UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Не се нервирај де, ќе игра Наполи со Баерн, па ќе го пренесуваат.

Не бе,не ми е за тоа.Зашто да ја пренесуваат таа утакмица,ако има поинтересна во тој момент.Реално Наполи-Баерн не е ништо посебна утакмица...

Али добро...
 
Не бе,не ми е за тоа.Зашто да ја пренесуваат таа утакмица,ако има поинтересна во тој момент.Реално Наполи-Баерн не е ништо посебна утакмица...
Али добро...
Која според тебе требаше да се пренесува?
Секогаш ќе има несогласувања околу преносите, тоа што немаат навивачи екипите на Сити и Наполи во Македонија, не го прај натпреварот помалце атрактивен од другите.
И ај темата е за Лига на шампиони, а не за исправање криви дрини за Канал 5, ако не, на темата да си се префрлиме и да критикуваме. :D
 
Изгледа сега ја погодив темава..

Челси најискусен, Милан најстар, Барса најнизок тим



Утре започнува новата сезона на Лигата на шампиони во која ќе настапат фудбалери од 68 различни држави. Погледнете уште неколку интересни статистики.

Анализата на сите 32 тима кои ќе настапат во Лигата на шампиони, покажува дека Милан има најстар тим. Просечната возраст на фудбалерите на Милан пријавени за настапите во најелитното европско натпреварување е 29,69 години. Следат кипарскиот тим на АПОЕЛ од Никозија со 28,57 и Интер со 28,04 години.
Најмлади се тимовите на Ајакс со 23,61 години, Лион - 24,01 и Генк со просечна возраст од 24,04 години.
Највисок е составот на Баер Леверкузен со просечна висина од 185,58 сантиметри, втори се Челси со 184,67, а трет највисок е тимот на Борусија Дортмунд со 183,92 сантиметри.
Најнизок тим има Барселона (178,53 сантиметри), следат Виљареал (179) и Лил (179,79).
Најискусен е составот на Челси со тоа што секој играч во просек има одиграно по 35,17 натпревари во Лигата на шампиони. Втор најискусен е тимот на Милан (33,76), а трета е Барселона со 28,06 просечно одиграни натпревари по играч.
Најнеискусни се тимовите на Викториа Плзен (0,17 натпревари по играч), Отелул Галати (0,2) и Борусија Дортмунд (0,96).
Најконстантен е тимот на ЦСКА Москва, односно играчите на овој тим се членови на клубот во просек по 3,76 години. Следат Челси со 3,52 и Манчестер Јунајтед со 3,42 години, а најнеконстантни се тимовите на Олимпијакос (0,9), Бенфика (1,23) и Генк (1,35).
Најмногу фудбалери во Лигата на шампиони има од Шпанија - 81, следи Франција со 77 и Бразил со 69 играчи.
 
Најатрактивен не е. Ама секако дека после Виљареал-Баерн е најинтересен, но во нивната одлука влијае Пандев кој ќе грее клупа. Играат екипи од прв и втор шешир, неможе Сити-Наполи да оди пред нив. Но тоа е тоа, одлуката е нивна и далеку од тоа дека ќе биде лош дуел за гледање. И Манчестер Сити и Наполи се супер екипи. Само што заебан е фактот шо и Динамо игра во среда, така да отпаѓа и ХРТ2. Така да ќе мора да се надеваме на некој друг канал евентуално, или да се препуштиме на најглупите начини на гледање натпревар. У кладилница или на компјутер. (n)
A oд кога шеширите одлучувале, па Интер беа во втор кога освоија тројна круна на пример, Сити се во трет само зашто ова им е прво учество во ЛШ после низа години и не се шампиони на Англија, ама летово направија страшен тим кој сезоната во Англија ја отвори у шампионски стил во пакет со Јунајтед.

Наполи поради истата причина се ставени во четврти шешир што не значи дека се екипа од рангот на Бате Борисов, имаат низа фудбалери кои секој гигант во Европа би ги сакал во свои редови, еве ја ко неутрален гледач на оваа група, повеќе би сакал да ги гледам Сити и Наполи, така да не може да давате некое '' генрално прифатено мислење '' дека тука 5ка направиле грешка зашто според мене не утнале со изборот за пренос.

Ќе има такви кои ќе се согласат со мене и кои нема да се соглсат, многу јасно, ама не е како што вие тука прикажувате, дека 90% од луѓево ќе сакаат Виљареал и Баерн да ги гледаат, башка и поради Пандев ќе им се залепат плус гледачи ко и увек, цела Струмица си ја имаат пред екран, иако пак ќе кажам, и да не беше Пандев тука, ја лично тој дуел ќе сакав да го гледам.
 
Абе јасно ми е дека има различни ставови, и дека ти сакаш Наполи да ги гледаш као атрактивна италијанска екипа со големи очекувања сезонава, као шо јас сакам Дортмунд-Арсенал да ги гледам у вторник.

За шеширите донегде си во право, бидејќи и Сити и Наполи заслужуваат шешир погоре, но се знае која е најатрактивна и најдобра екипа во групата и реално е таа да иде пренос.

Секако тие ќе си ги распределат преносите од групава на смртта и Баерн ќе иде пренос со Наполи и Сити, па затоа i am not over reacting и сигурен сум дека неутралните навивачи ќе уживаат во Сити-Наполи исто.
 
За шеширите донегде си во право, бидејќи и Сити и Наполи заслужуваат шешир погоре, но се знае која е најатрактивна и најдобра екипа во групата и реално е таа да иде пренос.

како може да заслужуваат шешир погоре кога не играле ЛШ од кој знае кога :icon_lol:, Сити можеби никогаш
 
Баерн како и да е ќе ги гледате со Наполи и Сити, е тогаш и мене не би ми одговарало да не ги даваат зашто и на двата дуели ( 4 се на се дома-гости ) би требало да паѓа супер фудбал.
Исто и Наполи и Сити не треба да ги имаат во предвид за пренос кога ќе играат со Виљареал.

п.с. Мајндфак група е како и да е, зависи и од значењето на дуелите, може во последно коло се ќе се одлучува, ќе видиме.
 
Не ви се мешам гледајте кого сакате...али за во мај терминот е резервиран за...

Mourinho%20Napoleon_62_port_destacada_peq.jpg

:pos:
 
Животот е поубав кога има ЛШ. Супер утакмица за отварање на годинешниов циркус. :)
 
И јас како неутрален би сакал да ја гледам Наполи со Сити повеќе од Баерн со Виљареал, пред се зашто овие последниве што ги спомнав за мене се многу слаб тим и воопшто не сакам да ги гледам, Баерн - Сити ќе биде одлична утакмица, исто и Баерн со Наполи. Само Виљареал да не ги пренесуваат :)
 
Виљареал можит се неатрактивен тим, но далеку се од слаб, Појаки се секако од било која екипа во вашата група бене.(oсвен вас):ROFLMAO:
 
Гледајте фудбал денеска бе, шо сте запнале за утре. Сити, Наполи, Дрн дрн јариња... Утре се гледа кошарка. :P
 
Виљареал можит се неатрактивен тим, но далеку се од слаб, Појаки се секако од било која екипа во вашата група бене.(oсвен вас):ROFLMAO:
Тебе највеќе те боли што даваат италијански тим пред германски, а особено што е Баерн :pos:

:ROFLMAO:
 
Што збориш бре?!?!

Добар почеток за Милан!
Ах бе Барса бре....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom