Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Се сложувам со тие кои кажаа дека надворешната убавина не е пресудна за самодовербата кај луѓето.
Моето мислење околу тоа оди вака некако ... убав човек кој е свесен за тоа и кој постојано е опкружен со комплименти, со тек на време почнува да се опседнува со тоа и да мисли како убавината може да му ги отвори сите врати, па уназадува со својот труд да се надгради себе си психички, надградувајќи ја физичката убавина.
Понеубав човек (навредливо ми звучи да кажам грд, а и јасно е дека убавината е релативна), кој не е баш често забележуван од околината, се труди потсвесно да работи на неговиот карактер и образование, со што би се истакнал и би се здобил со внимание.
Човекот од првиот пример, кога ќе почне да губи од својата надворешна убавина се соочува со тешки проблеми почнувајќи од разочарувањето од себе, па до отфрлањето од другите, кои го почитувале, сакале или дружеле само за тоа. Според тоа, таквите луѓе имаат вештачка самодоверба која еден ден им паѓа на нула.
Човекот од вториот пример, кој започнува со никаква самодоверба, со тек на време, кога ќе се изгради внатрешно до некое завидно ниво, ја стекнува истата која му трае до крајот на животот. Таа самодоверба е вредна за почит. Таа самодоверба може да му донесе добро секому, бидејќи истата има основа. Таквите личности исто така повеќе се ценат ... ќе те придобијат засекогаш со нивната внатрешна убавина, бидејќи токму таа неможе никогаш да исчезне.
Неможе да негираме дека е чудно да видиш прејак/а дечко/девојка како научник или понеубав/а опкружен/а со 10 девојки/дечки во кафич, нали? Токму затоа, ова ми е некако погенерално гледање на работите, што апсолутно трпи исклучоци. Има убави луѓе кои се свесни за сето тоа, па се трудат да постигнат хармонија од две убавини, а има и такви кои не се баш убави, но се родиле како нарциси, имаат можеби расипани огледала, па со помислата дека се најубави постојано истото го наметнуваат на околината, покрај што немаат време да се изградат внатрешно. Ах, мислам дека овие вторите се полоши и од тој првиот пример.
Има многу варијанти, има ... најважно е секој да може да обрнува повеќе внимание на тоа што не се гледа од прв поглед ... само така светов би бил понаселен со убави луѓе.