Секако дека екскурзииве не се со наставно-образовен карактер. Тоа е оправдано до некаде, но без да се претерува, значи одиме на екскурзија да видиме нешто ново, да се опуштиме, забавуваме и тоа е тоа. Но децава претеруваат, ги користат екскурзиите за да прават работи кои не можат дома, значи се носи алкохол во огромни количини (дури и до 2 литри водка по ученик кога се работи за неколкудневни екскурзии

), се носат и лесни дроги, се прават материјални штети и притоа воопшто не помислуваат дека можат да им предизвикаат навистина големи проблеми на професорите кои во случајот се одговорни (а нормално не се полицајци па да прават претрес кај секој ученик одделно и цела ноќ да одат од соба во соба

).
Проблемот веројатно е кај младите, барем поголемиот дел од вината. Но што да се превземе доколку некој ученик ги прекрши правилата ? Веќе стандардните казни не влијаат за подобрување во однесувањето, а некои ученици дури се горди кога ќе им намалат поведение и слично . . . а зарем е сето тоа потребно, па ученик во 1-ва година средно треба сам да е свесен за своите постапки и однесување.
Лично од мое искуство :
Екскурзијата низ Македонија од 8 одд. сеуште ми е во добро сеќавање пред се поради тоа што помина во најдобар ред, многу добро се забавувавме и сите беа примерни како за на екскурзија (еве и Ејсид ќе потврди

)
Во средно екскурзиите беа хаос, секогаш со некој инцидент (фрлање столици од тераса, кршење прозори, пијанчење, марихуана на кило . . .).
Сега на факултет имаме теренски екскурзии многу почесто, се оди на повеќе денови и дефинитивно имаат научно-образовен карактер. За ред и дисциплина не станува збор, се е на високо ниво, нормално дека дозволено е да носиме алкохол и сите пијат умерено. Сепак си поминуваме многу добро, неспоредливо со екскурзиите од основно и средно.