Учам за да добијам висока оценка или учам за да научам за мое добро?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Оценка или знаење?


  • Вкупно гласачи
    196

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Оценка или знаење? За што учите вие? Или пак додека сте биле ученици или студенти за што вие сте учеле?

Учите за да добиете добра оценка? Оценките ви се многу битни? Се нервирате и разочарувате кога ќе добиете ниска оценка, а се радувате на високите оценки. Не ви е битно дали на памет сте научиле, не ви е битно дали сте препишале, најдобро е што вие имате висока оценка и сведителството ќе ви биде полно со петки или индексот полн со 9ки и 10ки, а сеедно што не ги знаете предметите вистински.

Или пак воопшто не ви е битна оценката. Вие учите за свое добро, да го знаете она што ве интересира. Она што не ве интересира не го ни учите, небитно е каква оценка ќе имате. Важно сакате знаење, а оценките сами ќе дојдат по себе.

Па во која група спаѓате вие? На кој начин учите или сте учеле?
 
Iskreno ucam i za moe znaenje i za povisona ocenka.
Ucam za znaenje za utre negde da ne se posramotam a i ucam za povisoka ocenka da mozam da idam pogore i da naucam nesto novo.
:salut:
 
Предметите што ги сакам ги учам за знаење, а не за оценка во индекс. На пример се гордеам со осмицата по Политички Теории. Највеќе го учев предметот и иако немам 9ка или 10ка, сепак можам слободна да кажам дека имам највеќе имам знаење и едноставно се уште го обожавам предметот.

Предметите што не ги сакам ги учам само за да ги поминам и за да ја добијам таа оцена во индекс.

Во средно на пример: Историја и Англиски и Филозофија учев од мерак и за себе, а другите, за оценките ги учев.:)

Значи сума сумарум, она што го сакам го учам за знаење, тоа што не го сакам - за оцена.
 
Не спаѓав во ниту една група. Предметите што ме интересираа ги учев со задоволство, со љубов и вложував многу труд, а не ми беше толку важно каква оценка ќе добијам, но имаше и предмети кои едноставно не ги сакав (хемија, математика) имав тотална одбивност и или не учев воопшто или учев лекција за лекција за да ја добијам посакуваната оценка.
Не сум се оптоварувала со нешто што не ми е интересно, не сум си ја тупела главата да учам напамет (не ги сфаќам луѓето што учат така) затоа што знам дека нема никаква поента од таквото учење.

Сега на факултет речиси сите предмети ми се интересни па затоа немам никаков проблем, не е толку важна оценката колку што е важно тоа што ќе остане во главата за цел живот.
 
Не учам положувам:vozbud:

Види, некои работи се учат со мерак. Јбг, на правниов доста ретки ми се таквите ама некогаш се погаѓаат. А има некои што онака ќе ги провртиш колку да заминат.
Ја додуша, не си се замарам многу со оценките, иако се радувам на добра оценка.
Сега за сега сум добил од се по нешто, а и така ќе продолжи. Не ми ни треба просек. Што ќе ми е?
 
двете, зашо нема таква опција во анкетата?
 
За мое добро, за јас да научам.
Отсекогаш сум учел така, повеќе ме интересирало да прочитам нешто што ме интересира и да го научам отколку да се мачам со нешто глупо за мене и да научам за 5 за да ми стои во тефтерот таму.Како помал се нервирав ако некогаш добиев послаба оценка, не се мачев многу да учам ама добивав добри оценки.Сега гајле ми е, гледам да научам тоа шо сакам, а другите шо не ме интересираат ги терам онака без волја колку да поминам.Тоа и те како ми се гледа во сегашните оценки.Тоа што не ме интересира имам добиено тапа оценки, а тоа што го сакам ми се солидни.Ме нервираат оние гикови што учат само и сметаат дека се најдобри ако добиле 5 и набубале се.Што фајде од таа 5ка, кога по 2 недели нема појма шо учел.
 
За знаење...
- Никат не ми била важно оценката, а и плус кој гледам како се ставаат буквално по ,,лепота,, ама мене не ми е грижа за тоа и никат не сум се и грижел само исклучиво важно ми било знаењето за мое добро, можда ова и лошо е дека сеа треба да се запишуем на факс а немам никакви шансе да влезем во државна квота а пак можда имам појче знаење од тие што ќе бидат примени така, има доста примери во мојот клас а и насекаде некои кои учат само за оценка а пак неаам никакво знаење, но пак можда таквите луѓе ќе се запишат на факс и ќе завршат со добар просек и утре ќе се заработаат на добро место но проблемот доаѓа кој ќе ппочнат со работа и ќе се види колку знаење имаат, а пак и само за знаење да се учи и тоа не чини ќе не моеш да се запишеш на факс а и тешко да се заработаш, но пак ако се заработаш тогаш ќе се види вистинското вие и ќе усепете во животот...
- Но пак најдобро е да се најде некоја средина, иако е тешко ама пак не е невозможно...:)
 
Хм,учам првенствено за мене,не за оцената или за професорот. Нормално дека не ми е исто ако ми даде професорот 4,а сум научила за петка. Петките им се поважни на мојте дома,сепак,јас знам колку сум научила и за шо сум заслужила,а нив,и да им објаснам зошо имам 4 место петка,нема да им е јасно. Така да, оцените им се поважни на мојте дома,мене не :)
 
Мислам дека треба да се користи повеќе тоа второто, ја учам за знаење...
 
Учам за мене ,не за оценката.Но,не викам дека не е битна оценката.Посебно сега за упис на факултет нијанси решаваат,така да е важна,но сепак нема да ми е сеедно да знам ,а да ми стават 4:smir:
 
Мислам дека треба да се користи повеќе тоа второто, ја учам за знаење...

Треба да се користи тоа второто, да се учи за знаење.
Така и сите сакаме и велиме.

А мислам дека многу е голем бројот, дури и преголем број на оние кои учат само за оценка, на кои петките или десетките им се многу битни. Најбитни.

Али изгледа повеќе тука желби ќе се напишат (дека знаењето е најбитно и дека за тоа учат), а реално само бубаат повеќето.

Но не се криви учениците и студентите. Таков ни е системот, бубаторски. Повеќето професори уживаат да дерат на табла за 100 лекции. Не се трудат да те мотивираат да учиш за свое добро, да учиш квалитетно, а вистинки се учи се и сешто во огромни количини.
И многу се буба за да се добие добра оценка. А добрата оценка не значи знаење.
 
Мислам дека можеби требаше прашањето да се постави поинаку, зошто или не се сите искрени, или се погодиле сите паметни студенти на форумот, затоа што и според мене повеќе се учи за оценка во нашите факултети и универзитети.

Прашањето според мене би требало некако да се форимулира како:
Кога имате прашање на колоквиум или испит...

Дали го пишувате она што го пишува во книгата т.е. она што сака да го слушне професорот (дали пишувате за оценка)

или како одговор на тоа прашање, давате свое мислење и ризикувате професорот да го оцени тоа прашање како грешно одговорено.


Мислам дека свое мислење би требало веќе да имаат постипломците, затоа што веќе еднаш ја имаат поминато таа материја и имале можност да прочитаат нешто што е надвор од книгата на професорот, додека студент од 1ва или 2ра година не верувам дека може многу да ризикува и да го напише како одговор своето мислење во поглед на тоа прашање. Мислам дека помладите студенти, слепо се држат и одговораат точно онака како што е запишано во книгата, што се разбира не мора да биде точно. Се разбира има и исклучоци, но јас го пишувам ова од мое искуство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom