Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
F

filmadzijka

Гостин
И покрај сите вицеви за русокосите, споредби на убавината интелигенцијата сo форма и содржина, денеска се погласно се промовира паролата дека Убавината не е површна и површинска.

Убавината оди подлабоко од тоа затоа што прави да се чувствуваме убаво.
Нашата убавината ни дава чувство на самодоверба која е неопходна за да се опстане во овој свет.

Сепак, не е секој роден убав, нели?
 
Извини молимте ама што везе има ова со психологија или филозофија ?
Темата ја обработува човековата самодоверба, а таа тема треба да се дискутира баш во овој подфорум (психологија).
На вистинско место си е темата, нека тече дискусијата и понатаму.
 
Извини молимте ама што везе има ова со психологија или филозофија ?

Па би требало да има врска.....Филмаџика сака да помуабети околу тоа како убавината влијае на психата на човекот.... Ако си убав ќе имаш повеќе самодоврба во себе.:wink:


....Ацид напишал додека да видам:)
 
~*~

И покрај сите вицеви за русокосите, споредби на убавината иинтелигенцијата си форма и содржина, денеска се погласно се промовира паролата дека Убавината не е површна и површинска.
Убавината оди подлабоко од тоа затоа што прави да се чувствуваме убаво. Нашата убавината ни дава чувство на самодоверба која е неопходна за да се опстане во овој свет.

Сепак, не е секој роден убав, нели?

Да, убаво е да си убав.
Само примеров со плавушите не одговараше баш баш ... ако една девојка е русокоса тоа не значи автоматски дека е убава.И не секој е роден убав, затоа се „масакрираме“ под хирушки нож.
Да имаш самодоверба поради својата убавина, тоа е неверојатна сила, затоа што пред се самодовербата е таа која ти влијае на сите животни полиња и делумно ти помага да си го креираш животот.
Да, да ... убаво е да си убав ... само ... тоа никогаш не гарантира среќа.
 
Тоа со „плавушите“ и мене ме зауми откако го напишав, ама помислив на сите карикатури каде дотичните се претставени високи, расни, со надуени цицки и усни и со тенка половинка. Никогаш кога ќе чујам виц за нив не сум замислила грда плавуша (може е до мене :toe: ).
Како и да е, го употребив како пример за стереотип.

За темата. За самодовербата.
Не мислев на апсолутна убавина (таква додуша и не постои) туку колку ти се чувствуваш убав.
Колку си свесен за своите адути, а не само за своите недостатоци.
Колку не те мрзи со хигиена и стил да ги ублажиш недостатоците.
 
Незнам дали е убаво да си убав. незнам за убавите...ама ние грдите имаме мака пошто сме како граѓани од втор ред во општеството.

Сепак, има една поговорка: Многу арно, не е на арно. Па јас би ја преформулирал во: Многу убаво, не е на убаво.
 
~*~

Тоа со „плавушите“ и мене ме зауми откако го напишав, помислив на сите карикатури каде дотичните се претставени високи, расни, со надуени цицки и усни и со тенка половинка. Никогаш кога ќе чујам виц за нив не сум замислила грда плавуша (може е до мене :toe: ).
Како и да е, го употребив како пример за стереотип.

За темата. За самодовербата.
Не мислев на апсолутна убавина (таква додуша и не постои) туку колку ти се чувствуваш убав.
Колку си свесен за своите адути, а не само за своите недостатоци.
Колку не те мрзи со хигиена и стил да ги ублажиш недостатоците.

Овде може да се дискутира и општо, не верувам дека постои жена која што не би направила скоро се за да добие поубав одраз во огледало, дури и да станува збор за Анџелина Џоли.
Јакне самодоверба, не дека не ... само, не е само тоа тикет за добар живот.:devojce 1:
 
Не е убаво да си убав.

:zver:
Хе-хе, сакаш контра?:duel:

Нема контра.
Зависи што сфаќаш под убав.
Да, понекогаш и грдото е убаво.
Ако добро го спакуваш, ти придодава на персоналити, па стануваш спешл.
 
Од фичо ферари не бива .... ама може и фичото да го засакаш , битно е што има под хауба :) .... карактерот де ..... шо ќе ми е мис универзум ако е проста ко точак !
 
Ге Го, нас не лажеш или сам се лажеш.
Да ти се пушти мис на светот, ма не мис на светот, мис на Прдејци, сигурно ќе и се дадеш. Ај сеа...

Туку, клучот е во тоа црното (да ти се пушти), а ке ти се пушти оти има самодоверба.

За тоа зборуваме.
 
Која будала би избегала од мис уневерзум :)

Па точно е дека лепотаните имаат поголема самодоберба , нема дилема тука .... иако некој не знае да искористи
 
Не секогаш убавите имаат многу самодоверба верувајте.
 
Колку што добро ни носи убавината, толку и лошо може да ни донесе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom