Германскиот фудбалски шампионат се врати на третата позиција на петгодишната листа на Европската куќа на фудбалот - УЕФА.
Како резултат на тоа, најсилната германска лига од сезоната 2012/2013 ќе има четири екипи во најелитното европско клупско натпреварување Лигата на Шампионите, за сметка на Серија А, која ќе има само три претставници во големото фудбалско друштво во Европа, односно еден тим помалку.
Така по 11 поминати години во кои имаше по три екипи во Лигата на Шампионите, Бундеслигата повторно се враќа на претходната позиција, додека најсилната италијанска лига оди чекор наназад.
Ваквите резултати од ранг-листата беа сосема очекувани, но сега веќе е сигурно дека тоа ќе биде така по победата на Баер Леверкузен од 2:0 над Металист Харков и елиминацијата на Наполи од Европа лигата.
Сега, дури и сите италијански состави кои моментално се натпреваруваат во осминафиналето од Лигата на Шампионите (Милан, Интер и Рома) да ги освојат преостанатите натпревари, не постојат реални шанси Серија А да ја престигне Бундеслигата.
Новостите нема да имаат одраз за наредната сезона во која италијанското првенство останува со четири екипи а германското со три. Но, од сезоната 2012/2013 од Бундеслигата дури три екипи ќе обезбедат директен пласман во Лигата на Шампионите а еден тим ќе се бори преку квалификации.
И
поените со апдејт по вчерашните натпревари.