Уапсен е актерот Кили

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Да многу интересен момент во случајов е дали имало таму и соодветна апаратура за изработка на маслото. Иако делови од растението можат и директно да се консумираат во исхраната директно или како додатоци во разни јадења, нејголемата концентрација од полезните канабиоди ја има во маслото.

...кога би произведувал за себе Кили (или било кој друг), со оглед дека се потребни навистина големи количини на канабис за мала милиметража на масло, нема ли да биде тоа еден долг процес помеѓу две шишенца, земајќи во предвид дека кога еднаш ќе ја набереш, треба да помине одредено време додека повторно порасне? Навистина ме интересира, ни малку иронично. Мислам, нели ќе треба повеќе од 80 саксии за да имаш на пример постојана залиха од маслото? Ај некој поупатен во раст и развиток на дрвово нека ме просветли...
Не сум многу упатен во ова, но од она општо знаење што го имам, постојан доток на суровина за масло значи постојано правење млади растенија за расад и како што возрасните растенија се „жнеат„ за преработување паралелно или поточно претходно се посадуваат нови растенија. Така со садење пред да се „ожнее„ една генерација најверојатно веќе се спрема следната генерација... значи групи од билки на различна возраст. Ваљда зависи од тоа колку масло излегува од една тура, и колку масло се користи за одреден временски период од страна на болниот.

Не се разбирам во земјоделство, посебно не од оваа гранка ( :)) но мислам дека доплнително ја усложнува работата тоа што канабис примероците се разликуваат по полот, а само женските растенија имаат употреблива концентрација на канабиоидни есенцијални масла. Од друга страна мора да има машки растенија за обезбедување на процесот на размножување и обезбедување на нов расад... и ова можеби го објаснува бројот на растенија (не на саксии, пошто на снимката дефинитивно нема ни пола од наведената бројка од 80 саксии).
 
Да бевме толку многу солидарни за други работи, животот ќе ни беше многу подобар. Пола нација (дегенерици) на нозе, за да се ослободи некој пафкач/дилер/одгледувач на марихуана. Проста раја... жално.

Повеќето од нив серат затоа се што wannabe cool исполитизирани хипстери. Да не беше Кили, т.е. некој анонимус, или близок со власта, збор немаше да се каже.
 
Се фаќаш за погрешни работи. Споредбата беше проста и едноставна со парацетамолот, и да не беше легален еве, не верувам дека некој ќе се дрзнеше да одгледува амеби и да екстрахира од нив.
Инаку конкретно за Кили, не е трошок само да ги купиш дрвцата и вентилаторите, онака и струјата се плаќа секој месец на пример. Како и да е, еве до сега сум имала можност да познавам двајца болни од рак, еден кој сеуште се бори и еден случај во борба со друга болест меѓутоа маслото е исто така како алтернативна можност за терапија. Ме чуди како сите се заинтересираа за купување на маслото а никој од нив за одгледување на марихуана.
Ако ја познаваат лековитата моќ на маслото од цветови од канабис (Rick Simpson Oil) и те како ќе се дрзнеа да го произведуваат, поготово затоа што немаш никаква гаранција дека маслото што би го купил преку интернет би било направено според методите на Рик Симпсон. (можеш да му правиш HPLC-MS анализа за да видиш процент на застапеност на канабиноидите, но по мене од лабораторииве во СК веднаш по добивањето на резултатите ќе те пријават за производство на нелегални супстанци и ќе го јадеш стапот...)

Ризикот мислам дека е поголем при купување на маслото, отколку сам да си го произведеш. Ова е гледано од: легален аспект, квалитативен аспект, економски аспект, али пред се од аспект на квалитетот - пошто сепак се работи за болести како: рак, алцхајмер, паркинсон, даунов синдром, псоријаза, депресија, мигрена, целебрална парализа итн итн..........

За легализација, со оглед дека Балканот е дувлото во Европа за производството на канабис за рекреативни цели, не верувам дека ќе се случи во скоро време. Нема да дозволат браќата бизнисот да им пропадне со легализација.

Додека пак за декриминализација на билката за медицински и индустриски цели верувам дека има простор и се надевам на истата за доброто на сите нас.
 
Да бевме толку многу солидарни за други работи, животот ќе ни беше многу подобар. Пола нација (дегенерици) на нозе, за да се ослободи некој пафкач/дилер/одгледувач на марихуана. Проста раја... жално.

Ех, некој да чита ќе помисли излегол народот на штрајк со глад. Тоа една група што има на фејсбук и слики што лупаат тинејџериве.
 
jset5c.jpg
 
Несакам на нероден Петко капа да му кројам,но власта ќе го убие Кили така што ќе му го продолзува притворот 6 месеци,а потоа ќе ги одлозуват седниците со цел да не мозе да си го земе лекот,а без него ќе умре.Целите се тие,ако размислиме подобро и поразумно ќе видиме дека тие 40 саксии што ги имал се ништо во споредба со неговиот зивот.Дали ќе смее да се брани од слобода како што му дозволија на синот на претседателот на собранието Велјановски кои беше фатен со кокаин ,ќе оставиме времето да казе инаку шансите Кили да излезе од затворот зив се минимални.
 
Несакам на нероден Петко капа да му кројам,но власта ќе го убие Кили така што ќе му го продолзува притворот 6 месеци,а потоа ќе ги одлозуват седниците со цел да не мозе да си го земе лекот,а без него ќе умре.Целите се тие,ако размислиме подобро и поразумно ќе видиме дека тие 40 саксии што ги имал се ништо во споредба со неговиот зивот.Дали ќе смее да се брани од слобода како што му дозволија на синот на претседателот на собранието Велјановски кои беше фатен со кокаин ,ќе оставиме времето да казе инаку шансите Кили да излезе од затворот зив се минимални.
Го пуштија во домашен притвор. Ти ојде теоријата.
 
Abe kakvo maslo od kanabis...ne me jebi sho bi rekol on!!
A u deveese i nekoja koa go uapsija u karposh karshi zooloshka koa ziveeshe so eden kup saksii na balkon?? I togashi od rak se lecheshe?? Abe ajde be...pred mene go mkljaa po skali dzandarite....maslo prael...svashta!!
 
Го пуштија во домашен притвор. Ти ојде теоријата.

Пак ќе влезе во затвор,односно ќе одговара кривично што значи пријателе теоријата ми е делумно помината,мозно е сепак да биде затворен,а со самото тоа и убиен.
 
Го гледав Македонска Сага филмот со него, паа ми текна на типчево. Што се случи? Да не се излекувал? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom