Twilight

Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Кхм. Беден превод.
„Проклетство,” промрморев јас кога работ од хартијата ми го пресече прстот. Го извлеков за да ја проверам повредата. Една капка крв протекуваше низ ситната исекотина.

Одеднаш, сè се случи многу брзо.

„Не!” извика Едвард... Збунета и зашеметена, го тргнав погледот од светло црвената крв која течеше од мојата рака и ги забележав разгорените очи на шесте, сега грабливи вампири.
I mean ... whats with that?
Ако некој не знае многу англиски, нека ги прочита на македонски.
Сепак вреди да се имаат прочитано, either way.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.721
Поени од реакции
19.876
Кхм. Беден превод.

I mean ... whats with that?
Ако некој не знае многу англиски, нека ги прочита на македонски.
Сепак вреди да се имаат прочитано, either way.

Ллелеле кој крш еј хаххахахаха, „низ ситната исекотина“ бе!
нека читаат мк кој неме ен.. јбга.

Дали пишува кој го правел преводот на книгата??? Ако знаеш плиз кажи ми?
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Колку лош превод цццццц... цела смисла ја губи на писателката, Стефани Мајер може е домаќинка ама каков опис има тоа е страшно нешто, ги ијам читано сите делови и преводов ми е смешен...
За твоја информација СМ е домаќинка и има опис како домаќинка, а со тоа се сложуваат многу луѓе што ги прочитале нејзините книги. Можеш слободно да разгледаш на странските форуми што мислат образованите жени од Америка кои се големи обожаватели на книгите (сигурно си слушнала за Twilight Moms). Сите се сложуваат дека книгата многу ја сакаат поради приказната, но и дека стилот на писателката е никаков и начинот на кој пишува е многу прост. Доказ за тоа е дека сите во светов ги прочитале книгите за неколку дена... што е смешно кога се работи за буквално повеќе од 1300 страници литература. Пробај да прочиташ нешто од сериозен и талентиран писател за толку кратко време... ако успееш, сигурна сум дека нема ама буквално ништо да разбереш. Затоа, немој да се правиш многу паметна и да критикуваш нешто што не си ни дорасната да го критикуваш. Не треба да очекуваш добар превод за лошо напишана книга, сепак преведувачите не се волшебници. Многу би сакала да видам како ти би ја превела задната страна од New Moon, и ова најсериозно ти го предложувам. Кога ќе обрнеш внимание на начинот на кој пишува СМ од тој аспект, ќе сфатиш дека таа жена воопшто нема талент за пишување и пишува со стил како на средношколец, само имала среќа што ја сонувала многу познатата "meadow scene" и ја развила во привлечна приказна. Но, се сомневам дека ќе биде граматички и литературно точно со оглед на тоа дека не знаеш како да напишеш еден обичен уличен говор (го издвоив со црвено во твојот цитат). И немој да се обидуваш да се правдаш, затоа што ќе биде залудно.

Кхм. Беден превод.

I mean ... whats with that?
Ако некој не знае многу англиски, нека ги прочита на македонски.
Сепак вреди да се имаат прочитано, either way.
New Yorker, ти фали апостроф.

Па ако гледам добро на постот со сликата... ке да е ТРИ?
Не ме фаќај за збор. :)
Си напишала к место ќ, и на мене не ми личи како да е печатна грешка туку незнаење. Мојот предлог важи и за тебе... преведи ја задната страна од New Moon, па тогаш ќе прифатам дека си дорасната да критикуваш. Само со вакво незнаење, не дај Боже ти да си ги преведувала книгите.

За разлика од вас, јас планирам да почекам и целосно да го видам преводот, а не да донесувам заклучоци врз основа на две реченици. Но, без разлика, мене овој превод ми се допаѓа и не би критикувала ништо во него и „низ ситната исекотина“ звучи убаво и македонски. Ако, на вас не ви се допаѓа како звучи нашиот јазик, не критикувајте преведувачи како тие да го смислиле. Тоа се можностите што ги нуди нашиот јазик и прифатете го тоа како факт. А, во овој конкретен случај тоа се можностите што ги нуди СМ со нејзиниот стил на пишување, што во комбинација со нашиот јазик не ви звучи воопшто убаво. Сега, читајќи го преводот се надевам дека можете да се ставите во чевлите на оние чиј мајчин јазик е англискиот, да сфатите како вистински звучи нејзиниот стил (а не само читајќи го на англиски, каде што 20 % од зборовите не сте ги ни слушнале и 50 % не ни знаете како да ги преведете на македонски и добивате впечаток како којзнае кој да го напишал и да го фалите до бесвест) и да си внесете во вашата глава дека СМ пишува на многу прост начин. Почнете да читате некои други книги на англиски, па можеби (јас се надевам) ќе сфатите за што ви зборувам. Ќе забележите дека "The Twilight Saga" се напишани како за деца. Затоа, размислете подобро пред да критикувате било што и размислете што е тоа што вие всушност го критикувате. Кога ќе ја прочитам книгата на македонски и ќе споредам дали е доследно на стилот на СМ и дали се добива истиот впечаток како кога ја читав книгата на англиски, ќе кажам дали преводот е добар, а сигурно нема како вас да почнам да го критикувам нашиот јазик и како тој звучи. Јас сум сигурна дека вие го критикувате звукот на нашиот јазик искажан со зборовите на СМ. Се надевам, дека ви влезе во глава дека вие всушност ја критикувате неа како писателка. А, ако вие успеете да направите подобар превод слободно направете го и јас ќе бидам првата што ќе ве пофали.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
^ Шо ти е тебе бе ало, да не те ангажирал некој на форумот лектор да бидеш? Тогаш посвети се, имаш уште околу милион постови за корекција...
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Otkako go gledav filmot Twilight, odvaj cekav da dojdam do knigite i da gi procitam. Se smetam za ljubitel na zanrot fantastika. Gi procitav prvite dve knigi, zavrsiv vcera. Vpecatoci - razocarana sum. Ne mi se dopaga stilot na akterkata, izgleda kako dete da gi pisuvalo. A na net citam deka prvite dve knigi se kade-kade poarni od vtorite, pa koga veke ne mi se dopadnale prvite, se plasam da sednam da gi citam vtorite da ne go zamrazam filmot.
Prvata kniga od serijalot, 80% e muabet megu Edvard i Bela, nisto ne se desava, znaci samo zdodeven muabet. Pa J. K. Rowling i Hari Poter imase stil, be! Ova - ne!
Nemojte da me napagate, ova e moeto mislenje.

Inaku, za onie koi odvaj cekaat da vidat sto se raboti vo New moon, mozete da go poglednete trailerov, mnogu e dobar:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.721
Поени од реакции
19.876
За твоја информација СМ е домаќинка и има опис како домаќинка, а со тоа се сложуваат многу луѓе што ги прочитале нејзините книги. Можеш слободно да разгледаш на странските форуми што мислат образованите жени од Америка кои се големи обожаватели на книгите (сигурно си слушнала за Twilight Moms). Сите се сложуваат дека книгата многу ја сакаат поради приказната, но и дека стилот на писателката е никаков и начинот на кој пишува е многу прост. Доказ за тоа е дека сите во светов ги прочитале книгите за неколку дена... што е смешно кога се работи за буквално повеќе од 1300 страници литература. Пробај да прочиташ нешто од сериозен и талентиран писател за толку кратко време... ако успееш, сигурна сум дека нема ама буквално ништо да разбереш. Затоа, немој да се правиш многу паметна и да критикуваш нешто што не си ни дорасната да го критикуваш. Не треба да очекуваш добар превод за лошо напишана книга, сепак преведувачите не се волшебници. Многу би сакала да видам како ти би ја превела задната страна од New Moon, и ова најсериозно ти го предложувам. Кога ќе обрнеш внимание на начинот на кој пишува СМ од тој аспект, ќе сфатиш дека таа жена воопшто нема талент за пишување и пишува со стил како на средношколец, само имала среќа што ја сонувала многу познатата "meadow scene" и ја развила во привлечна приказна. Но, се сомневам дека ќе биде граматички и литературно точно со оглед на тоа дека не знаеш како да напишеш еден обичен уличен говор (го издвоив со црвено во твојот цитат). И немој да се обидуваш да се правдаш, затоа што ќе биде залудно.

New Yorker, ти фали апостроф.

Си напишала к место ќ, и на мене не ми личи како да е печатна грешка туку незнаење. Мојот предлог важи и за тебе... преведи ја задната страна од New Moon, па тогаш ќе прифатам дека си дорасната да критикуваш. Само со вакво незнаење, не дај Боже ти да си ги преведувала книгите.

За разлика од вас, јас планирам да почекам и целосно да го видам преводот, а не да донесувам заклучоци врз основа на две реченици. Но, без разлика, мене овој превод ми се допаѓа и не би критикувала ништо во него и „низ ситната исекотина“ звучи убаво и македонски. Ако, на вас не ви се допаѓа како звучи нашиот јазик, не критикувајте преведувачи како тие да го смислиле. Тоа се можностите што ги нуди нашиот јазик и прифатете го тоа како факт. А, во овој конкретен случај тоа се можностите што ги нуди СМ со нејзиниот стил на пишување, што во комбинација со нашиот јазик не ви звучи воопшто убаво. Сега, читајќи го преводот се надевам дека можете да се ставите во чевлите на оние чиј мајчин јазик е англискиот, да сфатите како вистински звучи нејзиниот стил (а не само читајќи го на англиски, каде што 20 % од зборовите не сте ги ни слушнале и 50 % не ни знаете како да ги преведете на македонски и добивате впечаток како којзнае кој да го напишал и да го фалите до бесвест) и да си внесете во вашата глава дека СМ пишува на многу прост начин. Почнете да читате некои други книги на англиски, па можеби (јас се надевам) ќе сфатите за што ви зборувам. Ќе забележите дека "The Twilight Saga" се напишани како за деца. Затоа, размислете подобро пред да критикувате било што и размислете што е тоа што вие всушност го критикувате. Кога ќе ја прочитам книгата на македонски и ќе споредам дали е доследно на стилот на СМ и дали се добива истиот впечаток како кога ја читав книгата на англиски, ќе кажам дали преводот е добар, а сигурно нема како вас да почнам да го критикувам нашиот јазик и како тој звучи. Јас сум сигурна дека вие го критикувате звукот на нашиот јазик искажан со зборовите на СМ. Се надевам, дека ви влезе во глава дека вие всушност ја критикувате неа како писателка. А, ако вие успеете да направите подобар превод слободно направете го и јас ќе бидам првата што ќе ве пофали.

Ти си немаш престава со кого разговараш и немој да ми се обраќаш така пред да прашаш кој дава критика...

Второ ќерка ми да го прочита преводот ќе се смее, нејзините бајќи се подобро преведени него ова страшотијава...

Трето ти појма немаш колку литература има помнато низ мојте раце и очи од странска па и домашна

Ерик Ван Лус Бадер
Ладлам
Џек Лондон и да не набројувам ај кажи дека и овие се фриови
и без разлика што Стефани е домаќинка, и јас бев до пред една година, па поубаво ќе ја преведев книгата миљарда пати... страшно еј па уште се испоудира у гради како сум јас тоа сум можела да ти критикувам да ти донесам преведувачи што преведуваат страшна литература да прочиташ или земи хрватски превод на истава книга па дој на форум ќа прај ме муабет... ебаве тоа ... и уличниот говор, уф немој срце може да ме стрефи, абе можам да ја тужам за шит превод со сленг муабет ...!
 
Eka_88

bLuE bLoOd
Член од
1 јули 2009
Мислења
22
Поени од реакции
0
Колку лош превод цццццц... цела смисла ја губи на писателката, Стефани Мајер може е домаќинка ама каков опис има тоа е страшно нешто, ги ијам читано сите делови и преводов ми е смешен...
преводот е добар,барем за овој дел,не се карајте залудно,едноставно споредете англиски со македонски.

"Shoot," I muttered when the paper sliced my finger; I pulled it out to examine the damage.
A single drop of blood oozed from the tiny cut.
It all happened very quickly then.
"No!" Edward roared.

...Dazed and disoriented, I looked up from the bright red blood pulsing out of my arm–into the fevered eyes of the six suddenly ravenous vampires.

Повеќе неможам да коментирам за преводот на втората книга зошто ја немам прочитано.
Ама за преводот на првата ќе кажам дека е лош,и тоа нема толку многу да коментирам за стилот,колку што ќе ги прокоментирам грешките што се направени во книгата.Испуштани се по цели реченици;Не е јасно одделено кога разговараат,а кога размислуваат (со наводници се разбира,како што е и во оргиналот-што е мн збунувачки);Правени се и други ситни грешки коишто за некој што ја читал на англиски и знае на што се мисли не се страшни,но за некој што првпат ја чита се прилично збунувачки.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
преводот е добар,барем за овој дел,не се карајте залудно,едноставно споредете англиски со македонски.

"Shoot," I muttered when the paper sliced my finger; I pulled it out to examine the damage.
A single drop of blood oozed from the tiny cut.
It all happened very quickly then.
"No!" Edward roared.

...Dazed and disoriented, I looked up from the bright red blood pulsing out of my arm–into the fevered eyes of the six suddenly ravenous vampires.
.
Всушност не е ни за овој. Се губи смислата и идејата на писателот. Со ваков превод сосема различна слика се добива кога се чита македонскиот превод и англискиот оригинал. Поентата на книгата е да ни создаде слики, со овој превод, писателот е направен очаен уметник.

Јас вака би превел...

Само една капка се провлекуваше низ малата исекотина (или тенката рана или малата исеченица)

... Го свртев погледот од светлата (или јасната па дури и силната) црвена крв...

Проблем е токму тука, што буквално се преведени двата дела, без обрнување посебно внимание, механички. Првата реченица на македонски вели дека Едвард е навистина повреден и крвари, додека во ориганалот од тоа што видов можам да заклучам дека само една капка е истечена, но доволно за да ги привлече вампирите. Значи дијаметрално различна слика.
Додека втората реченица на македонски опишува боја на крвта, а во англиската верзија "bright" има функција да објасни дека на вампирите им привлекува внимание. Но bright во буквален превод е токму “светло“ па преведувачот си го напишал светло црвената бидејќи е побрзо и полесно. Така си создал репутација на лош преведувач кај оние кои се заинтересирани. Но повеќето читаат без да ги интересира каков е преводот, па тие и понатаму ќе си наоѓаат ангажмани бидејќи критичари не постојат да го оценат нивниот труд. Поправете ме ако грешам за последново.
 
Многу подобро е за читање него светло црвена...

Не треба буквално да се навлезе во преводот, мора да се долови мислата на оригиналот за да се доживее вистински, јас не се ни трудам да го прочитам македонскиот, од само неколку реченици се разочарав да не навлегуваме низ цела книга, односно книги...
 
Eka_88

bLuE bLoOd
Член од
1 јули 2009
Мислења
22
Поени од реакции
0
Всушност не е ни за овој. Се губи смислата и идејата на писателот. Со ваков превод сосема различна слика се добива кога се чита македонскиот превод и англискиот оригинал. Поентата на книгата е да ни создаде слики, со овој превод, писателот е направен очаен уметник.

Јас вака би превел...

Само една капка се провлекуваше низ малата исекотина (или тенката рана или малата исеченица)

... Го свртев погледот од светлата (или јасната па дури и силната) црвена крв...

Проблем е токму тука, што буквално се преведени двата дела, без обрнување посебно внимание, механички. Првата реченица на македонски вели дека Едвард е навистина повреден и крвари, додека во ориганалот од тоа што видов можам да заклучам дека само една капка е истечена, но доволно за да ги привлече вампирите. Значи дијаметрално различна слика.
Додека втората реченица на македонски опишува боја на крвта, а во англиската верзија "bright" има функција да објасни дека на вампирите им привлекува внимание. Но bright во буквален превод е токму “светло“ па преведувачот си го напишал светло црвената бидејќи е побрзо и полесно. Така си создал репутација на лош преведувач кај оние кои се заинтересирани. Но повеќето читаат без да ги интересира каков е преводот, па тие и понатаму ќе си наоѓаат ангажмани бидејќи критичари не постојат да го оценат нивниот труд. Поправете ме ако грешам за последново.
Јас мислам дека ситничарите,ситната исекотина/малата исекотина-многу мала разлика,стилски незабележлива.

Протекуваше/провлекуваше-исто така,дури и повеќе одговара како што е оригинално преведено-протекуваше-затоа што се работи за крв,а таа тече.

Додека за светло црвената крв се сложувам,глупост е,треба да биде јасно црвената крв. Ама нема врска воглавно за овој дел од текстот мислам дека ситничариме.

А за целата книга,сигурна сум дека нема да биде ситничарење и дека ќе има многу грешки,а стилот ќе "смрди",но добро сепак мора да бидеме реални дека писателката и нема некој многу добар стил,но воглавно за домаќинка воопшто не е лош,сега нормално неможеме да го споредуваме со стилот на светски реномирани писатели,но воглавно книгата е супер,колку пати и да ја читам на англиски не ми е здодевна, а на македонски еднаш земав да ја читам и неможев да ја дочитам,очигледниот заклучок ни е истиот,стилот и е уништен.

Овојпат дефинитивно заклучив повеќе да не купувам македонски преводи,ќе си се преориентирам повторно на англиски и српски.

Поздрав до сите фанови,сепак не треба да се расправаме за глупости,едноставно ќе ги игнорираме македонските преводи ... :back:
 
Јас не сум професионален преведувач, плус целиот тек на случувањето не го знам, но да се преведува е како да се пишува нова книга. Веројатно си во право за првата реченица, но се потрудив да одам во крајност за да доловам поента. :smir:

Сепак, не се сложувам со твојот последен предлог. Оние издавачки куќи како Матица, Три и слични кои се ориентирани главно и единствено кон профит и имаат послаби преводи, бидејќи своите преведувачи ги плаќаат малку а ги тераат преводот да биде завршен бргу. Исто така исклучиво бираат изданија кои се бестселери или едноставно моментално популарни или со бомбастични наслови.

Затоа јас и на една друга тема (бидејќи ова овде ми е офтопик) силно инсистирав книгите кои сака читачот ги купи да сврти на првата страница и да види чив е преводот. Потоа нека пролиста на интернет да најде кој е тој човек и какво резиме има. Ако нема ништо за него, постои форумот, некој мора да знае и да оцени како работи.
Во принцип, студентите или скоро дипломираните преведувачи се најефтини но и најнеквалитетни, а токму овие компании ги користат нив. Да не зборувам што сеуште функционира практиката да се преведува од српски како веќе преведен материјал, а тоа е вистински масакр. Подобро е Вест да земе човек да чита, барем ќе научи нешто од секси ќоше. :)
:helou:
 
хехехе :D

Се согласувам за тоа со преводот,тоа навистина се случува,но жалното е што тие издавачки куќи ваќе ги превеле тие книги и преводот е ужасен,па за нас нема друга алтернатива,освен српски преводи или англиски(барем за некои книги),а за другите книги што биле "посреќни" и се преведени од понормални издавачки куќи,може да се купат,ама воглавно сум малку сомничава и за нив...оргинал си е оргинал,може грешам,ама нема врска,поздрав :helou:
 
Член од
21 јули 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
филмот го гледав и веднаш ги симнав книгите да ги прочитам, ги завршив за една недела ... првата книга беше подобра од филмот..втората ми беше малку смотана, стварно не се дешава ништо посебно освен што Edward сака да се покаже голем фраер па решава да се убие а Bella изиграва глупости,одејќи неколку месеци како зомби меѓу луѓето, и на крај тука е и Jacob кој ме ненормално многу иритира - значи дефинитивно сум Team Edward. Третата книга беше добра , не да не, ама последната најмногу ми се допадна..стварно стилот е созреан на крајот.
Btw има уште една книга т.е. полу-книга..се вика Midnight Sun и е уствари иста како и Twilight ама од гледна точка на Edward само не е завршена до крај..само до 12 поглавје :nesum:. Иначе откако е напишана Twilight , Meyer ја напишала Forever Dawn [ не Braking Dawn ] ама у книгата имало многу хард кор секс и као не била пригодна за младата публика. Сега брзо изглезе и The Twilight Saga : The Official Guide, што као треба да им помогне на сите кои не ја разбрале тетралогијава да се снајдат...

ПС треба на 20 ноември да излезе New Moon филмот а Eclipse филмот е закажан за 10 јуни или јули 2010

ППС на кого не му се чита може и audio book да си даунлодира :smir:
ако може да ми дадеш линк да ги спуштам книгите.. =)

Ако сакаш на македонски, ќе почекаш.
Ако сакаш на англиски, во книжна форма, ќе одиш во Икона, чинам беше? Тоа ти е спроти МекДоналдс, ги има таму.
Ако сакаш на англиски, eBooks, прогуглај малку, ќе ги најдеш.
кај се наоѓа поточно Икона, и дали ги има сите делови?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom