Уапсен Радован Караџиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Attila
  • Време на започнување Време на започнување
ЦИА го штитела Караџиќ до 2000 година?

Радован Караџиќ, поранешен лидер на босанските Срби, обвинет за геноцид и воени злосторство, се до 2000 година бил под заштита на САД.
Заштита престанале откако ЦИА го пресретнала неговиот телефонски разговор, на основа чија содржина била очигледно дека ја води седницата на СДС, тврди соговорник на Блиц, близок до американските известувачки агенции.
Соговорникот на Блиц, тврди дека Ричард Холбрук лично му признал дека е склопен договор со Караџиќ, на основа на која САД барале од лидерот на СДС да се повлече од сите јавни функции во замена за заштита пред Хашкиот трибунал.
„Не сум сигурен дека воопшто постои пишан документ кој ова го потврдува, но имам признание од Холбрук за усмени гаранции дадени на Караџиќ од највисоко ниво на САД“, тврди соговорникот.
Одговарајќи на прашање што се случило во меѓувреме, како дошло до апсење на Караџиќ и кога тој договор престанал да важи, изворот рекол:
„Едноставно, во Америка полуделе кога сфатиле дека Караџиќ ги влече за нос. Во текот на 2000 година, кога се одржувале избори во БиХ, ЦИА дознала дека Караџиќ и понатаму од сенка го води СДС иако имал договор дека нема да се меша во политиката. Таа 2000 година во Бјелина е одржан собир на СДС, со кој лично раководел Караџиќ. Преку телефон давал упатства на членовите и раководството кога да сменат и кого да постават на која функција. Лично бил ангажиран во сите активности. Кога ЦИА го пресретнала телефонскиот разговор на Караџиќ и конечно сфатила дека цело време ги лаже, пробале да ја укинат СДС, на што остро се спротивставил тогашниот висок претставник на БиХ, Волфганг Петритч“.
Наводно Холбрук сакал уште една спогодба, но Американците и ЦИА ја повлекле неформалната заштита за Караџиќ.
 
На официјалниот сајт на Трибуналот го има четиристраното писмо што го напишал Караџич и кој планирал истото да го прочита пред судијата Алфонсо Орија,но,не му било дадено време, освен оние две минути да каже за нерегуларностите околу апсењето.
 
ке го ослободо нашиот државник Б.Ц:baeh:
 
Сега излегува на виделина дека и Хрватите го прателе движењето на Караџиќ преку некој Фатон Зеќири (алијас Мурат Мурати). Откако успшеале да дознаат точно каде е Караџиќ, тргнале да го апсат, но Американските администратори во Босна тогаш им јавиле да не превземаат ништо. Така и податоците кои ги имале за во судот во Хаг, не ги пратиле.

http://www.hizbih.info/index.php?option=com_content&task=view&id=609&Itemid=31


.
 
Некој во светов почна озбилно да се плаши од судењето на Караџиќ?....ќе го фати изгледа некоја непозната болест.
 
Почна да пее Караџиќ, гледате дека и ЦИА и други владини организации биле поврзани со неговото криење, а тие пак наводно нудеа 5 милиони долари за неговото апсење...Што ли се нема да се открие сега...Слушнав дека и на неговиот Лап Топ стоел документот што го потпишал со некој Американски Амбасадор или не знам што бил, дека му дале 600.000 евра за да се крие шест години и да се повлече од Политичката сцена...Барем така разбрав...
 
Вашингтон на 17 јуни 1996 година го испраќа Ричард Холбрук кај Слободан Милошевиќ, кој треба да издејствува повлекување на Караџиќ од политичкиот живот, но никако предавање на Хаг, пишува меѓу другото, во својата книга поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал



Aмерика и другите западни земји на сите можни начини настојуваа Радован Караџиќ да не биде уапсен и предаден на Хашкиот трибунал, а Медлин Олбрајт како можни локации за живот му ги нудеше Индија, Србија, Црна Гора, Јужна Африка, една од земјите на поранешниот Советски сојуз и Грција.

Тоа, како што пренесуваат западните медиуми, го пишува во својата книга „Мир и казна” поранешната портпаролка на Трибуналот Флоренс Артман.

Таа тврди дека Караџиќ ја одбил понудата на Олбрајт, но и оти со него првпат за условите за предавање на Хашкиот трибунал во име на САД во 1996 разговарал американскиот воен разузнавач Бил Стојбнер.

- Стојбнер му предлага на Караџиќ заштита и можност да се засолни во една од базите на НАТО, каде што би можел да ја подготви одбраната. За време на преговорите Американецот го повикува на Пале и претседателот на судот, Италијанецот Антонио Касезе, кој се среќава со Караџиќ и го убедува оти судот не е антисрпски - пишува Артман.

Таа натаму наведува дека Караџиќ се откажал од предавање, поради што Вашингтон на 17 јуни 1996 година го испраќа Ричард Холбрук кај Слободан Милошевиќ, кој треба да издејствува повлекување на Караџиќ од политичкиот живот, но никако предавање на Хаг.
Артман додава дека Караџиќ не сакал да се повлече и оти останал на Пале ризикувајќи неговата партија, СДС, да биде забранета.

- Најпосле се постигнува договор. Милошевиќ со хеликоптер го испраќа шефот на своите тајни служби Јовица Станишиќ на Пале да добие потпис од Караџиќ. Договорот предвидуваше Караџиќ целосно да исчезне од политичкиот живот, а во замена СДС ќе учествува на избори - наведува Артман.

Кога го доби конечниот текст на договорот, Холбрук изјави: „Добро, СДС оди на избори, а за Караџиќ Хаг веќе не постои”. Артман, за оваа, го цитира Алекса Буха, кој присуствувал на преговорите во Белград.

Таа тврди и дека Ратко Младиќ на 17 март во 1997 година ја напуштил БиХ, додека Караџиќ останал на Пале и давал интервјуа, што силно ги иритирало САД.

Медлин Олбрајт на 31 мај 1997 година се сретнува во Бања Лука со Билјана Плавшиќ и од неа бара да го убеди Караџиќ да ја напушти БиХ и да оди во далечен егзил, како алтернатива за процесот пред Хашкиот трибунал.

Караџиќ одби, пишува Артман во својата книга и натаму наведува дека некогашниот командант на НАТО за Европа Весли Кларк во летото 1997 година и рекол на тогашната обвинителка Луиз Арбур дека Караџиќ ако биде префрлен во Хаг ќе каже дека е постигнат договор во Дејтон со американскиот државен секретар Ворен Кристофер да не биде испорачан во Хаг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom