Училишни униформи

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

Училишни униформи?

  • Вкупно гласачи
    40
  • Гласањето е завршено на .
Оти само ги купуваат, даваат пари му прават на некој промет и на крај никој не ги носи.
 
Офчар напиша:
униформирањето е чекор понапред во формирање на офчи менталитет. сите исти, ајдеее.. мее офчички, ајде движете, кај еден таму сите, исти да си личите, ко коњите ограничени..

ако сака некој гол нека иде у школо, негово право. лошо е кога од мали децата ги праат офци.

ај да воведеа лани некој нека ме натераше да облечам униформа..

Абе што збориш глупости, баш така се воспитуваат деца. Се знае што е школо а што улица. Еве јас на факултет носам униформа па што ми фали? Баш е супер сите да сме исто облечено така сите сме исти, а не некој што нема пари ќе доаѓа со една блуза 2 недели а некој секој сат ќе менува? Ама то е, нашиот балкански менталитет е таков.
 
walker_girl напиша:
Оти само ги купуваат, даваат пари му прават на некој промет и на крај никој не ги носи.
Па нормално дека треба да се купат од негде и со тоа ќе се направи промет на некому.

Сигурно нема да се синтетизираат од воздух и камења...

А ти од кај знаеш дека не се носат, или нема да се носат? Секаде каде што има униформи, сеуште се задолжителни.

Тоа беше се?
 
Абе има униформи ама не ги носат. Им стојат во чанти и во ќесиња колку да се каже дека се имало униформа а на час никој не седи со неа. Никој не почитува тоа дека е задолжително носење и ако не се почитува нема зошто ни да се воведува. Џабе е законот ако има дупки :)
 
KAko da ne u moe skolo ima uniformi i site si gi nosime :)
 
DuFFy напиша:
KAko da ne u moe skolo ima uniformi i site si gi nosime :)

Епа браво за вас, ама тука не е така. Како и да е во моето нема сеуште а и да има нема да има којзнае каков успех, во другите школи има па џабе, не се носат.
 
bibuska напиша:
а за шмизли со кратки маички и миничи има друг лек... нека им забранат така да се носат бе... нека ги бркаат од школо, нека им ставаат казни или нешто... не мора поради такви шмизли сите да страдаат...

Зошто шмизлите со миничи да ги бркаат од школо а ако го пробаат истото со металците, панкерите, даркерите.. тогаш е лошо? Ма што зборуваш...
 
walker_girl напиша:
Епа браво за вас, ама тука не е така. Како и да е во моето нема сеуште а и да има нема да има којзнае каков успех, во другите школи има па џабе, не се носат.
Е добро де, кажи барем каде не се носат, пошто очигледно не даваш примери од твоето школо. Кај е тоа „тука“?

Јас тврдам дека секаде кај што се воведени униформите во Македонија, секаде се задолжителни и се носат на настава.
 
Викет дека следнава година во гимназија ќе се воведени униформи во Охрид, и то различна боја за секоја година, за да не се мешале. Паметно, ама не ми се вервит дека ќе се остварит..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom