Реал стрпливо и да чека на ваша грешка. Бар сезонава мислам дека тоа го научија после бројните порази и нерешени со Атлети.
Баш овие тројца што ги спомна(Видал, Тевез, Мората) после натпреварот се дозна дека уствари фатиле некој вирус ден пред утакмицата и повраќале, едвај биле спремни за утакмицата.
Мислам дека има и видео од Мората како повраќа и после утакмицата.

Сите бевме изненадени зошто изиграа толку лошо(посебно Тевез и Мората), ајде Видал придонесуваше и во дефанзива колку толку, ама кога се откри после утакмицата јасно беше. :)
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
Да бидам искрен у последно време почнаа да ми се свиѓаат двете најомразени екипи, Јуве и Барса. Не знам што ми се дешава ама дефинитивно треба на егзорцист да отидам, не ќе да е на арно ова.
:popce::popce::popce::popce:
Како да не ти се свиѓаат кога екипата ти е мртва само што не почнале веспи да фрлаат на трибини:D
 
R

red.devil

Гостин
Јувентус можеби игра напаѓачки фудбал во Сериа А, ама во ЛШ игра на полу-контри. Сите битни мечеви сезонава во ЛШ им отстапуваа посед на противниците. И ако некој мисли дека ќе изиграат поразлично со Реал од Атлетико нека не се лаже. Ќе формираат два реда одбрана и ќе си ја чекаат шансата на полу-контри, контри.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.215
Поени од реакции
2.059
Кога ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш и на маштеницата. Така би ги опишал фановиве на Реал од ова до сега што го прочитав. Баш сум позитивно изненаден што нè уважуваат (y)
Интераши огледајте се на нив, знаат да препознаат квалитет, ценат и респектираат...ама знам дека и вие сте како нив, само од инат зборите :kezec:

Тежок че да буде рат.... али ќе уживам, дуелите со Реал ги засакав и би сакал да ја осетам таа радост и среќа од 2003-та....
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Судејќи според моменталната форма дуелот помеѓу Баерн и Барса е финале пред финалето.Дефинитивно ова е дуел на двете најдобри екипи во овој момент.Тука од големо значење ќе биде тактичкото надмудрување на двајцата тренери, но и тоа дали Баерн на овој дуел ќе ги има на располагање стандардните првотимци кои веќе подолго време се надвор од терените заради повреда.Можеби грешам, но мое мислење е дека комплетен Баерн оваа сезона нема теоретски шанси да загуби двомеч или евентуално финале против било кој противник.

Дуелот помеѓу Реал и Јуве очекувам исто така да биде доста изедначен.Тоа што пред ждрепката Реал го сакаше Јуве за противник и обратно што Јуве го сакаше Реал за противник не е случајно.Свесни беа и двете екипи дека полесниот пат за да стигнат до финалето е нивен меѓусебен дуел.Реал со моменталната форма и повредени Модиќ и Бале + Роналдо со пад во формата тешко е да се поверува дека би излегол на крај со Барса или Баерн кои што се права машинерија оваа сезона.Имаа и доста среќа оваа година со ждрепката за групата каде што добија еден мизерен Ливерпул,просечен Базел и подпросечен Лудогорец па од таму и лесно се прошетаа низ групната фаза.Во 1/8финалето со Шалке на хартија добија лесен противник, но на терен малку фалеше целата работа да тргне наопаку за нив.Во 1/4 финалето веќе играа со сериозен противник и тука покажаа дека се екипа спремна за високи дострели и оваа сезона.Јуве исто како и Реал доби лесна група, но за разлика од Реал они се пласираа во наредната фаза со +1 бод во однос на третиот - Олимпијакос.Во 1/8финалето го добија ‘‘распаднатиот‘‘ Дортмунд на кога буквално му ја скршија главата, а во 1/4 финалето со судни маки и неколку дискутабилни ситуации во двете утакмици успеаа со вкупни 1:0 да го поминат Монако кој што реално за европски услови е просечна екипа.Дуел со Реал за Јуве ќе биде дуел на кој што ќе мора да докажат дека не се случајно во 1/2финалето и дека се екипа која што стварно вреди.Во евентуално финале со Барса или Реал би биле аутсајдери судејќи по составот, но доколку некој може да изненади една од тие две екипи во финале сметам дека тоа е екипата на Јувентус.
 
Последно уредено:

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Полуфинале никад неможеш да знаеш кој иде даље,и пред некоја година сите бевме убедени како тоа Реал Барса финале ќе играле па на крај Дортмунд Баерн беше финалето.
Според мене.
Барса-Баерн 50-50
Реал-Јуве 60-40
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.307
Поени од реакции
10.320
Тоа е тоа.Една од гнасните екипи ќе испадне у полуфинале.Мојата желба за ждрепката е задоволена.Би сакал тоа да биде Баерн пошо тоа копилето на клупа што го имаат е одвратно.Мислам дека покрај луѓето што навиваат за Барса , и ради него го замрзев клубот.Е сеа сумљиво е за кој ќе се навива у другиов меч, само ради тоа што од увек сум поштуел послаби екипи што догурале подалеку.Ама...Здравје Радово
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ништо не е сигурно, освен тоа дека браќата по Пеп-ска линија ќе се поделат на две страни :D
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Најнепосакуваната ждрепка Барса-Баерн,бидна. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom