UEFA Champions League 2010-2011

Кој ќе ја освои Лигата на Шампионите?


  • Вкупно гласачи
    171
  • Гласањето е завршено на .

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Он сака да ти каже дека слабо дербиња у 1/4 финале, а ти треба да напраеш пауза , да запалиш цигара една и да не скокаш одма.
он не го разбира фидбалот,веројатно големите имиња за него(а можеби и за тебе)се репрезенти на квалитетни утакмици...шахтјор сите видовме какви квалитети има,тетенхем исто.Па каде гелдате дека ждрепката не била во ред?:toe:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.452
Поени од реакции
5.420
Се согласувам!Требаше Јуве - Милан да паднат :icon_lol:
Оние коа играле ти кј си бил :icon_lol:
сите се интересни дуели,секој кој што стигнал толку далеку во лигата по дифолт е квалеитетен тим...ти бе кај живејш?
шо му е на селаните бе брааатттттттт?????
да бе, Шахтар стигна исто колку и Барса, и тоа тимот го прае исто квалитетен а?

уште прв натпревар ќе ги напунат -.-
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.056
Поени од реакции
12.536
Оние коа играле ти кј си бил :icon_lol:

да бе, Шахтар стигна исто колку и Барса, и тоа тимот го прае исто квалитетен а?

уште прв натпревар ќе ги напунат -.-
Заборави да ме "искинеш" со 7-те титули :pipi:
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
во право е миланез
само што доколку имаше убави утакмици сеа полуфиналето ќе имаше некоја од овие 3 послаби тима
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
он не го разбира фидбалот,веројатно големите имиња за него(а можеби и за тебе)се репрезенти на квалитетни утакмици...шахтјор сите видовме какви квалитети има,тетенхем исто.Па каде гелдате дека ждрепката не била во ред?:toe:
Ти гледаше Шахтар како играше дома против Рома ? како ги дадоа голојте ? Рома можеше 10 гола да им пикне, имаја среќа Шахтар само, тој голманот се здодиве таа утакмица.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Абе поарно сега тапа дуели, па во 1/2 финале да уживаме отколку обратно да беше па човек да незнае сега која утакмица попрво да ја гледа.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
да бе, Шахтар стигна исто колку и Барса, и тоа тимот го прае исто квалитетен а?

уште прв натпревар ќе ги напунат -.-
:music1:

Ти гледаше Шахтар како играше дома против Рома ? како ги дадоа голојте ? Рома можеше 10 гола да им пикне, имаја среќа Шахтар само, тој голманот се здодиве таа утакмица.
:music1:
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.103
Поени од реакции
9.698
Реал/Барса - Челзи финале
Онака.....мислам дека Анчелоти > Фергусон
За Реал и Барса нема потреба да објаснувам нити за Интер - што се однесува до 1/4 финалињата
А пак за 1/2 Реал-Барса не типувам а Интер-Челзи мислам дека ќе има одмазда
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.394
Поени од реакции
2.431
1.Реал - Тотенхем
2.Челзи - Ман Утд
3.Барса - Шахтјор
4.Интер - Шалке
 

Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Уф, уф, уф... Последниве три години на патот кон трофејот ни се испречуваат овие 3 екипи: Манчестер, Барселона и Интер! Оваа година во 1/4 финачето за противник го имаме Манчестер, а во евентуалното полуфинале можен противник ни е Интер, а во финалето е можно да биде Барселона! :) :) :) Е сега имаме интересна ситуација кој вели дека ниедна Лондонска екипа не успеала да ја освои ЛШ, а годинешново финале се игра токму во Лондон! Е оваа година за разлика од минатите, Челзи се наоѓа во очајна форма, но на мене и на сите фанови на Челзи ни останува да се надеваме дека ѕвездите конечно ќе бидат наклонети на наша страна и космичката правда ќе биде задоволена :) :) :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Добро е бе...баш оваа го сакав во полуфиналето да играат гигантите.Не дека нема можност некоја од големите екипи да падне од овие помалите но сепак шансите се повеќе да гледаме мега дуели во полуфиналето.

Ќе биде интересно помеѓу Манчестер и Челзи.Лондончани не се во добра форма но во ваквите дуели не зависи многу од формата.Ќе биде пеколно интересно :) .

Интер не верувам да има поголеми проблеми против Шалке.Мислам се ќе решат на Џузепе Меаца.

Барса има незгоден противник,ако не ја решат работата во Барселона тогаш ќе биде многу тешко на гости,но сепак Барса си е Барса и очекувам да одиме во полуфиналето.

Реал има тежок противник,Ленон и Бејл ќе им направат голем проблем,посебно по таа лева страна на Реал каде што игра Марсело кој е многу офанзивен и ќе има голем простор за Ленон.Но Мурињо ќе ги реши сепак,па да гледаме Ел Класико во полуфиналето :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Лоша ждрепка, не ми се допаѓа...

Реално, Интер помина најдобро на ждрепкава, го доби најлесниот противник. Џабе Нојер, толку беше од Шалке сезонава. Барса ко по навика не добива големо име за противник, но Шахтјор... не знам... не ги отпишувам, имаат поголеми шанси да изненадат тие, отколку Шалке против Интер.
Реал доби навидум лесен противник, но само навидум. Од овие три дуели, Тотенхем има најголеми шанси да го елиминира фаворитот. Челзи - Манчестер, тоа веќе е англиска класика, ма да сеа типувам на Манчестер.

--- надополнето ---

1.Реал - Тотенхем
2.Челзи - Ман Утд
3.Барса - Шахтјор
4.Интер - Шалке
Вака нема шанси да испадне у полуфинале. Ќе видите дека ќе има изненадување, т.е. еден од Шалке, Тотенхем, Шахтјор ќе помине. :)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Барса ко по навика не добива големо име за противник

E како по навика не добивало големо име ? А што беше Арсенал ?Оваа година вие сте тие кои имаат голема среќа со ждрепките,Лион и Тотенхем....

Иначе интересна ждрепка,баш како што сакав,да нема многу дуели помеѓу гигантите,една е ама мораше тоа да се случи....Едно е сигурно дека ќе гледаме супер полуфиналиња...

Реал - Тотенхем , фаворит е Реал но лондочаните може да изненадат, брз фудбал играат (а Реал има проблеми со таква тактика ( Барса :) ) со брзи крила,високи топки и брзи контри...

Интер - Шалке ,ех колку среќници се овие,лани ЦСКА,годинава Баерн ( не се во форма ) и Шалке сега...Интер оди понатаму....

Челзи-Манчестер.....без комент,за мене Манчестер се само со 1% повеќе фаворити.....

Барса-Шахтор ,Ок стигнаа далеку украинците (бразилците),тактички потковани се но мислам дека доста му е,можеби ќе извадаат добар резултат дома но на гости немаат што да барат.....

1/2 :
Реал М - Барса
Интер - Манчестер
Финале : Барса - Манчестер ...и се надевам на Пујол пак кичмата ќе му боли од кревањето на големиот пехар ( не се љутејте де...:back: )
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Баш интересна ждрепка.Ќе биде пеколно (пред се на дуелот М.Јунатед-Челзи).Овде нема фаворити и нема слаби противници.Верувајте-Шахтјор,Шалке и Тотенхем не се воопшто наивни тимови(колку и да изгледа мало нивното име во ова натпреварување сепак имаат прекрасни состави кои можат со доволна борбеност и желба да им парираат на големите,од друга страна е нокаут фаза т.е 2 меча-мал пад на формата на големите и адиос).Затоа оставам простор за изненадувања кои мислам нема да изостанат.

Мој тип:

Ман.Јунајтед-Челзи(Челзи е во криза годинава,не изобилува нивната игра со убавина од друга страна нити М.Јунајтед е тоа што беше пред 2-3 сезони.Повеќе пресудна во ова натпреварување е одбраната од нападот.Мислам дека челзи како колектив има подобра дефанзива и затоа би рекол Челзи ќе го добие овој дуел)

Интер-Шалке (Шалке нема што да загуби,ќе оди на се или ништо.Интер е фаворит од друга страна има тешка работа во своето првенство каде што сеуште не ставил точка во борбата за титулата.Ќе биде интересно но сепак мислам дека Интер ќе биде тој што ке оди понатака заради нивната добра дефанзива и добриот индивидуален квалитет на одредени играчи како:Ето и Снајдер)

Реал Мадрид-Тотенхем(Многу неизвесен дуел.Реал ќе има многу тешка задача.Еве зошто: Хари Реднап е голем лисец,нема да турка со главата во зид.Јас сметам дека ќе игра дефанзивно и ќе чека на контри.Е тука е веќе проблемот,Реал има тешкотии со тимовите кои играат дефанзивен фудбал*Депортиво,Осасуна...-плус тоа Тотенхем поседува многу брзи крила и еден Јао Минг(Крауч) кој што непрестано ќе им задава проблеми на одбраната.Ќе биде и те како тешко.Победникот ќе се одлучи на првиот натпревар т.е доколку реал избори поволен резултат во првиот меч,тој ќе биде полуфиналистот.Мене некако ме влече дека тоа ќе биде тотенхем)

Барселона-Шахтјор(Многу тежок дуел за каталонците.Ќе биде многу неизвесно.Шахтјор е многу твд и агресивен тим.Знаат да се одбранат и да нападнат од контри.Ќе пресудат нијанси. Сепак Барселона е многу поискусна екипа во ова натрпреварување и има неверојатен колектив од играч.Сметам дека искуството во овој дуел ќе биде пресудно)

Поз
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Реал Мадрид-Тотенхем(Многу неизвесен дуел.Реал ќе има многу тешка задача.Еве зошто: Хари Реднап е голем лисец,нема да турка со главата во зид.Јас сметам дека ќе игра дефанзивно и ќе чека на контри.Е тука е веќе проблемот,Реал има тешкотии со тимовите кои играат дефанзивен фудбал*Депортиво,Осасуна...-плус тоа Тотенхем поседува многу брзи крила и еден Јао Минг(Крауч) кој што непрестано ќе им задава проблеми на одбраната.Ќе биде и те како тешко.Победникот ќе се одлучи на првиот натпревар т.е доколку реал избори поволен резултат во првиот меч,тој ќе биде полуфиналистот.Мене некако ме влече дека тоа ќе биде тотенхем)

Поз
Бреееј, Хари бил голем тактичар и затоа Тотенхем ќе пројделе. А Мурињо тикви сади у Мадрид.
Реал точно дека некогаш има проблеми со премногу затворени екипи (НЕКОГАШ), во главном тоа е кога на Реал не му иде, а не дека другите многу добро се бранеле. И други екипи играа ултра дефанзивно против Реал, па пиеја по 7-8 комада. Значи тезава ти нема логика.
Се зависи од Реал, од нивната игра. Ако изигра добро на првата утакмица пред своја публика (скорот на Бернабе годинава е 22 од 22, гол разлика 75:8), ако даде барем 2 гола без притоа да прими гол мислим дека џабе им е све во реваншот на Тотенхем.
А и не мислим дека Тотенхем ќе игра ултра дефанзивно на Бернабе, ќе игра позатворено ама едноставно стилот на англичаниве не е таков, да се бранат со сите 11. Така да ќе биде интересен дуелов у сваки случај, ама мислим дека Реал иде даље.

Иначе што и фали на ждрепкава? Што требаше у 1/4 финале да се истребат “фаворитите“ меѓу себе а да пројдат некој од овие “послабиве“? И после им следи дебакл на овие “послабиве“ у полуфинале и ајт создравје, титулата се знае кај кого иде.
Ждрепкава е супер, ако излезе според планираното полуфиналињата ќе бидат одлични, како и финалето (кој и да игра).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom