TВ права за спортски настани

Светско во ракомет на Арена Спорт и на МРТВ. Најверојатно МРТВ ќе има одреден број на натпревари за пренесување според моја претпоставка околу 10-15, за разлика од арена каде мислам дека 80% од натпреварите ќе одат во пренос.

Овие од МРТ не се нормални.
Пуштаат форшпан дека ќе пренесуваат Светско првенство 2022 во фудбал уште сега. :(
Треба да се покријат и да не се појавуваат со смешни фалења, се фалеа дека во оваа тв сезона 2020/2021 ќе емитуваат натпревари од Сериа А и од Француско фудбалско првенство а скоро пола фудбалска сезона помина и не почнаа со преноси.

Кога го пуштаа МРТ 3 каналот се фалеа дека имаат големи планови за спортски преноси а на крај пренесуваат домашна одбојка и ракомет.

Џабе се изговори дека нема сега тв претплата за радиодифузна такса и дека МРТ се финансира од буџетот, еве Лига на шампиони со години не оди на МРТ, престанаа да пренесуваат Лига на шампиони во фудбал уште додека постоеше радиодифузна такса.
 
И што напраиа сеа?! Ќе има италијанци и лига шампиони а ќе нема енглези, шпанци и евролига баскет. Ебате тоа операторот за кур не го бива. Кој хоштаплеризам!

Се надевам дека Премиер Лига ќе оди на Арена ко шпанците, како што спомна членот погоре па нека си останат спортклуб со германија и евролига само. Тоа турска, грчка и по 2 утакмици од коло холандска лига не го рачунам. Исто така ќе биде срање ако мтв емитуваат само наша група на европско летово а се друго да оди на спорт клуб, што корисници на а1 очигледно ќе го немаат...

Да не знае некој кога им истекува договорот на СК со Премиер Лига?
 
Супер за Арените ама штета што барем до крај на сезоната не ги оставија СК каналите. Сега за ПЛ или Ла Лига морам да барам стримови. Вака на подолг рок може ќе испадне подобро од сега. Кога веќе мора да биде "или-или" подобро Арените со ЛШ, ЛЕ и Ла Лига отколку СК само со Премиер.

За Европското нели МТВ се фалеа дека ги откупиле правата?
 
Да, ќе оди на МТВ
 
Да не знае некој до кога ќе оди Вимблдон на СК? Исто важи и за Аустралијан опен на Еуроспорт. Има ли надеж дека можеби Арена ќе почне да пренесува тенис.
 
Да не знае некој до кога ќе оди Вимблдон на СК? Исто важи и за Аустралијан опен на Еуроспорт. Има ли надеж дека можеби Арена ќе почне да пренесува тенис.
тешко дека гренд слемови ќе одат на арена.
од тенис на арена во скоро време може некој турнир од 250 категорија.
 
Зошто едноставно А1 не може да ги има и Арена Спорт и Спорт Клуб туку мора да бира кој канали ќе ги емитува и дали Македонски Телеком тука замеша прсти и дозволи Арена Спорт да се емитуваат на А1 а за возврат да ги нема Спорт Клуб во нивната понуда бидејќи до скоро време Македонски Телеком имаше ексклузивни права врз Арена Спорт?
 
тешко дека гренд слемови ќе одат на арена.
од тенис на арена во скоро време може некој турнир од 250 категорија.
Бар Италијански куп да го земат, ете вечерва има интересен натпревар од Италијански куп на СК2.
 
тешко дека гренд слемови ќе одат на арена.
од тенис на арена во скоро време може некој турнир од 250 категорија.
Ништо чудно да се деси и тоа. Повеќе тенис да имаат Arena. Сите знаеме фирмите на Аrena Sport и Sport klub војна водат и се тепаат кој ќе земе нешто јако, ќе му го земе на едниот едниот спортски пренос или отвори уште спортски тв канали.
 
неможат сѐ да земат, а имаат пет канали :) колку и да се моќни.
Лесно е за отворање канали. Кога сакаат да рушат конкуренција се има да направат. Е такви игри се играат меѓу Телеком Србија и United Group Media SBB во Србија.
Автоматски споено мислење:

Pa imas sport gledaj ne se iskluceni do mart gi imas i sport klub
Февруари е краток месец што се вика додека си трепнал завршил :)
 
Не може така лесно од сезона во сезона да се менуваат сопствениците на правата за емитување на одреден спортски настан.

Кога се продаваат правата, тоа се прави во пакет од 3/4 години. Една (или неколку здружени) компанија ги откупува правата за тие години и потоа таа ги препродава тие права на други оператори.

Премиер лига има уште една сезона од стариот циклус (19/22). Единствено ако СК го нема откупено целиот пакет или доколку друг го има откупено за овој регион, па го препродава, може да дојде до промена.

За италијанското веројатно се само шпекулации, затоа што во овој момент уште не е решено кој ќе ги има правата за 21/24. Има неколку понуди и сега преговараат.

Значи, уште не се знае кој ќе ги има правата за италијанското на глобално ниво, па како може некој да знае дали ќе оди следната сезона на СК или Арена?
 
Не е ова секогаш точно, понекогаш им се дава предност на сопственикот на правата за одредена територија. Едноставно лигата сака да го задржи партнерството, па прво ќе ја разгледа понудата од одреден оператор /телевизија со кој имал веќе познато партнерство. Класичен пример за ова е случајот на Фокс Телевизија во САД и Фифа. Имено во 2015 година ФИФА и го продолжи договорот за емитување на светското првенство на уште едно. Тие имаа договор за светско 2022 и 2018, но им се продолжи и за 2026. Ова е многу битно бидејќи во 2018 се одлучи Светското да биде во САД, па така ФОКС ќе биде домашен бродкастер за тоа светско првенство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom