Иако темата беше Караџиќ, ќе ни простат модераторите...
Јас се гордеам со тоа што сум бил во таа војна... Затоа што јас дадов заклетва дека ќе ја бранам нашата татковина од надворешен и внатрешен непријател... Во овој случај беше внатрешен непријател... Стопати повеќе би сакал да беше некој надворешен непријател него ова што се случи но тоа е тоа... Приморан не сум бил од никого. Но да не се правам херој не сум се пријавил ни сам, туку едноставно каде одел мојот батаљон, тамо и јас... Тоа е доволно да си лојален...
И уште нешто... Гинеа Македонци не викам НЕ.! Но тоа е како зрно песок во однос како гинеа Срби... Ќе го спомнам и мојот најдобар другар, моја класа, Јелиќ Виктор од Сремска Митровица мека му е лесна земја... Многу беше храбар... А што знаевме сите по 19 години... Денес син ми се вика Виктор во негова чест...