Зависи за кој предмет... И од професорите...
На пример физика никогаш не сум можела да научам... И секогаш сум учела на памет... Ама, па и не ми било гајле каква оценка сум добила зашто знам дека уствари појма си немам, и што оценка и да е, погоре од кец е супер

Значи, не учам (т.е. бубам) ни за оценка ни за знаење туку само колку да помине редот... И да не редам сеа примери... Се прилагодувам на ситуација...
Иначе битни ми се оценките, барем сега... Зашто ми требаат за запишување... И се нервирам за оценки

И некогаш и не ми е битно како сум ја добила... Како и да е, заслужна сум... Значи и да сум препишала значи дека знам да се снајдам

И тоа е добро понекогаш.... Ако сум научила е само еден поголем плус... А и сега ретко кој става оценки по знаење (односно ретко кој оценува реално, а тие што се такви сите ги мразат затоа што денес и ретко кој учи за да научи па се бунат после на послаба оценка (не дека и јас не спаѓам тука

)) и кој го цени знаењето и небубањето, така да....
Али на факултет ќе гледам да го научам тоа што го учам затоа што сепак тоа ќе ми треба после во работата и е за мое добро... Сега ретко кој бара диплома само... Сите бараат знаење... И ова со матурата е добра работа затоа што ќе поминуваат оние кои учеле за да научат, а не за оценка....