Убаво е кога Милена е стуткана до мене и прајме муабет.
Убаво е кога ќе се слушнам со Лана и Драгана. Убаво е кога ќе примам порака.
Убаво е кога се чувствувам убаво во својата кожа. Убаво е кога надвор има сонце.
Убаво е кога знаеш дека секогаш имаш некој покрај себе, некој кој иако не е присутен до мене, ми прави насмевка на лицето кога ќе се разбудам.
И да... Убаво е кога ќе изгледам убав филм.
И убаво е кога ги слушам Битлси.