ТВ Нова

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.934
Поени од реакции
8.994
Возраст
35
Во регистарот на Авму е регистриран канал со име ТВ Нова. Засега се знае дека треба да почне со работа на 16.01. 2016 и ќе биде претежно информативна програма (исто како 24 вести)

http://i.imgur.com/Gf1a8Jk.png

Повеќе што најдов за телевизијава е ова засега
http://emagazin.mk/vesti/vest/13402?title=biznismenot-sead-kochan-ja-otvara-televizija-nova
 
Е па ај честито нова телевизија ама во буквална смисла на зборот. ТВ Нова доби дозвола за работа (на национално ниво). Е кога почнуваат и што ќе прикажуваат немам поим. Некој ако има некаква информација нека сподели. Се надевам дека конечно ќе добиеме една телевизија со свежи филмови, серии, едукативни емисии, дебатни емисии и тн.
 
Споено.

Воздржете од партиски муабет да не се тепаме!
 
Не видов дека има тема. Ако е информативен тогаш тапа.
 
Само да не биде како 24 вести . Ако е информативен дај боже да е нешто слично како N1, Aл Џезеера балканскиве канали со повеќе информативни емисии и добри репортажи. 24 вести некако во последно време тапа стана и врска си нема од информативен канал.

Туку приметив и во Гевгелија постои канал со исто име, дали тоа е дозволено така да биде?
 
Taa e ТВ Нова 12.
Телевизија Нова 12 (попозната како ТВ Нова или Канал 12) е прва приватна телевизија формирана во почетокот на 1992 година во Гевгелија. Првото име на телевизијата било Канал 12, а од 2004 година работи под името Нова 12.
 
Некој има нешто плус информации околу телевизијава ? Кога точно треба да започне со програма? Имаат ли веб сајт или фејсбук страна ?
 
Некој има нешто плус информации околу телевизијава ? Кога точно треба да започне со програма? Имаат ли веб сајт или фејсбук страна ?
na vip-ja pustija .no kolku sto gledam nema nekoja emisija...seto e nekako ,,,,,
 
na vip-ja pustija .no kolku sto gledam nema nekoja emisija...seto e nekako ,,,,,
Уште не е почната програма само тече некоја промо шпица, и текстуална вест на денот.

Јас барав на фејсбук и дали имаат некој сајт ама ништо не најдов.
 
само информативни нема отвараат, в Македонија едно информации што се споделуваат, за скршената штикла на некоја фолкерица и слични глупости. Треба филмски канал, не вакви глупости.
 
Така е, фалат специјализирани канали за филмови, серии, цртани.
 
Добро бре овие кога планираат да почнат со програма ? Ми здосади на секое вртење каналите кога и да застанам на овој канал едно исто вртат во круг. Џабе моментално зафаќа простор кај тв операториве каналов. Можеа место него да стават некој канал кој има програма.
 
Некаде на нет прочитав дека утре на 16ти ќе почнат, а веќе гледам дека има и некои нови промоа (за тоа што ќе прикажуваат).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom